Харадинај на средбата со Хан: Се надевавме на добри вести за визната либерализација


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го пречека попладнево еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој престојува во Приштина на средба со државниот врв, со зборовите „се надевавме дека доаѓате со добри вести за визната либерализација за Косово во пресрет на Божик“. Харадинај, на влегување со гостинот од Брисел во неговиот кабинет во Владата на Косово, рече дека, […]

Откажана посетата на Јункер на Париз поради „Жолтите елеци“


Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“. Претседателот на францускиот парламент, Ришард Феран, потврди денеска дека посетата на Јункер ќе биде одложена. Јункер требаше да се обрати пред француските пратеници од Долниот дом и да одговара на нивните прашања. -Оваа одлука, донесена […]

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД


Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“. Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД. Се смета дека командантот на ИД е странец од […]

(ВИДЕО) Десетина француски полицајци брутално претепаа демонстрант


Франција деновиве се соочува со немири низ целата земја. Протестите на „жолтите елеци“ поради зголемување на данокот на горивата прераснаа во насилни во кои на многу места низ земјата имаше нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата и демонстрантите се судрија, па полицијата употреби солзавец и водени топови. На социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од […]

Столтенберг: Белград и Приштина да се воздржат од провокации


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина да се воздржат од провокативни акции и реторика, со цел да се намалат тензиите и да се обезбеди напредок. Столтенберг нагласи дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, како единствен начин да се решат отворените прашања. Тој истакна дека НАТО ќе […]

Укинување на промената во сметање на времето во ЕУ најверојатно до 2021 година


Одлуката да се укине промената во сметањето на времето во ЕУ можеби ќе се случи до 2021 година, изјави денеска австрискиот министер за транспорт Норберт Хофер. Почетниот датум, кој е за две години подоцна од предлогот во септември на Европската комисија, ќе им даде повеќе време на земјите членки да се подготват, изјави Хофер, чија […]

„Нешенел џиографик“: Научниците се уште немаат одговор што и се случи на Земјата на 11 ноември


Необичните сеизмички бранови забележани на 11 ноември, кои не беа почувствувани, ги збунија научниците. Брановите, кои „Нешенел џиографик“ ги опиша како „мистериозен татнеж“, кој помина низ светот, прво се појавија во близина на францускиот остров Мајот, помеѓу Африка и северен Мадагаскар. – Тие покренаа верижна реакција и ги активираа сензорите во Замбија, во Кенија и […]

Столтенберг: Руските ракети можат да ги погодат европските градови за миг


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди на опасноста од ракетите што ги развива Русија и кои можат за „многу кусо време“ да ги погодат европските градови. Изјавата на Столтенберг доаѓа ден пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на кој сојузниците ќе разговараат, меѓу другото, за нуклеарната спогодба за ракети […]

Украина ги мобилизира резервистите


Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска соопшти дека воените резервисти во земјата ќе бидат повикани на обука во рамките на неодамна прогласената воена состојба и оти некои воени единици ќе бидат распоредени во согласност со јакнењето на одбраната на земјата. Во исто време, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека тврдењето на Порошенко дека Русија планира […]

Вкупно три четвртини од Французите ги поддржуваат протестите на „жолтите елеци“


Околу 72 отсто од Французите ги поддржуваат „жолтите елеци“, покажуваат најнови резултати од анкета, два дена по третите по ред протести во Париз и други француски градови поради зголемување на даноците на горивата. Сепак, повеќе од 80 отсто од испитаниците не одобруваат насилство, додека 90 проценти сметаат дека извршната власт не покажала дека е „на […]

Стефан Ловен доби дополнително време за формирање влада на Шведска


Актуелниот шведски премиер и лидер на Социјалдемократската работничка партија (САД), Стефан Ловен денеска доби два дополнителни дена време за консултации за формирање нова влада на Шведска. Како што јави ДПА, претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен денеска требаше на Ловен да му додели мандат за формирање нова влада, но лидерот на социјалдемократите побра да му […]

Претседателот на Нигерија демантира дека е мртов и заменет со двојник


Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари вчера се обиде да ги демантира шпекулациите дека починал поради сериозни здравствени проблеми и дека е заменет со двојник, кој дошол од Судан. – Наскоро ќе го прославам 76-иот роденден и ќе продолжам да се чувствувам добро. Многумина се надеваа дека сум починат поради проблемите со здравјето. Не сум мртов, ова […]

Хан во Приштина на разговори за таксата на увозот од Србија и од БиХ


Комесарот на Европската унија за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Приштина, каде што на средби со претседтелот Хашим Тачи, претседастелот на Собранието, Кадри Весели и премиерот Рамуш Хардинај ќе разговара за таксата од 100 отсто што косовската Влада ја воведе кон увозот од Србија и од Босна и Херцеговина. Најавени се и средби […]

Нов портрет на Елизабета Втора: Отмена, во зелена кадифена церемонијална пелерина


Англија- Отмена е кралицата Елизабета Втора (92) на новиот портрет на уметницата Ники Филипс. Облечена е во кадифена церемонијална пелерина во зелена боја, со орден како брош, од највисог ранг во Шкотска. Портретот ќе ја краси кралската трпезарија во Холирод Хаус, во Единбург, Шкотска. Ова е трет портрет на Филипс за кралицата. Во 2010 година […]

Германија и Франција ќе предложат данок врз финансиски трансакции во ЕУ


Берлин и Париз на денешниот состанокот на Еврогрупата ќе предложат данок врз финансиските трансакции во ЕУ, објавија повеќе европски медиуми. Информацијата ја откри германскиот весник „Зидојче цајтунг“ чиј новинар имал увид во писмениот предлог на двете земји. Данокот врз финансиски трансакции исто така познат како „Тобин такса“ или ФТТ во ЕУ се дискутира веќе осум […]

Раст на цените на нафтата по седум недели пад


Нафтата на светските берзи минатата недела поскапе за околу еден процент, што беше прво поскапување на „црното злато“ по седумнеделен пад на неговите цени. Поскапувањето на нафтата, според експертите, се должи на надежта на инвеститорите дека Организацијата на државите извозничи на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери неделава ќе се договорат за намалување дневното производство на […]

Оштетена Триумфалната порта во Париз, штета до милион евра


Учесниците на протестот на „жолтите елеци“ во Париз на Триумфалната порта во саботата и предизвикале штета која се проценува на повеќе стотици илјади, можеби дури и милион евра, изјави претседателот на францускиот Центар за национални споменици Филип Белавал. Покрај тоа што демонстрантите го оштетија споменикот и националниот симбол на Франција со графити, ја уништиле и […]

Протестите на „жолтите елеци“ нејсериозен предизвик за Макрон


Францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со најсериозната политичка криза во земјата од неговото доаѓање на власт во мај 2017 година, предизвикана од протестите на „жолтите елеци“, што започнаа како одраз на незадоволството од вискоите цени на горивата. „Њујорк Тајмс“ оценува дека по враќањето од Самитот на Г-20, што во петокот и саботата се одржа […]

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција


Грција-За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“. Невремето, кое од метеоролозите го доби името Пенелопа и ја зафати Грција во периодот од 25 до 30 ноември, имаше две лица, топло и студено. […]

Светската банка ќе одвои 200 милијарди долари за борба против климатските промени


Полска- Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средставта наменти за таа цел во претходните пет години. – Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, […]