Во Италија уапсен емигрант со хероин вреден над шест милиони евра


Италијанската полиција уапси албански емигрант и заплени 22 килограма хероин и над 90 килограми супстанца која се користи при подготовката на дози со дрога.

Станува збор за лицето М.А.(31) кој живеел во градот Фоџиа.

Запленетата дрога доколку стигнела на нарко пазарот би достигнала вредност од 6,5 милони евра.

Албанскиот државјанин бил запрен при рутинска полициска контрола додека се движел со неговиот автомобил „јагуар“ на територијата на општина Масафра.

Со помош на куче обучено за откривање наркотици биле пронајдени скриени во воздушното перниче околу четири килограми и 200 грама хероин додека за време на контролата во гаражата кај станот на уапсениот уште 18 килограми хероин, супстанца и инструменти за подготовка на дози дрога.

Судот му одредил мерка притвор и тој е пренесен во затворот во Таранто.