Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел


Белгиското федерално обвинителство соопшти попладнево дека е уапсено едно лице за кое постои сериозен сомнеж дека планирало напад врз американската амбасада во Белгија. Лицето М.Г. е лишено од слобода во саботата во центарот на Брисел од страна на федералната полиција на Белгија и се сомничи за терористички напад врз Амбасадата на САД. Според судски извори […]

Полска го прекршила правото на ЕУ, утврди Европскиот Суд за правда


Европскиот суд за правда оцени дека законот со кој се намалува возраста за пензионирање на судиите е спротивен на правото на Европската Унија. Предметот го покрена Европската Комисија минатата година откако полските власти го донесоа овој закон, за кој голем дел од стручната јавност смета дека е обид за отстранување на „неподобните“ судии од системот […]

(Видео) Се судрија два германски борбени авиони, делови паднале во населена област


Два борбени авиони „еурофајтер“ се судрија на небото над Германија во близина на градот Малхов, објави „Билд“. Се претпоставува дека пилотите навреме се катапултирале, меѓутоа постои опасност остатоците да паднале на населена област. Според министерството за одбрана на Германија, авионите се судриле над шумска област, каде и паднале нивните остатоци, што предизвикало пожар. Видео постирано […]

Париз подготвен ги дочека рекордните температури


Властите во Париз поставија „студени соби“ во општинските згради, отворија базени за ноќно капење и поставија дополнителни чешми за пиење вода низ градот, како мерки за справување со „евентуално опасниот“ топлотен бран, кој може да достигне рекордни температури до крајот на месецов. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека осум базени ќе бидат отворени по […]

Го купија сето пиво за да спречат одржување фестивал


Жителите на германскиот град Острица на многу необичен начин решија да се спротивстават на одржување на фестивал во овој град. Противниците на неонацистичкиот фестивал во овој источногермански град во саботата на необичен начин организираа протест. Имено, тие го купија сето пиво од продавничките во местото. Оваа акција следеше откако полицијата забрани алкохол на екстремно-десниот фестивал […]

ПССЕ ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа


 Парламентарното собрание на Советот на Европа ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа закажана за денеска на пладне, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Причината за откажувањето е предолгата расправа за дневниот ред на летната сесија на ПССЕ, во која се водеа процедурални дискуии за тоа дали на дневниот ред треба да се […]

Евакуиран Парламентот во Лондон по предупредување за пожар


Британскиот Парламент беше евакуиран денеска поради предупредување за пожар, јавија британски медиуми. Парламентарците биле известени да го напуштат објектот преку разгласниот систем откако се вклучил и звучниот аларм за пожар. Алармот бил исклучен по 20-тина минути по што на парламентарците, останатите вработени и новинарите им било дозволено да се вратат во Вестминистерската Палата.  

Казахстан: Се евакуираат 44.000 жители по експлозии во воена база


Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, со 44.000 жители по серијата експлозии во блиското складиште за муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Експлозии чија причина не е позната се случија во воената база во Арис. Министерството нагласува дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат за 10 лица со […]

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Јапонија


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел на Јапонија утрово, објави јапонската Метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Чиба, во близина на главниот град Токио. Не е објавена тревога за цунами. Земјотресот бил со јачина од 4 во јапонска скала, што се движи од […]

Смртта на Морси: Како Каиро го контролираше наративот


Каиро – Ако египетските дневни весници се единствениот извор на вести, можеби ќе се разбудевте во вторникот за да откриете дека еден граѓанин со име Мухамед Морси ал-Ајат починал вчерашниот ден за време на судското сослушување за обвиненијата за шпионажа. Всушност, навидум незабележливиот 67-годишник е првиот демократски избран, цивилен претседател на Египет. Високиот член на […]

Австриски експерти: Илегални мигранти бегаат од Балканот


Илјадници имигранти се обидуваат моментно да избегаат од Балканот, каде што ситуацијата е тешка поради преполните кампови и заради криминал меѓу илегалните имигранти, предупреди шефот на Одделот за борба против трговијата со луѓе во австриската Криминалистичка служба Гералд Тацгерн. Тацггерн истакнува дека трговците со луѓе пренесуваат се повеќе мигранти во камиони, па може да се […]

Зеленеење на Германија


Во текот на изминатата година, поддршката за еколошката партија во државата е двојно зголемена. Во неколку неодамнешни анкети, партијата Зелени дури и ги надмина навидум непобедливите христијански демократи на канцеларката Ангела Меркел (неформално познати како „црните“ во германскиот партиски спектар на бои). Растот на партијата ги поттикнува надежите (и стравувањата) дека она што долго време […]

Хант: Загрижени сме да не почне случајна војна


Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, изјави дека Британија не смета дека ниту САД ниту Иран  сакаат војна, но дека е многу загрижена дека би можело покренување случајна војна. -Ние сме многу загрижени: не мислиме дека ниедна страна сака војна, но ние сме многу загрижени дека би можеле да се најдеме во случајна војна […]

ФБИ држи десет црногорски морнари на брод каде беа запленети 17,5 тони кокаин


Агенти на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски државјани на брод во Филаделфија, каде беа запленети 17,5 тони кокаин, откако освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добија и другите морнари од Црна Гора. Црногорски медиуми јавија дека на некои од нив им е дозволено да контактираат со […]

ПССЕ би можело повторно да ги отвори вратите за Русија


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), би можело повторно да ги отвори вратите за Русија, санкционирана од 2014 година за својата агресивна политика во однос на Украина. По ова прашање ПССЕ е поделено, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Непосредно пред летната сесија на Парламентарното собрание на Советот, рускиот парламент посочи дека нејзината делегација […]

Рохани: САД ги поттикнуваат тензиите на Блискиот Исток


Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за подгревање на тензиите во веќе и така проблематичниот регион на Блискиот Исток. Рохани рече дека „интервенционистичкото воено присуство” на САД е одговорно за проблемите на Блискиот Исток. Тој, исто така, ги критикуваше САД за, како што рече, упадот на американскиот дрон во иранскиот воздушен простор, кој […]

(ВИДЕО) Во Прага голем протест против премиерот Андреј Бабиш


Околу 250.000 луѓе денеска се собраа во Прага и го повикаа премиер Андреј Бабиш да поднесе оставка, поради малверзации со субвенции од ЕУ, пренесоа организаторите на протестот. -Судејќи по фотографиите од воздух, се чини дека не има околу 250.000. Ќе видиме уште колку луѓе ќе дојдат, рече Микулас Минар, кој ја води невладината организација „Милион моменти […]

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул


Кандидатот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Бинали Јилдирим, денеска го призна поразот на локалните избори во Истанбул откако беа објавени првите резултати од гласањето, кои му даваат голема предност на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу. -Според резултатите, мојот противник Екрем Имамоглу води. Му честитам и му посакувам среќа. Се надевам дека добро ќе му служи на Истанбул, изјави […]

Расте бројот на членови на екстремната десница во Германија


Сојузната служба за заштита на уставниот поредок на Германија забележала минатата година пораст на кривични дела со радикално десна позадина, објави денеска „Билд“. -Бројот на луѓе, кои се припишуваат на екстремната десница, е во благ пораст. Во 2018 година, регистрирани се 24.100 такви лица, што е 100 повеќе од 2017 година, наведува „Билд ам Зонтаг“, […]

Палестинците ја одбија „шансата на векот”, планот на Трамп од 50 милијарди долари


Белата куќа подготви план за економско закрепнување на Блискиот Исток, вреден 50 милијарди долари, кој би ги опфатил Палестинските територии и соседните арапски земји, а кој Палестинците веднаш го отфрлија. Планот предвидува создавање на глобален инвестициски фонд во вредност од 50 милијарди долари, кој би го финансирале богатите земји, како и фонд од пет милијарди […]