Нови проблеми за Меј: Британскиот парламент одби излегување од ЕУ без договор


Членовите на британскиот парламент на денешното гласање одбија излегување од Европската Унија без било каков претходен договор.

Исходот на гласањето беше тесен, односно 312 наспроти 308.

Ваквиот исход беше очекуван, а воедно значи дека членовите на парламентот сега ќе гласаат за одложување на Брегзитот.

Гласањето за одложувањето на Брегзит ќе се одржи утре. Велика Британија требаше на 29-ти овој месец да ја напушти Европската Унија, но премиерката Тереса Меј не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот за договорот кој го постигна Велика Британија со ЕУ.