Телефонски разговор Џонсон – Трамп за Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале по телефон за Брегзит и за американско-британскиот договор за слободна трговија.

„Одличен разговор со премиерот Џонсон. Разговаравме за Брегзит и на кој начин можеме да ги забрзаме работите околу трговскиот договор САД-Велика Британија“, напиша Трамп на Твитер.

Џонсон и Трамп зборувале вчера, непосредно пред самитот на Г7 во Франција, а американскиот претседател додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со британскиот премиер во Бијариц во текот на викендот.

Портпаролот на канцеларијата на Џонсон изјави дека тие разговарале за економски прашања, трговските односи, а британскиот премиер го информирал Трамп за последните случувања околу Брегзит.