Втор ден затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна


 Аеродромот во Катанија, на островот Сицилија, е затворен поради облак од пепел од вулканот Етна, соопштија италијанските власти. Неколку десетици летови се откажани од вчера, вклучувајќи голем број меѓународни летови. Најактивниот вулкан во Европа исфрла пепел од неделата. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), облакот од пепел достигнал висина од четири километри. […]

Саботажи со цевки на 20-ина пруги го нарушија железничкиот сообраќај во Холандија


Железничкиот сообраќај во централна и северна Холандија утрово беше нарушен за време на шпицот откога на пругите намерно беа поставени цевки, соопшти менаџерот за инфратсруктура во „Прорејл“ (ProRail). Од утворо се пријавени 20-ина вакви случаи. Холандскиот радиодифузер НОС (NOS) објави снимки од долгите тенки цевки како се отстрануваат од пругите. „Во оваа фаза се чини дека […]

Австралија би можела да го следи примерот на Канада во однос на ЕУ


Австралија има разбирање за напорите на Канада да бара поблиски врски со ЕУ, бидејќи Отава се соочува со ескалација на трговскиот спор со САД. Откако „Волстрит џурнал“ објави дека Канада истражува статус на „придружна членка“ на ЕУ, премиерот Марк Карни во неделата појасни дека неговата нација бара „уникатен сојуз“ со блокот, а не полноправно членство. […]

Најмалку девет земји од Шенген-зоната го одложија целосното спроведување на системот EES


Најмалку девет земји од Шенген-зоната — вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија — во договор со Брисел го одложија целосното спроведување на биометриските проверки во рамките на новиот Европски систем за влез/излез (EES). Водечкиот систем за гранична контрола на ЕУ, кој претходно беше причина за многу гранични застои, беше […]

Долар дипломатија на Кушнер – има ли Трамп договорени бизнис зделки со Русија?


Можете да кажете многу за некого според тоа што неговите пријатели имаат да кажат за него. Размислете за Џаред Кушнер, четириесет и петгодишниот зет на Доналд Трамп. Автократиите од Заливот ѝ дадоа на фирмата за приватен капитал на Кушнер милијарди долари за управување, но еден негов пријател објасни дека, пред тоа, „Џаред никогаш не инвестирал  […]

Пораз на Трамп во Врховниот суд: Гласањето по пошта останува како што е


  Врховниот суд во понеделникот го отфрли барањето на претседателот Доналд Трамп за ограничување на гласањето по пошта за изборите на средината на мандатот, ставајќи крај на низата правни постапки во последен момент, додека гласањето веќе е во тек. Одлуката им овозможува на сојузните држави да продолжат со испраќање гласачки ливчиња по пошта според истите […]

Откако ќе ја освоеше Украина за една недела, Москва се заканува дека ќе ја избрише Варшава „за три дена“


Варшава ќе престане да постои за два до три дена доколку дојде до воен конфликт со Русија, порача долгогодишниот клучен, близок соработник на рускиот претседател и човекот од сенка, Николај Патрушев. Ова е директниот одговор од Москва на неодамнешните изјави на шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски за воената супериорност на НАТО над руските сили. […]

Петер Маѓар започна со укинување на анти-ЛГБТ законите воведени од Виктор Орбан


  Унгарската влада во понеделник поднесе предлог-закон до парламентот со кој ќе се укинат анти-ЛГБТ одредбите што ја забрануваат „промовирањето на хомосексуалноста“ меѓу лицата под 18 години, воведени од поранешната влада на Виктор Орбан. Владата на Орбан, која беше соборена на изборите во април по 16 години на власт, промовираше христијанско-конзервативна агенда, а во 2021 […]

Најголемите протести од падот на Асад: Сириските граѓани излегоа на улиците поради зголемувањето на цените на горивата


  Растот на цените на горивата во текот на викендот предизвика протести низ цела Сирија, во најголемите демонстрации во земјата од соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години. Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта, вклучувајќи го и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо, откако сириската влада ја зголеми […]

Европските пратеници денеска ќе расправаат за погребот на Ратко Младиќ во Србија


Стразбур – Европскиот парламент денеска ќе расправа за погребот на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина, како и за величањето на воените злосторства во Србија. Дебатата насловена „Погреб за Ратко Младиќ и глорификација на воените злосторства во Србија“ […]

Бил Гејтс: Поради отпорот кон вакцинацијата, искоренувањето на сипаниците повеќе не е остварлива цел


Вашингтон– Поради отпорот кон вакцинацијата во богатите земји, целосното искоренување на сипаниците како глобална закана за јавното здравје денес веќе не е остварливо, изјави Бил Гејтс. Коосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер истакна дека искоренувањето на таа смртоносна детска болест претходно било една од можните цели на неговата фондација, што се занимава со глобалното здравје и […]

Нови правила во Кина: На граѓаните може да им се забрани напуштање на земјата три години


Во Кина стапија на сила нови правила за патување, за кои некои експерти велат дека дополнително ќе ја зајакнат владината контрола врз граѓаните. Новите мерки им овозможуваат на граѓаните за кои се смета дека „наштетиле“ на националната безбедност или интересите на Кина додека се во странство, да им се забрани напуштање на земјата до три […]

Лагард. Европа мора да развие сопствена вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД или од Кина


 Европа мора да развие сопствена технологија за вештачка интелигенција и да изгради центри за податоци за да се одбрани од можноста да биде технолошки изолирана од САД или Кина. Тоа е пораката на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која истакна дека на континентот му се потребни сопствени ВИ-модели. Според неа, таквите модели мора […]

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата


Британец од северна Англија призна дека повеќе од две децении ја дрогирал и силувал својата сопруга во нивниот дом. Лицето кое е во шеесеттите години, ја призна вината непосредно пред почетокот на судењето пред Кралскиот суд во Манчестер. Неговото име не се објавува за да не се открие идентитетот на неговата сопруга која има право […]

Воени авиони на НАТО соборија дрон во воздушниот простор на Литванија, кој влегол од Белорусија


Вилнус – Воени авиони на НАТО соборија дрон во воздушниот простор на Литванија, соопшти рано утрово литванскиот претседател Гитанас Науседа. „Им благодарам на припадниците на нашите сојузници за нивната брза реакција“, напиша Науседа на Х. „Во момент кога Русија ја засилува својата агресија врз Украина, таквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион. Заедно […]

САД потврдија дека располагаат со оружени системи во орбитата


Вашингтон – САД имаат распоредено оружени системи во орбитата, соопштија американските Вселенски сили, со што за првпат јавно потврдија дека располагаат со воени капацитети во вселената. „САД располагаат со оружени системи за контрола на вселената во орбитата, способни да ги заштитат обединетите вооружени сили од непријателски дејствија на противниците“, изјави портпарол на американските Космички сили во […]

Американски судија ги блокираше ограничувањата на Трамп за времетраењето на визите за странски студенти и новинари


Вашингтон – Федерален судија денеска го блокираше воведувањето нови правила од страна на владата на американскиот претседател Доналд Трамп, кои имаат за цел да го ограничат времетраењето на престојот во САД за странските студенти и новинари, освен доколку не ги продолжат своите визи. Окружниот судија Денис Сејлор од Бостон донесе одлука во корист на неколку […]

По Финска, и Естонија разговара за приклучување кон француската иницијатива за нуклеарно одвраќање


Ровањеми – Естонија разговара со Франција за можно учество во иницијативата за „проширено“ нуклеарно одвраќање, изјави денеска естонскиот премиер Кристен Михал, откако беше објавено дека Финска ќе ѝ се приклучи на иницијативата што ја започна францускиот претседател Емануел Макрон. – Ова не е вид обврска на која едноставно ѝ се приклучувате. Таа бара одредени способности, одредено […]

Техеран: Односите со Анкара се „специјални во секој поглед“


Односите меѓу Иран и неговите соседи, а особено со Турција, се на посакуваното ниво, при што билатералните односи со Анкара се „специјални во секој поглед“ – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Исмаил Багаи, пренесува информативниот сајт „Туркѓун“. На редовниот неделен брифинг Багаи истакна дека Иран и Турција имаат заеднички ставови и загрижености […]

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти


Претседателот на САД, Доналд Трамп на платформата „Трут соушл“ објави дека Украина и Русија се договориле да не напаѓаат енергетски инфраструктури. – Украина се согласи да не напаѓа руски енергетски објекти. Русија се согласи да го направи истото! Зголемувањето на цените на дизелот низ целиот свет во голема мера се должи на војната меѓу Русија […]