Драматично видео: Специјалци скокаат на нарко-подморница полна кокаин


  Американската крајбрежна стража во четвртокот објави драматично видео на еден службеник кој се фрла на подморница која превезува речиси 8.000 килограми кокаин.   Пратката која се пренесувала со подморница, вреди 232 милиони долари. Стражарот Катер Манро се гледа на видео-снимката како вика на неидентификуваниот пловен објект да застане додека се движи кон пресретнувачот во […]

Грција го призна Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела


Владата на Грција, согласно заедничката позиција на ЕУ, одлучи да го признае Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела кој треба да распише слободни, фер и демократски избори, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека грчката Влада ги поддржува напорите на ЕУ, особено […]

Хан назначен за трет мандат во идната Европска комисија


Сегашниот еврокомесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, беше назначен од австриската Влада за уште еден мандат во идниот состав на Европската комисија. Секоја земја членка на Европската унија именува еден кандидат за еврокомесар кој потоа треба да биде сослушан и потврден од Европскиот Парламент. Австриската канцеларка вчера официјално го номинираше Јоханес Хан за […]

Финското претседателство со ЕУ ќе работи на кредибилна перспектива за проширувањето


Проширувањето претставува стратешка инвестиција за иднината на Европската Унија, стои во програмата на финското претседателство кое започна на први јули. -Финска ќе продолжи да работи на кредибилна перспектива за проширувањето кон Западен Балкан, регион кој има високо стратешка вредност за Европската Унија, смета финското претседателство. Ова е единствениот дел кој се однесува на политиката на […]

Бразилскиот претседател го номинира својот син за амбасадор во САД


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера соопшти дека својот син Едуардо го предложил за амбасадор во САД, пренесоа светските агенции. Болсонаро изјави дека неговиот син, кој во моментов е пратеник, треба да одлучи дали сака да ја преземе дипломатската должност. Бразилскиот претседател, кој кажува дека неговата претседателска кампања минатата година била инспирирана од американскиот претседател Доналд […]

Еден загинат, 13 повредени во пожарот во електраната во Москва


Едно лице загина, а 13 се повредени во пожарот кој избувна денеска во гасната електрана во регионот на Москва, со пламени столбови високи преку 50 метри, јавија руските власти. Според агенцијата Риа Новости, загинал чувар на централата, едно лице е префрлено во болница, а 12 се полесно повредени. Извори од Медицинскиот центар за итни случаи […]

Израелската армија по грешка застрела палестински војник


Израелската армија денеска уби припадник на Хамас во градот Беит Ханоун, северниот дел на Појасот Газа. Според израелската армијата тој бил застрелан по грешка. Тоа е прв инцидент од мај кога беше постигнат неформален прекин на огнот. Хамас соопшти дека израелската армија „намерно пукала“ и се закани со одмазда за убиениот член. Израел и Хамас […]

Трамп: Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи – најверојатно да


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер одговори на прашањето дали воопшто ќе станеше шеф на Белата куќа ако немаше социјални медиуми и порача дека ќе замине од власт дури во 2033 година. – Белата куќа ќе биде домаќин на многу голем и многу важен Самит на социјалните мрежи. Дали јас ќе станев претседател ако немаше […]

Исламска држава му се заканува на Ердоган


Терористичката организација Исламска држава му се закани на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, преку видео снимка објавена синоќа. – Еј, Ердогане, арогантен тиранин на Турција, немој да мислиш дека мечевите на калифатските војници се далеку од тебе, вели војник на ИД на турски јазик, во придружба на двајца мажи кои држат автоматски пушки. Со прекриени […]

„Ербнб“ воведува промени за подобра заштита на потрошувачите во ЕУ


Европската Комисија најави дека онлајн платформата за сместување „Ербнб“ по неколку месеци преговори со европските власти, ќе воведе промени во својата понуда со што потрошувачите треба да бидат подобро заштитени, во согласност со правилата на ЕУ. Од сега, соопшти ЕК понудата на веб сајтот на „Ербнб“ ќе биде презентирана на појасен начин, согласно стандардите на […]

Мицотакис изрази сочувство до семејствата на жртвите на Халкидики


Сочувство до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики изрази грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина. -Сакам да го изразам моето искрено сочувство за семејствата на жртвите од катастрофалното невреме на Халкидики и да им посакам брзо оздравување на оние кои што се хоспитализирани. Вложуваме максимални […]

ЕП во вторник ќе гласа за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК


– Европскиот Парламент во вторник вечер ќе гласа за предлогот на Европскиот совет Урсула фон дер Лајен да ја предводи Европската комисија, соопшти денеска прес службата на ЕП. Според западните агенции, се предвидува претходно во вторник Фон дер Лајен да им се обрати на европратениците во пленарната сала на ЕП. Таа пред нив треба да […]

(ВИДЕО) Пожар во електроцентрала во близина на Москва, пламените јазици високи 50 метри


Во гасната електрана во близина на Москва денес избувна голем пожар, објави ТАСС. На местото на настанот се излезени противпожарни служби, а во гаснењето се вклучени и два хеликоптера, пренесува РТ. На видеата што се објавени на социјални мрежи се гледа пожарот кој се крева на небото, дури 50 метри во височина. Првично се соопштува […]

Кој е Белгиецот што ќе го наследи Доналд Туск? Шарл Мишел, градител на компромиси


Десет години од првото именување на Херман ван Ромпуј, Белгија повторно ќе ја заземе врвната европска функција, при што премиерот Шарл Мишел ќе го замени Доналд Туск на 1 декември. „Шарл Мишел, со своето искуство како белгиски премиер, ќе биде идеален за изнаоѓање консензус и градење единство меѓу земјите членки“, рече Туск откако водачите на […]

Утврдена група за борба против дезинформации и хибридни закани на ЕУ


Белгија – Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера дадоа зелено светло за формирање на хоризонтална работна група за борба против хибридните закани, со посебен фокус врз лажните вести и дезинформациите. Оваа работна група е предлог на трите последователни претседателства, романското, финското и хрватското. Според документот до кој дојде Агенција Европа, претседателствата планираат да исцртаат глобален […]

Европарламентот ги избра комисиските претседатели, екстремната десница исклучена


Белгија– Новите европратеници вчера ги избраа претседателите на парламентарните комисии во новиот состав на Европскиот Парламент, како и повеќето потпретседатели. Санитарниот кордон против партиите од екстремната десница е активиран за да се спречат овие пратеници да добијат раководни функции. Претседателите и потпретседателите на 20-те парламентарни комисии и двете поткомисии беа избрани вчера. Европратениците ги спречија […]

Русија ќе гради џиновски автопат долг 2.000 километри за да се поврзе со Кина


Рускиот премиер Дмитриј Медведев одобри изградба на автопат долг 2.000 километри, што би требало да ја поврзи Русија со Кина. Изградбата на автопатот ќе чини 9,4 милијарди долари. Автопатот од руско-кинеската граница ќе се простира на запад и ќе претставува најкраток пат за копнен транспорт на стока од Кина во Европа. Исто така ќе го […]

Трамп најави поригорозни санкции за Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Иран дека веќе подолго време тајно збогатува ураниум и му се закани на Техеран со поригорозни санкции. – Иран веќе подолго време збогатува (ураниум), што е целосно кршење на ужасниот договор вреден 160 милијарди долари, што го напраивја Џон Кери и администрацијата на Обама. Сетете се, тој договор […]

Зеленски потпиша декрет со кој Чернобил ќе стане туристичка дестинација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша декрет со кој се укинуваат претходните забрани за посета на чернобилската „зона на исклучување“ околу местото на катастрофата на нуклеарниот реактор во 1986 година и ќе се создаде „зелен коридор“ за туристите. – Треба да го покажеме Чернобил на светот: на научниците, експертите за животна средина, историчарите и […]

Силно невреме во Италија, повредени 18 лица


Најмалку 18 лица се повредени во невреме, проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара. Повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици. Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо. По бурата во Пескара, […]