Протести против национализмот во повеќе европски градови

A

Неколку десетици илјади лица денеска излегоа на протести во повеќе европски градови против национализмот и десничарскиот популизам.

Протестите организирани во пресрет на изборите за Европскиот парламент се одржаа под слоганите „Една Европа за секого: Вашиот глас против национализмот“ и „Не на омразата, да на промените“.

Меѓу градовите во кои се одржаа вакви протести беа Берлин, Будимпешта, Женева, Утрехт, Варшава. Букурешт, Хамбург, Келн, Франкфурт, Минхен и Лајпциг.

Организатори на протестите беа над 70 групи, кои велат дека ја поддржуваат ЕУ, но бараат и промени во миграциската политика и поддршка на мисиите за помош на мигрантите во Средоземното Море.