(ВИДЕО) Пилот за медал: Го потпре хеликоптерот на планина за да спаси повреден скијач


Сите австриски спасувачки служби, пожарникари, војска и комунални служби за чистење патишта веќе неколку дена се во константна борба со досега најголемите наноси на снег во најголемиот дел на оваа алпска држава.

Од лавините посебно посебно е погоден туристичкиот регион Дахстаин, каде на одредени места снежните наноси изнесуваат и до 10 метри. Во текот на ноќта се очекува еден метар нов снег. Од викендот досега во Штаерска паднаа три метри нов снег.

Снежното невреме ја погоди и германската покраина Баварија, каде сè повеќе скијачки патеки се затворраат поради обилните снежни врнежи и опасноста од лавина. Проблем претставува и тешкиот снег на дрвјата, поради кој постои опасност од уривање на стеблата, кои би можеле да паднат на патеката или на жичницата.

Во снежните бури во Европа, во изминатите неколку дена загинаа најмалку 13 лица, од кои најголемиот дел во лавините во Австрија и Германија. Во Норвешка трае потрагата по четворица скијачи откако лавина го погоди градот Тромсое, на северот на земјата. Се стравува дека Швеѓанката и тројцата Финци се мртви.

На неверојатната снимка што доаѓа од Франција, а е објавена од страна на британската телевизија „Скај њуз“, се гледа извонредната вештина пилотот кој го потпре хеликоптерот на карпа прекриена со снег со цел да ги истовари спасувачите за да му помогнат на еден повреден скијач.

Маневрот што го изведе пилотот на хеликоптерот е многу комплициран и бара голема вештина, така што неверојатно е тоа што успеа да го изведе тој, наведува телевизијата „Скај њуз“