Вучиќ: Со мене нема да го видите „случајот Груевски“


Ќе бидам со својот народ се додека сум негов избор, а потоа ќе живеам во својата земја, бидејќи друга немам. Никогаш нема да заминам од државата и нема да го видите „случајот Груевски“ или нешто слично, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по повод потегот на Приштина и ставот на Брисел и некои западни центри на […]

Насилни протести пред албанскиот Парламент


Протестите пред албанскиот Парламент на жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да бидат урнати заради изградбата на нова обиколница, ескалираа кога учесниците на протестот се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, каде се дебатира за ова прашање. Со употреба на тврди предмети и протехнички средства повредени се 12 полицски службеници. Демонстантите […]

Унгарски портал: Орбан лут на Хрватска


После неколку недели во кои односите меѓу Хрватска и Унгарија ги одбележија позитивни гестови, пред неколку дена дошло до заладување на односите, пишува унгарскиот портал Индекс.ху. Порталот наведува дека Орбан е многу лут на Хрватска поради обновувањето на црвената потерница по Жолт Хернади. Унгарскиот премиер смета дека Хрватска со тој потег ја предала Унгарија, пренесува […]

Косово ги зголеми таксите за увоз на српски производи за 100 отсто


Владата на Косово одлучи попладнево да ги зголеми таксите на производите кои се увезуваат од Србија за 100 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден ден по неуспешниот обид на Косово за зачленување во Интерпол, на предлог на косовскиот министер за трговија Ендрит Шаља, Владата на Рамуш Харадинај одлучи да ги зголеми за 100 […]

Вучиќ: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас


Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол, изјави дека не е изненаден како вчера во Дубаи земјите од регионот гласале, наведувајќи ги Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала. – Во однос на регионот, […]

Косовската Влада ја обвинува „дивата кампања“ на Србија за неуспехот во Интерпол


Владата на Косово објави дека „зачленувањето на полицијата на Косово во Интерпол пропадна“ и изрази „големо разочарување поради тоа што на Косово не му се овозможи да биде дел од светското семејство на полициите, кои се борат против меѓународниот криминал“. За неуспехот да се зачлени во светската полициска организација, Владата во Приштина го обвини Белград, […]

„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција


Избори во мај 2019, на почетокот на следната година или регуларно, како што е предвидено, во октомври 2019, се трите сценарија што ги анализира грчкиот весник „Катимерини“ во врска со тоа кога во Грција би можеле да се одржат следните парламентарни избори. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во трите сценарија централно место […]

Косово не доби доволен број гласови за прием во Интерпол


Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, ниту по вториот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи. Како што јави „Газета Експрес“, Косово не успеа да го обезбеди неопходното двотреринско мнозинство гласови за прием во еден од најважните безбедносни […]

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка


Романскиот министер за национална одбрана Михај Фифор денеска поднесе оставка на функцијата, со цел, како што најави, да може повеќе да се посвети на работата во рамки на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД). – Направив сериозна анализа. Видов што се случува последниве месеци и решив дека се посветам на работата во партијата. Сметам дека треба да […]

Пратеник од Нова демократија побара потопување на турски бродови


Пратеникот од опозициската Нова демократија, Јанис Андониадис побара остар одговор од Атина и од грчкото Министерство за надворешни работи до Турција, па дури и потопување на турски бродови, во случај на експлотација на нафта во грчката економска зона во Егејското море. Андониадис ваквото барање го изнесе во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија, […]

Инциденти во Атина, уапсени 19 лица


Сериозни инциденти се случија доцна синоќа, по завршувањето на протестниот марш во Атина за одбелужвањето на 45 годишнината од бунтот против воената хунта. Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до Амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи […]

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот […]

Ципрас предлага претседателот на Грција да се избира на непосредни избори


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата. Ципрас денеска во Парламентот ги претстави предлозите на Сириза за имени во Уставот. Според премиерот, „перспективата за непосредно избирање на претседателот на републиката од страна на народот ќе му даде специјална власт”, но тоа […]

Пожар во Загреб, опожарени девет возила


Рано изутринава во Загреб, под се уште неразјаснети околности, дојде до пожар во автомобил. Огнената стихија набрзо се проширила на вкупно девет возила, од кои три се целосно уништени. Пожарникарите, со две возила, го изгаснале огнот за само седум минути, но голема материјална штета веќе е направена. Во инцидентот никој не е повреден. Точната причина […]

Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од саудискиот принц


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. […]

Дојче веле: Секој може да купи европско државјанство


Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и на тој начин преку Бугарија се добивало државјанство од ЕУ, кое, како што пишува Дојче веле, може да се купи и илегално. Државјанствата на ЕУ или неограничените европски дозволи за престој спаѓаат во оние кои најтешко се добиваат во […]

Весели: Неукинувањето на визите за Косово претставува расизам


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го нарече „расизам“ кон граѓаните на Косово, одбивањето на визната либерализација од страна на некои членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели на прес-конференција по седницата на Претседателството на Собранието изјави дека косовските граѓани се неправедно оставени во изолација и очекува од Австрија, како претседавач […]

Курц: Ќе поддржиме секаков договор меѓу Приштина и Белград


Австристкиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во Приштина, изјави дека Виена ќе го поддржи секое решение за кое ќе се договорат Косово и Србија, вклучително и корекцијата на границата и размената на територии, јави дописникот на МИА од Приштина. – Тука имам многу јасен став. Австрија се согласува со кој и да е договор […]

Словенија и Хрватска најмалку влијаат во ЕУ


Според истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифунг Меркатор“ со седиште во Есен, највлијателни држави во ЕУ се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека Словенија и Хрватска се најмалку влијателни. Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното општо влијание во ЕУ, каде […]

Tурска амбасадорка e отповикана зашто се облекла како Елена Тројанска


Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, е отповикана поради тоа што на приемот по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турска Република облекла костим како Елена Тројанска. Весникот „Хуријет“ објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, амбасадорката носи фустан со мотиви од грчката антика. Слични комбинации, како што се пренесува, носеле […]