Зголемен бројот на полицајци пред британскиот Парламент поради вербално насилство


Лондонската полиција соопшти дека го зајакнала присуството пред британскиот Парламент, откако околу 55 пратеници се пожалиле на вербално насилство во време кога се интензивира дебатата за Брегзит. Лондонската полиција се одлучи на овој чекор откако демонстранти  пратеничката на Конзервативната партија Ана Субри повеќе пати ја нарекле „нацист“ додека вчера се обидувала да разговара за Брегзит […]

Британскиот Парламент на 15 јануари ќе гласа за договорот за Брегзит


Британските пратеници на 15 јануари вечерта ќе гласаат за договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ за Брегзит, соопшти денеска опозициската Лабуристичка партија, повикувајќи се на предвидениот план за расправа. Петдневната расправа за договорот ќе почне утре, а се очекува дека ќе заврши со повеќе гласања, од кои секое би можело да биде пресудно за […]

Во Јапонија спиењето на работно место станува дел од работните обврски


Јапонските работодавачи одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните обврски на секој вработен. Тоа не значи дека вработените ќе спијат на работното место туку ќе добијат соба за спиење. Одлуката е донесена откако најновото истражување покажало дека поспаноста на вработените влијае врз нивната ефикасност, поради што јапонските компании годишно губат дури 138 […]

Могерини повторно побара укинување на косовските царини


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во Брисле се сретна со членовите на косовската делегација избрана за дијалогот со Србија, соопшти нејзиниот кабинет. Во соопштението се наведува дека за Могерини „присуството на делегацијата во Брисел е доказ за тоа дека косовските власти даваат приоритет на нормализацијата на процесот“. Како […]

Кнајсл: Тешко е да се убедат Хаг и Париз за проширување на ЕУ


Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл денеска посочи дека, и покрај заморот од проширување присутен во Франција и Холандија, Југоисточна Европа не треба да биде оставена настрана во вакуумот. Кнајсл, на прес-конференција на која ја сумираше надворешната политика на Австрија минатата година, изрази задоволство што во текот на австриското претседавање со ЕУ беа отворени […]

Лондон негира дека преговара со Брисел околу Брегзит


Британскиот секретар за Брегзит Стивен Беркли денеска ги негираше пишувањата на „Дејли телеграф“ дека Брисел и Лондон преговараат за проширување на членот 50 од Лисабонскиот договор, во врска со британското повлекување од Европската унија и нагласи дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март. „Дејли телеграф“, повикувајќи се на три неименувани извори од […]

Тешко повреден лидерот на екстремно десничарската партија во Германија


Локалeн лидер на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) е повреден во напад од неколку лица во германскиот град Бремен. Полицијата соопшти дека веруваат оти нападот врз Франк Магниц, пратеник во Бундестагот и лидер на партискиот огранок на АФД во Бремен е политички мотивиран. Нападот се случи синоќа во близина на градскиот театар. АФД […]

Уапсен најбараниот хакер во Германија


Германскиот магазин „Шпигел“ на својата интернет-страница објави дека е уапсено 20-годишно момче кое е осомнично за една од најголемите кражби на податоци во историјата на Германија, со која се погодени стотина германски политичари. Момчето ја признало вината, пренесува Ројтерс. Се наведува дека истражителот на Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција, која се занимава со овој случај, […]

Светските лидери како и сиот „обичен свет“


Медиумите забележаа низа гафови на светски и европски официјални претставници во изминатава година, од кои некои наидоа на симпатии, а некои – на потсмев. „Очите“ на светот посебно беа вперени кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој и онака со своето однесување отскокнува од традиционалното клише и однесување на шеф на светска сила. Во октомври, на […]

Германија: Уапсен човек осомничен за протекувањето информации за јавни личности


Германската полиција соопшти дека денеска уапсила човек осомничен за протекувањето лични податоци на стотици политичари, јавни личности и новинари во декември. Мажот е идентификуван како 20-годишник од западната созјуна покраина Хесен. Според полициски извори, тој го признал делото. Германската јавност во петокот беше погодена со информацијата дека бројни приватни телефони, фотографии и пораки на полиитчари […]

Амазон го надмина Мајкрософт на листата највредни компании во САД


Амазон го надмина Мајкрософт на листата највредни компании во САД со чии акции јавно се тргува, откако превирањата на берзите доведоа до промена на листата американски корпорации. Промената на врвот се случи откако акциите на Амазон пораснаа за три отсто и ја кренаа пазарната вредност на гигантот на Интернет трговијата на 797 милијарди долари. Акциите […]

Француската Влада ја заострува политиката против „жолтите елеци“


Францускиот премиер Едуард Филип во интервјуто за телевизијата ТФ1 најави „нов закон“ со кој ќе бидат заострени санкциите против „насилниците“ и најавените протести. Тој, исто така, истакна дека следната сабота ќе бидат мобилизирани 80.000 припадници на силите на редот за натамошна мобилизација на движењето на „жолтите елеци“. Филип нагласи дека имало повеќе од илјада пресуди […]

Телефонски разговор Трамп-Макрон за Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон вчера телефонски разговарале за повлекувањето на американските војници од Сирија, соопшти Белата куќа. – Двајцата разговарале за ситуацијата во Сирија, вклучувајќи ја и обврската на САД и Франција да ја поразат Исламска држава и да се подготват за внимателно и координирано повлекување на американските трупи […]

Претседателот на Светска банка поднесе оставка


Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким ја напушта функцијата на 1 февруари, се наведива во соопштението од СБ. Вршител на должноста претседател на СБ ќе стане Кристалина Георгиева, генерален директор на оваа институција, јави Би-Би-Си. Џим Јон Ким стапи на должноста шеф на СБ на 1 јули 2012 година со мандат од пет години. […]

Италијанската полиција заплени 11 кг хероин прошверцуван преку Албанија


Италијанската полиција во селото Алгеро, на островот Сардинија заплени 11 килограми хероин, што е најголема досега заплената количина од овој вид дрога, во последните петнаесет години во овој регион. Дрогата била пакувана во пакетиња од по еден килограм, вакуумирани, залепени и скриени помеѓу камењата на стар ѕид, покрај морскиот брег. Според италјанската полиција доколку дрогата […]

Името Мастеркард заминува, останува знакот


САД – Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг. Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име. Мастеркард, се наведува во […]

Во лавините во Австрија загинаа 10 лица


Австрија– Во лавините на Алпите загинаа 10 лица, а меѓу загинатите во Австрија се и тројца Германци. Австриските медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на момче и девојка, по кои се трагаше од неделата. Тие се нашле на патот на лавината, која ги фрлила во амбис, затрупувајќи ги со два метри снег. На австриските […]

Драган Марковина, историчар: Југославија беше модерна, ова е примитивизам


Зошто никој кај нас не се буни? Затоа што од политиката живеат стотици илјади луѓе, одбрани невладини организации и црквата; Поминаа 70 години од Универзалната декларација за човекови права и сè уште за многу работи од неа не успеавме да се избориме; Огромните пари што ги даваме во БиХ главно одат во црквата и фолклорот […]

Романија – лидерот на корупцијата во ЕУ


Секој што мисли дека Романија е во опасност да стане посед на Ливиу Драгнеа, нејзиниот најмоќен политичар, ќе најде многу работи во неговиот роден град Александрија за да го потврди својот став. Извонредната вила на Драгнеа, со тениско игралиште и базен, се наоѓа близу центарот на градот, кој е престолнина на еден од најсиромашните региони […]

Претседателот на Светска банка поднесе оставка


САД – Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким ја напушта функцијата на 1 февруари, се наведива во соопштението од СБ. Вршител на должноста претседател на СБ ќе стане Кристалина Георгиева, генерален директор на оваа институција, јави Би-Би-Си. Џим Јон Ким стапи на должноста шеф на СБ на 1 јули 2012 година со мандат од пет […]