Грчкото МНР достави демарш до албанската амбасадорка во Атина за убиениот Грк


Министерството за надворешни работи на Грција ја повика амбасадорката на Албанија во Атина, во попладневните часови, за да и достави демарш за вчерашното убиство на етнички Грк во Албанија, објавија денеска грчките медиуми.

Триесет и петгодишниот Константинос Кацифас беше убиен во престрелка со албанската полиција.