Трамп ќе оди на отворањето на „Нотр Дам“ во Париз, покана има и Сиљановска


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе отпатува во Париз за да присуствува на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожар пред повеќе од пет години, што ќе биде негово прво патување во странство по победата на изборите.  Трамп ја пофали работата на францускиот претседател Емануел Макрон …

Трамп ќе оди на отворањето на „Нотр Дам“ во Париз, покана има и Сиљановска Read More »

Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари


Вашингтон – САД ќе и обезбедат на Украина воена помош за одбрана од руски напади во износ од 725 милиони долари, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Одлуката е донесена во контекст на напорите на тимот во заминување на претседателот Џо Бајден да ја зајакне позицијата на владата во Киев во војната за да се одбие …

Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари Read More »

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон


Лондон – Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон. Скулптури од Акропол биле земени од Атина од лордот Елгин во 19 век и оттогаш се наоѓаат во Британскиот музеј и покрај силната кампања за нивно враќање во Грција, …

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон Read More »

За церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз мобилизирани 6.000 полицајци и жандарми


Шест илјади француски полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторно отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија локалните власти. На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади. Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани „6.000 луѓе (полицајци, …

За церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз мобилизирани 6.000 полицајци и жандарми Read More »

Канарските острови со рекорден број пристигнувања на мигранти


Бројот мигранти кои стигнаа до бреговите на Канарските острови со несигурни пловни објекти од Западна Африка достигна апсолутен годишен рекорд од 41.425 пристигнувања меѓу 1 јануари и 30 ноември оваа година, објави шпанското Министерство за внатрешни работи. Седумте острови во близина на брегот на Атлантскиот Океан на северозападна Африка се борат да го апсорбираат бранот …

Канарските острови со рекорден број пристигнувања на мигранти Read More »

Грузијците пишуваат историја, власта ги напаѓа со водени топови (ВИДЕО)


Веќе три дена протести ја потресуваат Грузија по контроверзната одлука на владата да го откаже барањето за членство во Европската унија. Критичарите ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека следи авторитарни, проруски политики за одвраќање на Западот што ги загрозува надежите за одамна ветеното членство на Грузија во ЕУ. Протестите беа проследени со насилна полициска …

Грузијците пишуваат историја, власта ги напаѓа со водени топови (ВИДЕО) Read More »

Трамп им се закани на земјите во Брикс со 100 отсто тарифи


Доналд Трампим се закани на земјите членки на БРИКс дека ќе им ги зголеми царинските давачки за 100 отсто и дека можат да речат збогум на извозот во САД ако решат да создадат нивна валута и да го заменат доларот. „Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот додека ние стоиме …

Трамп им се закани на земјите во Брикс со 100 отсто тарифи Read More »

Путин го зголеми буџетот за армијата до рекордни размени


  Рускиот претседател Владимир Путин одобри рекорден буџет за одбрана, издвојувајќи неверојатна третина од вкупните трошоци на владата бидејќи војната во Украина ги троши ресурсите од двете страни по речиси три години. Буџетот за 2025 година, кој беше објавен во неделата, издвојува околу 126 милијарди долари  за националната одбрана – што е 32,5% од владините …

Путин го зголеми буџетот за армијата до рекордни размени Read More »

Грција се поблиску до враќање на статуите од Велика Британија


Грција и Британскиот музеј одржаа неколку приватни состаноци со надеж дека ќе постигнат договор за враќање на статуите од Партенон во Грција, извести Скај њуз. Приватни дискусии за потенцијалното враќање на мермерите од Партенон во Грција, наводно, имало меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, грчките официјални претставници и управителите на Британскиот музеј, вклучувајќи го и претседателот …

Грција се поблиску до враќање на статуите од Велика Британија Read More »

Холандија: Околу 18 милијарди евра годишно чини лекувањето на болестите предизвикани од загадениот воздух


Здравствениот систем на Холандија годишно издвојува околу 18 милијарди евра за лекување на болестите предизвикани од загадениот воздух, покажуваат резултатите од истражувањето на емисиите на 15 штетни материи. Како најголеми загадувачи во Холандија се посочува земјоделскиот сектор, особено сточарството. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што …

Холандија: Околу 18 милијарди евра годишно чини лекувањето на болестите предизвикани од загадениот воздух Read More »

Во Грузија уапсени над 200 демонстранти


Повеќе од 200 луѓе се приведени на синоќешните протести во главниот град на Грузија, Тбилиси поради владината одлука за суспензија на преговорите за членство во ЕУ. Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 244 демонстранти се приведени поради административни тужби, а тројца се уапсени поради кривични пријави. Додека лекарска помош побарале 113 полицајци, а тројца …

Во Грузија уапсени над 200 демонстранти Read More »

Социјалдемократите ги запреа крајните десничари на изборите во Романија


  Романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори во недела, спречувајќи го силниот бран на екстремната десница што сепак би можел да му го предаде претседателството на земјата на ултранационалист пријател на Москва. Во услови на неизвесност дали уставниот суд во понеделник ќе нареди повторување на првиот …

Социјалдемократите ги запреа крајните десничари на изборите во Романија Read More »

ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија


Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост во износ од 653 милиони евра, поради неспроведувањето на предвидените реформи.  Во соопштението на Европската комисија се посочува дека исплатата на овие средства е суспендирана на шест месеци, бидејќи Бугарија не ги исполнила …

ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија Read More »

Салвадор можеби седи на куп злато. Католичката црква не сака златото да се вади


Римокатоличката црква во неделата го повика претседателот на Ел Салвадор да не ја укинува забраната за ископување злато во таа земја, пренесува АП. Како што наведуваат, надбискупот Хозе Луис Ескобар Алас побарал од салвадорскиот претседател Најиб Букеле да не ја укинува забраната што е на сила од 2017 година. „Тоа ќе ја уништи оваа земја …

Салвадор можеби седи на куп злато. Католичката црква не сака златото да се вади Read More »

Бајден го помилува својот син Хантер


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење. Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако …

Бајден го помилува својот син Хантер Read More »

Трамп го номинираше таткото на неговиот зет Мајкл Булос за советник за Блискиот Исток


Вашингтон – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска го именува американско-либанскиот бизнисмен Масад Булос за советник за Блиски Исток. – Масад е добар преговарач и цврст поддржувач на мирот на Блискиот Исток. Тој ќе биде верен бранител на САД и нивните интереси, истакна Трамп. Булос е долгогодишен републиканец, кој се збогати со продажба на …

Трамп го номинираше таткото на неговиот зет Мајкл Булос за советник за Блискиот Исток Read More »

Големите компании во Грузија ги поддржаа демонстрантите и побараа да продолжат преговорите со ЕУ


  Двете најголеми банки во земјата, Банката на Грузија и ТБЦ банка, телекомуникациските оператори Магтиком и Силкнет, градежната компанија ОРБИ груп и најголемиот дилер за автомобили во земјата „Тегета“, се изјаснија против одлуката на владата да ја прекине европската интеграција и ги поддржаа демонстрантите. „Европската и евроатлантската иднина на Грузија е историски избор на апсолутното …

Големите компании во Грузија ги поддржаа демонстрантите и побараа да продолжат преговорите со ЕУ Read More »

Кремљ го смени командантот на руските трупи во Сирија


  Командантот на руските трупи во Сирија, генерал-полковник Сергеј Кисел, е сменет од функцијата откако милитантите го зазедоа градот Алепо, објави каналот „Рибар“ на Телеграм, кој е близок до Министерството за одбрана. „Тие велат дека командантот на групата трупи Кисел е отстранет. Неговото сегашно отстранување веројатно нема ништо да промени. Пристапот треба да се промени: …

Кремљ го смени командантот на руските трупи во Сирија Read More »

Социјалдемократите победија на изборите во Исланд


  Исландскиот Социјалдемократски сојуз од левиот центар стана најголемата партија на предвремените избори што ја соборија владејачката коалиција во последните седум години, покажа последното пребројување во неделата. Социјалдемократите добија 15 места во 63-члениот парламент со 20,8 отсто од гласовите, објави државната телевизија РУВ, со што лидерот на партијата Криструн Фростадотир е меѓу фаворитите за премиер. …

Социјалдемократите победија на изборите во Исланд Read More »

Новите лидери на ЕУ отидоа во Киев на првиот ден од функцијата да ја искажат поддршката


  Новите лидери на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, и шефицата за надворешна политика Каја калас, рано во неделата пристигнаа во Киев за симболично да ја изразат поддршка за Украина на нивниот прв ден на функцијата. Со нив беше и еврокомесарката за проширување , Марта Кос. „Дојдовме да дадеме јасна порака дека стоиме …

Новите лидери на ЕУ отидоа во Киев на првиот ден од функцијата да ја искажат поддршката Read More »