Таџикистан: Нереди во затвор, загинаа 29 затвореници


 

Вкупно 29 затвореници, меѓу кои и 24 припадници на Исламската држава, и три чувари, настрадаа во нередите во затворот во близина на Душанбе, во Таџикистан.

„Вкупно 24 припадници на исламска држава се убиени. Исламистите убија и тројца чувари“, соопшти таџикистанското Министерство за правда и додава дека убиени се уште петмина затвореници.

Нередите во затворот избиле синоќа, се додава во соопштението.