Јапонскиот вселенски брод „Конотори-7“ се поврза со МВС


Јапонија– Јапонскиот беспилотен вселенски брод „Конотори-7“ („Штрк-7″) успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти Јапонската воздухопловна вселенска агенција Јакса. Товарниот брод беше лансиран на 23 септември со помош на ракета Х2Б од космодромот Танегашима. На платформата на бродот има нешто над шест тони товар, меѓу кои и залихи за екипажот и литиум-јонски батерии […]

Бангкок е најпосетен град во светот


Бангкок, Лондон и Париз се најпосетените туристички дестинации во светот според бројот на меѓународни посетители како што покажуваат резултатите од годинашната анализа Mastercard Global Destination Cities Index, која донесува листа со 162 најпосетени светски градови. Бангкок трета година по ред е лидер на листата со најпосетени градови во светот. Таму во 2017 година отишле 20,5 […]

Борис Џонсон ја повика Меј да се откаже од предлозите за Брегзит


Англија- Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон ја повика премиерката Тереза ​​Меј да се откаже од нејзините предлози за Брегзит, со што го зајакна притисокот врз неа, во пресрет на годишната конференција на нејзината поделена партија која треба да се одржи за два дена. – Сега е време да се промени курсот на преговорите […]

Трамп побара Сенатот конечно да го избере Кавано за врховен судија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повика Сенатот да го одобри именување на судијата Брет Кавано на испразнетото место во Врховниот суд на САД. Повикот на Трамп уследи по сослушувањето во Сенатот на Кавано и на докторката Кристин Блејзи Форд, која го обвинува за сексуален напад пред три и пол децении, при што, според американскиот претседател, судијата […]

(ВИДЕО) Лигава шлаканица: Фока удри кајакар со октопод по лице


Неверојатен момент се случи во водите на Каиокура, Нов Зеланд, кога кајакар доби лигава шлаканица по лицето од фока! Фоката веројатно се борела со октоподот за да го улови за ручек кога наишол кајакот во кој веслал изненадениот кајакар. „По забавното веслање околу полуостровот кој го заплискуваа бранови, забележавме огромна машка фока која се бореше […]

Научници тврдат дека откриле како да го сузбијат ХИВ вирусот


Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци. Бројот на заразени со ХИВ кои користат лекови, на светско ниво постојано расте, но тие мораат да почитуваат строги правила за да […]

(ВИДЕО) Мексико: Новинарка наместо одговор доби бакнеж од претседателот


Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор (64) е мета на критики откако беше објавена видеоснимка на која се гледа како бакнува во образ новинарка која му поставила прашање. Инцидентот се случил на 20 септември во мексиканската држава Долна Калифорнија, за време на неговата турнеја организирана пред инаугурацијата на 1 декември. На видео-снимката се […]

Кредитниот рејтинг на Грција под закана доколку не се намалат пензиите


Грција- Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ најави дека е можно да го намали кредитниот рејтинг на Грција, доколку Владата и Парламентот не го реализираат планираното ново намалување на пензиите. Според весникот „Катимерини“, „Мудис“ го упатил ова ново предупредување до Грција, велејќи дека секој застој во кратењето на пензиите ќе значи нов притисок на финансиските пазари врз Грција. […]

Зошто Путин не е во Њујорк?


Русија, заедно со Кина, се единствените земји кои на 73-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк не ги претставува претседателот или премиерот, што го покрена прашањето зошто на овој собир не дојде шефот на руската држава Владимир Путин, наведува „Вечерње Новости“. Москва соопшти дека уште на 24 август потпаролот на Путин, Дмитриј Песков […]

„Телеграф“: Еден од Русите осомничени во случајот Скрипал е разузнавачки офицер


Британскиот весник „Дејли Телеграф“ тврди дека еден од двајцата Руси обвинети за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика пританија е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Според весникот, човекот што допатувал во Велика Британија два дена пред труењето на Скрипал користејќи го името Руслан Боширов, всушност е […]

Словачката полиција уапси осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак


Полицијата во Словачка денеска приведе осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова. Информацијата ја објави Словачкото радио, според кое, акцијата почнала рано утрово и се уште е во тек. – Полициски специјални сили уапсија осомничени за злосторството. Во моментов се спроведуваат претреси во нивните домови, потврди на Фејсбук прес-службата на […]

Шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија, Хрватска и Романија до крајот на годината ќе ги посетат Македонија и Албанија


САД– Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ. – Се договоривме да ја интензивираме […]

Уште една жена го обвинува Кавано за сексуално вознемирување


САД– Се појави и трета жена која го обвини кандидатот за судија во американскиот Врховен суд Брет Кавано за сексуално вознемирување во 80-тите години од минатиот век. Во соопштение на три страници, кое било доставено до Одборот за правосудство на американскиот Сенат, Џули Светник од Вашингтон детално опишува дека додека била студентка присуствувала на повеќе […]

Албанија ќе го зголемува наталитетот со висок паричен надомест


Албанија – Во рамки на стратегијата за зголемување на наталитетот, албанската Влада од 1 јануари 2019 година ќе доделува еднократен паричен надомест, во различен износ, за секое новороденче. – За секое првородено дете на семејството ќе се исплатуваат по 400.000 леки (3.150 евра), за второ 800.000 (6.300 евра), додека за третородено 1,2 милиони леки (9.450 евра). […]

Во Подгорица ќе се гради споменик на Тито


Градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ најави дека ќе ја поддржи иницијативата за иградба на споменик на Јосип Броз Тито во главниот град на Црна Гора, чие име (Титоград) градот го носеше 47 години. Иван Вуковиќ денеска се состана со претставници на Здружението на борци на НОБ и антифашистичка Подгорица, на кои им искажа благодарност за […]

Студениот бран ја однесе првата жртва во Романија


Температури под нула степени Целзиусови денеска беа регистрирани на многу места во Романија, а како последица на студеното време почина еден планинар. Романските синоптичари соопштија дека утринава во градот Миеркуреа Чук, е регистрирана температура од минус 3,8 степени Целзиусови. За утре тие најавуваат уште постудено време. Властите соопштија дека 22-годишен планинар починал од хипотермија во болница […]

Правилник за борба против лажните вести во пресрет на изборите за ЕП


Претставници на рекламната индустрија и на интернет компаниите подготвија предлог правилник за борба против ширењето лажни вести во Европската унија. Еврокомесарката за дигиталната економија Марија Габриел оцени дека ширењето лажни вести ја поткопува довербата во демократските процеси во Европа и мора да биде запрено. Некои од правилата кои се предлагаат предвидуваат транспарентност при објавувањето политички […]

Рускиот Парламент донесе одлука за пензионирање на жените на 60-годишна возраст


Рускиот Парламент денеска едногласно го потврди предлогот на претседателот Владимир Путин да ја зголеми старосната возраст на која жените ќе одат во пензија за пет, наместо првично предложените осум години. Со тој закон, Русинките правото на пензија ќе го остваруваат со наполнети 60 години. Долниот дом на Парламентот одобри зголемување на пензиската старост за пет […]

Германските медиуми прогнозираат наскоро крај на ерата на Меркел


Прогнозите за иднината на канцеларката Ангела Меркел денеска се главна тема во германските медиуми, откако нејзин близок соработник со гласање беше сменет од клучна парламентарна позиција, пренесува ДПА. Како чин на непослушност членовите на парламентарната група на Христијанскодемократската унија (ЦДУ) на Меркел го отстранија својот шеф Фолкер Каудер. По тој повод таблоидот „Билд“ на својата […]

Фотографии од вселената на супертајфунот Трами


Астронаутот на Меѓународната вселенска станица Александар Герст на Твитер објави фотографии од формирање на супретајфун над западниот дел на Тихи Океан. Тој тајфунот го опиша како „некој да извадил голема затка од нашата планета“. – Гледаме во уште една голема бура. Тајфунот Трами од петта категорија е  незапирлив и се движи кон Јапонија и Тајван. […]