Солун и целиот регион ќе имаат корист од Договорот од Преспа, смета висок американски функционер


Висок американски функционер во разговор со новинари на приемот организиран од грчко-американската комора од Северна Грција изразил убедување дека за пет години Солун, но и поширокиот регион ќе имаат корист од спроведувањето на Договорот од Преспа, бидејќи Солун ќе стане космополитски европски крстопат за земјите од Западен Балкан, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. -Тој го […]

Смртни закани за новинарите од Н1: Ќе ве кренеме во воздух и вас и зградата


Вработени во Н1 добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувањата за протестите во Србија. Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух. Н1 соопшти дека заканите се пријавени во полиција. Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните […]

Нетанјаху отвора свој телевизиски канал


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху отвора сопствен ТВ канал на Фејсбук, со цел да ги дистанцира главните медиуми и да обезбеди реално известување пред претстојните предвремени избори. „Ликуд ТВ“ ќе емитува вести секоја вечер во 19 часот по локално време до гласањето на 9 април под парола „Го исфрламе лажното од вестите“. Тоа се толкува […]

Осум луѓе изгореа во пожар во Париз


Бројот на загинати при пожарот во станбена зграда во Париз се зголеми на осум лица, 30-на други се повредени, меѓу кои има и шестмина пожарникари. Едно од повредените лица се наоѓа во животна опасност. Според јавниот обвинител Реми Хеиц, некои од загинатите паднале од зградата, додека некои се пронајдени во опожарените станови. Огнот е изгаснат, […]

Расипано месо од Полска најдено во неколку земји на ЕУ


Грција и Чешка се последните земји во кои е пронајдено увезено расипано месо од полска касапница, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврди Европската комисија по почетокот на истрагата вчера во Полска. Европските инспектори работат заедно со нивните полски колеги откако изби скандалот со расипано говедско месо увезено во петнаесет земји на Унијата: […]

Гутереш: ОН ќе останат неутрални во врска со Венецуела


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека светската организација нема да учествува во ниту една инцијатива на групите што се формираат во врска со решавањето на кризата во Венецуела, за да ја зачува неутралноста и кредибилитетот како организација која може да им помогне на сите страни во изнаоѓање решение. Гутереш со ова објасни зошто […]

Папа Франциско: Ниту едно насилство не може да биде верски оправдано


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска во Абу Даби оцени дека ниту едно насилство не може да биде оправдно со верски причини. – Ниту едно насилство не може да биде верски оправдано. Братството меѓу луѓето бара од сите нас, претставниците на религиите, да ја забраниме секоја нијанса на одобрување на зборот војна, изјави папата […]

Пуџдемон: ЕУ има двојни стандарди за Венецуела и за Каталонија


Поранешниот претседател на  каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон денеска ја обвини Европската унија за двојни стандарди, бидејќи сака да го признае Хуан Гуаидо за легитимен времен претседател на Венецуела, а во исто време го игнорирала неговиот обид за прогласување независност на Каталонија. – Јас бев избран за претседател од страна на демократски легитимен Парламент, а […]

Вонредна состојба во Сибир, температури до минус 52 степена


Во Сибир температурите достигнаа до минус 50 степени Целзиусови, поради што во некои области е воведена вонредна состојба. Учениците во голем број училишта се на принуден распуст. Поради временските услови, има проблеми и во воздушниот и во патниот сообраќај. Според соопштението од неколку аеродроми, летовите доцнат и до седум часа, а во северен Сибир, воздушниот […]

Дали во Франција ќе се одржи прв референдум во 14 години?


Претседателот на Франција, Емануел Макрон размислува за организирање референдум, што би бил прв во 14 години, и тој да се одржи на истиот ден со европските избори на 26 мај. Според француските медиуми, Макрон сака да ги праша граѓаните дали сакаат да се намали бројот на пратеници во Парламентот и дали сакаат да се ограничат […]

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во пожар во центарот на Москва


Шест лица загинаа во пожар што избувна синоќа во станбена зграда во центарот на Москва, изјави портпаролката на Руската истражна комисија, Јулија Иванова. Според неа, меѓу жртвите e еден од малолетник, пишува ТАСС. Пожарот избувна околу 1:20 по локално време во седумкатна зграда на булеварот „Никитски“ , а 42 станари се евакуирани од зградата, вклучително […]

„Рајанер“ во загуба од 20 милиони долари за три месеци


Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер (Ryanair) денеска соопшти дека е „во минус“ во третиот квартал на финансиската 2018-2019 година со нето загуба од 20 милиони евра поради што ќе почне голема реорганизација. За периодот октомври-декември авиокомпанијата е во загуба од 20 милиони евра во споредба со нето профит од 106 милиони евра за истиот период претходната година. […]

Британија, Шпанија, Франција и Австрија го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела


Шпанскиот премиер Педро Санчез го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Тој истакна дека на Венецуела и се потребни слободни и фер избори „колку е можно побрзо“. – Го признавам претседателот на венецуелскиот Парламент, господинот Хуан Гуаидо, како привремен претседател на Венецуела, нагласи Санчез. Велика Британија, исто така, денеска го […]

Нова катастрофа во Австралија


После големите жештини, делови на Австралија ги погодија катастрофални поплави. Во североисточниот дел на земјата повеќе од 20.000 луѓе се приморани да се евакуираат поради закани од поплави. Поради зголемиот водостој на реките, на патиштата се појавиле крокодили и змии, јавија локалните медиуми, а метеоролозите најавуваат уште дождови во наредните денови. Градот Таунсвил во Квинсленд […]

Мадуро го отфрли ултиматумот за распишување претседателски избори


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на повеќе европски земји за распишување претседателски избори. Мадуро за шпанската телевизија Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо. Ултиматумот на европските земји истече синоќа. Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, […]

ЕУ треба денеска да го признае Гуаидо за претседател на Венецуела


Рокот што и го постави Европската Унија на Венецуела за закажување нови избори истече на полноќ, и се очекува денеска ЕУ да го признае опозицискиот лидер Хуан Гуаидо официјално за претседател на Венецуела, јави дописничката на МИА од Брисел. По неколку денови двоумење, Европската Унија минатата недела му даде ултиматум на актуелниот претседател Николас Мадуро […]

Иринеј: СПЦ не ја признава Украинската православна црква


Српската православна црква (СПЦ) нема да ја признае „новата црква“ создадена во Украина, изјави патријархот на СПЦ, Иринеј за ТВ Русија 1. -Тие испратија покана, но ние одговоривме дека не сакаме да присуствуваме. Ние нема да ги признаеме, одговорил Иринеј на прашањето дали добил покана од украинскиот митрополит Епифаниј да присуствува на устоличувањето. Минатата недела […]

Членови на „Рубикон“ со бои ја нападнаа амбасадата на Италија во Атина


Група од околу 15 членови на анархистичката група „Рубикон“ со бои ја нападнаа италијанската амбасада во Атина. Полицијата приведе 14 лица, а грчкото МНР го осуди нападот. Од „Рубикон“ преку опширен текст објавен на анархистички сајт, заедно со видео од нападот, велат дека се борат против фашизмот и подемот на екстремната десница во Европа, а […]

Откриен радиоактивен цезиум во уловена риба во водите на Фукушима


Во риба уловена во водите на јапонската префектура Фукушима првпат по четири години откриен е радиоактивен цезиум над дозволената граница, соопшти денеска Асоцијацијата на рибарски здруженија на Фукушима. Дозволеното ниво на цезиум е 100 бекерели по килогарам, а во една риба ража уловена во четвртокот на длабочина од 62 метри, регистрирани се 161 бекерели. Поради […]

Израел ќе гради нов ѕид на границата со Појасот Газа


Израел најави изградба на нов ѕид на границата со Појасот Газа. – Ѕидот ќе ги оневозможи терористите од Појасот Газа да влегуваат на наша територија, изјави израелскиот премиер и министер за одбрана Бенјамин Нетанјаху. Новиот ѕид ќе биде долг 65 километри и висок шест метри и ќе биде сличен на ѕидот изграден на границата со […]