Го купија сето пиво за да спречат одржување фестивал


Жителите на германскиот град Острица на многу необичен начин решија да се спротивстават на одржување на фестивал во овој град.
Противниците на неонацистичкиот фестивал во овој источногермански град во саботата на необичен начин организираа протест.
Имено, тие го купија сето пиво од продавничките во местото.
Оваа акција следеше откако полицијата забрани алкохол на екстремно-десниот фестивал „Schild und Schwert Festival” во хотелот во кој се собраа околу 600 неонацисти во петокот и во саботата.
Полицијата во петокот им заплени 4.200 литри пиво на учесниците на фестивалот, а во саботата уште 200 литри.
На улиците на овој град 300 луѓе мирно маршираа во знак на протест против фестивалот, а локалните жители се организираа и купија повеќе од 100 гајби пиво од сите продавници во околината, за да го спречат одржувањето на неонацистичкиот фестивал.