ПССЕ ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа


 Парламентарното собрание на Советот на Европа ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа закажана за денеска на пладне, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Причината за откажувањето е предолгата расправа за дневниот ред на летната сесија на ПССЕ, во која се водеа процедурални дискуии за тоа дали на дневниот ред треба да се најде промената на деловникот на ПССЕ, со што индиректно и директно вечерва може да се отвори вратата за враќањето на Русија во Советот на Европа, како и барањето за отворање на ургентна дебата за соборувањето  на малезискиот авион во Украина.

Дебатат беше толку многу жестока и напната што хемисиклот на Палатата на Европа по многу наликуваше на еден од националните парламенти во кои се судираа власта и опозицијата. Во случајов тука беа противниците и приврзаниците на враќањето на Русија во ПССЕ.

Така свечената седница посветена на 70-годишнината на Советот на Европа ќе се одржи во окотмври.