По Финска, и Естонија разговара за приклучување кон француската иницијатива за нуклеарно одвраќање
Ровањеми – Естонија разговара со Франција за можно учество во иницијативата за „проширено“ нуклеарно одвраќање, изјави денеска естонскиот премиер Кристен Михал, откако беше објавено дека Финска ќе ѝ се приклучи на иницијативата што ја започна францускиот претседател Емануел Макрон.
– Ова не е вид обврска на која едноставно ѝ се приклучувате. Таа бара одредени способности, одредено ниво на подготвеност и така натаму – изјави Михал на маргините на европскиот самит за Арктикот во Рованиеми, во северна Финска.
– Франција, исто така, ја гарантира нашата независност со своите војници во Естонија. Затоа, ако соработката може да се продлабочи во нуклеарната сфера, веројатно и ќе биде продлабочена, додаде тој.
Михал истакна дека Естонија „веќе е под нуклеарниот чадор на НАТО“.