(Видео) Полицијата ги запленува работите на Асанж


Во амбасадата на Еквадор во Лондон во тек е заплена на имотот на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, пренесува Спутник.

Властите на Еквадор порано соопштија дека ќе ги предадат сите документи кои ги поседувал Асанж во амбасадата на САД.

Покрај документите, на САД ќе бидат предадени и сите мобилни телефони на Асанж, компјутерите и хард-дисковите.

Еквадор, во чија амбасада Асанж најде прибежиште во 2012 година, одлучи да го прекине дипломатскиот азил на основачот на „Викиликс“ поради нарушување на меѓународните конвенции.

Асанж беше уапсен на 11 април по налог на Шведска и САД. Судот во лондон го прогласи за виновен за нарушување на условите за пуштање од затвор со кауција и закажа следно сослушување на 2 мај.

САД го обвинува Асанж за заговор и објавување украдени службени документи. Министерството за правада на САД соопшти дека Асанж може да биде осуден на пет години затвор.

Според лондонскиот суд, САД се должни до 12 јуни да досатаван на Велика Британија документи за испорака на Асанж. Во случај на подигнување обвинение врз основа на Законот за шпионажа, Асанж во САД може да биде осуден и на смртна казна.

https://www.facebook.com/rs.sputniknews/videos/703958116707388/