Tурска амбасадорка e отповикана зашто се облекла како Елена Тројанска


Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, е отповикана поради тоа што на приемот по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турска Република облекла костим како Елена Тројанска.

Весникот „Хуријет“ објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, амбасадорката носи фустан со мотиви од грчката антика. Слични комбинации, како што се пренесува, носеле и други вработени во амбасадата.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу на Твитер напиша дека е покрената истрага веднаш откако биле објавени фотографиите, а амбасадорката е отповикана.