Курц: Кикл не може сам себе си да се истражува
Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, по аферата во која е вмешан врвот на неговата Слободарска партија (ФПО), не може да остане на местото шеф на полицијата. ФПО изминатиов викенд остана без лидерот и потпретседателот, Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, откако се појавија видео снимки од 2017 година […]