Косово не доби доволен број гласови за прием во Интерпол


Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, ниту по вториот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи. Како што јави „Газета Експрес“, Косово не успеа да го обезбеди неопходното двотреринско мнозинство гласови за прием во еден од најважните безбедносни […]

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка


Романскиот министер за национална одбрана Михај Фифор денеска поднесе оставка на функцијата, со цел, како што најави, да може повеќе да се посвети на работата во рамки на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД). – Направив сериозна анализа. Видов што се случува последниве месеци и решив дека се посветам на работата во партијата. Сметам дека треба да […]

Пратеник од Нова демократија побара потопување на турски бродови


Пратеникот од опозициската Нова демократија, Јанис Андониадис побара остар одговор од Атина и од грчкото Министерство за надворешни работи до Турција, па дури и потопување на турски бродови, во случај на експлотација на нафта во грчката економска зона во Егејското море. Андониадис ваквото барање го изнесе во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија, […]

Инциденти во Атина, уапсени 19 лица


Сериозни инциденти се случија доцна синоќа, по завршувањето на протестниот марш во Атина за одбелужвањето на 45 годишнината од бунтот против воената хунта. Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до Амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи […]

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот […]

Ципрас предлага претседателот на Грција да се избира на непосредни избори


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата. Ципрас денеска во Парламентот ги претстави предлозите на Сириза за имени во Уставот. Според премиерот, „перспективата за непосредно избирање на претседателот на републиката од страна на народот ќе му даде специјална власт”, но тоа […]

Пожар во Загреб, опожарени девет возила


Рано изутринава во Загреб, под се уште неразјаснети околности, дојде до пожар во автомобил. Огнената стихија набрзо се проширила на вкупно девет возила, од кои три се целосно уништени. Пожарникарите, со две возила, го изгаснале огнот за само седум минути, но голема материјална штета веќе е направена. Во инцидентот никој не е повреден. Точната причина […]

Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од саудискиот принц


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. […]

Дојче веле: Секој може да купи европско државјанство


Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и на тој начин преку Бугарија се добивало државјанство од ЕУ, кое, како што пишува Дојче веле, може да се купи и илегално. Државјанствата на ЕУ или неограничените европски дозволи за престој спаѓаат во оние кои најтешко се добиваат во […]

Весели: Неукинувањето на визите за Косово претставува расизам


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го нарече „расизам“ кон граѓаните на Косово, одбивањето на визната либерализација од страна на некои членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели на прес-конференција по седницата на Претседателството на Собранието изјави дека косовските граѓани се неправедно оставени во изолација и очекува од Австрија, како претседавач […]

Курц: Ќе поддржиме секаков договор меѓу Приштина и Белград


Австристкиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во Приштина, изјави дека Виена ќе го поддржи секое решение за кое ќе се договорат Косово и Србија, вклучително и корекцијата на границата и размената на територии, јави дописникот на МИА од Приштина. – Тука имам многу јасен став. Австрија се согласува со кој и да е договор […]

Словенија и Хрватска најмалку влијаат во ЕУ


Според истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифунг Меркатор“ со седиште во Есен, највлијателни држави во ЕУ се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека Словенија и Хрватска се најмалку влијателни. Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното општо влијание во ЕУ, каде […]

Tурска амбасадорка e отповикана зашто се облекла како Елена Тројанска


Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, е отповикана поради тоа што на приемот по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турска Република облекла костим како Елена Тројанска. Весникот „Хуријет“ објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, амбасадорката носи фустан со мотиви од грчката антика. Слични комбинации, како што се пренесува, носеле […]

Земјотрес кај грчкиот остров Закинтос


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу во 10 часот во Јонското море, кај грчкиот остров Закинтос. Според Институтот за геодинамика на Националната обсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 58 километри југозападно од Закинтос. Ова е втор земјотрес што го зафати регионот за краток период. Првиот […]

Фајон: Состојбата во Србија е значително влошена


Европратеничката Тања Фајон по дводневниот престој во Србија оцени дека состојбата значително се влошила во изминатата година-две, наведувајќи дека „ не постои ефективна контрола врз извршната власт ,ниту напредок во однос на владеењето на правото“, како и дека Србија треба да стори повеќе во однос на нормализација на односите со Косово. Изнесувајќи ги впечатоците по […]

Грабар-Китаровиќ: Разочарана сум што не е постигнат напредок со Србија за исчезнатите лица


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на Србија. – Не знам како се чувствува господинот Вучиќ, но јас се чувствувам разочарано што не е постигнат напредок во решавањето […]

Косовски пратеници се степаа по дебатна емисијa


Двајца опозициски пратеници, Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), се степале синоќа по завршувањето на дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, во која учествуваа како гости, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко изјавил дека немало физичка пресметка туку само […]

Словенечки сурфер преживеа 26 часа во море


Словенечкиот сурфер, по кого се трагаше од понеделникот откако исчезна во Јадранско Море кај Умаг е пронајден во Италија. Во текот на ноќта и денот во море тој минал околу 40 километри. Италијанските меидуми јавија дека сурферот, откако 26 часа минал во студената морска вода, на брегот излегол сам, околу 18 часот. Откако испливал на […]

Убиството на етнички Грк во Албанија предизвика заладување на односите Атина-Тирана


Убиството на етничкиот Грк, Константинос Кацифас на албанско-грчката граница од страна на припадниците на албанската специјална единица „Ренеа“, предизвика заладување на односите меѓу Атина и Тирана. Албанската амбасадорка во Атина, Адријана Хобдари, која вчера попладне била повикана во грчкото Министерството за надворешни работи, за албанските медиуми изјави дека на средбата и бил соопштен ставот на […]

ЕУ: Нема датум за укинување на визите за Косово


Канцеларијата на Европскат унија (ЕУ) во Приштина соопшти дека Брисел не одредил конкретен датум за укинување на визниот режим за Косово, со што го демантира премиерот Рамуш Харадинај, кој вчера изјави дека визите ќи бидат укинати до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Од претставништвото на ЕУ за весникот „Зери“ изјавија дека, […]