Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу најмоќните


Албанија – Италијанскиот обвинител Никола Гратери, кој од 2016 година, е одговорен за одделот за борба против мафија во регионот на Калабрија, за тиранската телевизија Ора њуз изјави дека „албанската мафија е во редот на најмоќните“ во светот. – Албанската мафија е постојано растечка во Европа и ќе биде мафија на иднината. Албанската мафија се повеќе […]

Борбата со климатските промени мора да биде порешителна


Обединетите нации, на првиот ден од 24-та годишна  Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24) што се одржува во полскиот град Катовице, упатија апел за многу порешителни акции во борбата против климатските промени. „Последиците од недостиг на регулација на климата никогаш не биле толку тешки и меѓународната заедница треба да направи многу повеќе, за […]

Захарова: Русија ја штити Европа од варварство


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија, а не Украина ја заштитува Европа од варварство, милитаризам и агресија, тиранија и тероризам. Нејзината изјава уследи откако украинскиот претседател Петро Порошенко истакна дека Русија планира да ги заземе Маријупол и Бредјанск. „Поради актуелниот режим во Киев, денешна Украина ја карактеризираат маршеви […]

Трамп и Ким ќе се сретнат повторно


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека повторно ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а средбата е планирана за јануари или февруари идната година. „Се разгледуваат три локации за средбата“, изјави Трамп во претседателскиот авион на враќање во Вашингтон од Самитот на Г-20 што се одржа во Буенос Аирес. Тој додаде дека со Ким […]

Израелската полиција пронашла доволно докази против Нетанјаху


Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла доволно докази против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга во третиот случај за корупција, што се води против него. Властите сметаат дека Нетанјаху пружал „регулаторни услуги“ на „Безек телеком“, а за возврат добивал поволни извештаи за себе и сопругата на сајтот „Вала“, кој е во сопственост на телекомуникациската компанија. […]

Закани по живот до Салвини: На врат имаш тројца Албанци…


Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини добил заканувачка порака, која ја објавил на Инстаграм, пренесе тиранската телевизија Ора њуз. Анонимното писмо пристигнало во седиштето на Министерството за внатрешни работи. На лош италијански јазик пишува „На врат имаш тројца Албанци,ќе бидеш убиен,ти си свиња,геј…“ Министерот Салвини во својот коментар напишал „Одам напред во мојата работа, […]

Порошенко бара помош од Германија


Украинскиот претседател Петро Порошено побара помош од Германија и нејзините сојузници за да го зајакнат присуството во Црното Море и да ја спречат, како што рече, Русија од понатамошна агресија. Порошенко оцени дека е неопходна „силна и единствена реакција на агресивното однесување на Русија“. Наведе дека Русија поставила голем број војници долж границата со Украина, […]

Путин: Не сум против состанок со Порошенко, но тешко се комуницира


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е против состанок со украинскиот претседател Петро Порошенко, но дека со него е тешко да се комуницира. – Што се однесува до контактите на највисоко ниво, не сум против нив. Вистина е дека немаше разговор, но тоа не значи дека го прекинуваме секој контакт. Меѓутоа тешко е да […]

(ВИДЕО) Макрон до саудискиот принц: Загрижен сум, никогаш не ме слушаш…


Францускиот претседател Емануел Макрон, накратко, за време на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, Аргентина, разговараше со саудиска принцот Мохамед бин Салман. Камерите забележаа како Макрон за време на разговорот му вели на принцот дека е загрижен. Парискиот весник „Монд“ пишува дека Макрон, за време на неформалниот состанок, изразил загриженост во врска со убиството на […]

Пронајден лек против мамурлак


Канадскиот новинар и писател Шаугхнеси Бишоп-Стал со години истражувал со цел да пронајде лек за мамурлак. Главната состојка на неговиот лек за состојбата по „претерување“ со алкохол е темјанот – ароматска смола. Темјанот не се консумира, па поради тоа, според Бишоп, треба да се растопи на оган и да се претвори во масло. Неколку капки […]

Дачиќ: Очекуваме Западот да изврши притисок врз Приштина


Очекуваме меѓународниот притисок, пред се од Западот, да ја натера Приштина да ја повлече неочекуваната одлука за зголемување на таксите за стока од Србија, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. – Кога пред три години можеа само за неколку денови да ја натераат Хрватска да ја прекине бесмислената блокада на границите со Србија, […]

Три камчиња од Месечината продадени за 855 милиони долари


Три камчиња од Месечината беа продадени вчера на аукција на Сотби’с во Њујорк, за 855.000 долари. Ова се единствените месечеви камења кои се официјално во приватна сопственост. На наддавањето ги понуди човекот кој ги купил 1993 година, пред точно 25 години. Колекционерот тогаш за нив платил речиси двојно помалку – 442.500 долари. Неговото име и […]

Макрон: Насилството нема никаква врска со мирното изразување гнев


Францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека синоќешниот бран насилство и вандализам во Париз на никаков начин не може да се оправда и дека нема никаква врска со мирно манифестирање на легитимниот гнев. – Ништо не ги оправдува нападите врз безбедносните сили, ограбувањето на продавници, палењето на јавни и привати згради, заканите врз минувачите и новинарите […]

Порошенко: Ја зајакнавме безбедноста на клучните локации


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека неговата земја ја зголемила безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и пристаништата во Црното Море, поради, како што наведе „руското тестирање на светскиот поредок“. Тој повторно ја обвини Русија за акомулирањето на големи воени сили во источниот дел на Украина и на Крим. – […]

Лидерите на Г20: Да сузбие нееднаквоста, да се поддржат малите претпријатија


Лидерите на земјите членки на Г-20 ја потврдија синоќа, во завршната декларација од заклучоците од Самитот во Буенос Аирес, нивната посветеност во борбата против нееднаквоста и поддршката на малите и средните претпријатија. – Ќе промовираме мерки со цел поттикнување на микро, мали и средни претпријатија и претприемачи, премостување на дигиталната родова нееднаквост и поонатамошната дигитална […]

Франција размислува да воведе вонредна состојба


Франција размислува да воведе вонредна состојба со цел да се спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните повеќе од 10 година, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Бенџамин Гриво. – Француската Влада ги повикува мирните демонстранти да седнат на преговарачка маса, додаде Гриво. Тој посочи дека мораат да ги разгледаат мерките кои ќе […]

Трамп и Путин се сретнаа на Самитот на Г-20


Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имаa куса средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков и  додаде дека и тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон. „Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите“, […]

Во Париз повредени најмалку 65 демонстранти и полицајци


Во денешните судири во Париз помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци. Приведени се повеќе од сто демонстранти. Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми. Полицијата употреби […]

Почина Џорџ Буш постариот


Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот почина синоќа на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Веста за смртта на 41. претседател на САД ја објави неговиот син, поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот. – Џеб, Нил, Марвин, Дороти и јас со жал ве известуваме дека по 94 забележителни години почина нашиот почитуван татко. […]

Насер Ориќ ослободен од обвинувањата за воени злосторства


Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе конечна ослобителна пресуда за поранешниот генерал на Армијата на БиХ, Насер Ориќ, во рамки на обновената судска постапка против него за злосторста извршeни врз српски цивили во реонот на Сребреница за време на Војната во земјата на почетокот 90-те години на минатиот век. Судот на […]