Харадинај: Немнозинските заедници да се вклучат во дијалогот со Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги прими денеска во својот кабинет претставниците на Демократската партија на Турците во Косово, Муфера Шиник и Енис Керван, со кои,како што објави, разговарал за вклучувањето на претставници на немалцинските етнички заедници во државната делегација за дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Немнозинските заедници, вклучително и Турците, се неразделен дел на реалноста на Република Косово, давајќи им поддршка на сите процеси на државотворноста. Јакнењето на косовските Турци во контекст на дијалогот со Србија влијае на јакнењето на позициите на нашата држава како општество на вредности, како што се мултиетничноста и културната разноликост, напиша Харадинај на Фејсбук по средбата.

Шиник е актуелна пратеничка во косовското Собрание, додека Керван беше член на законодавниот дом од 2007 до 2010 година односно дел од пратеничкиот состав кој ја изгласа независноста на Република Косово во февруари 2008 година.