Протест на „жолтите елеци“: Уапсени 152 лица за време на воената парада во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговото појавување на Шанзелизе во командниот воен автомобил, беше исвиркан од „жолтите елеци“ присутни на познатата авенија. Потоа почнаа тензиите меѓу демонстрантите и полицијата, при што 152 лица беа уапсени, јави дописникот на МИА. На маргините на одбележувањето на францускиот националне празник, во Париз избија судири меѓу „жолтите […]

Протест во Москва, опозицијата бара да учествува на избори


Околу илјада луѓе се собраа денеска во центарот на Москва барајќи изборната комисија да ја прифати кандидатурата на опозицискиот кандидат на изборите за градско собрание во септември. Собирот е одобрен како митинг на опозициските лидери и нивните гласачи, бидејќи Московската изборна комисија одби да ја прифати кандидатурата на нивните неколку претставници поради неважечки потписи. Демонстрантите […]

(ВИДЕО) Војници од иднината: На парадата во Париз се појави „летачки војник“


Една од најспектакуларните сцени на воената парада по повод Денот на падот на Бастилја, која денес се одржа во Париз во знак на сеќавање на 14 јули 1789 година, кога тврдината-затвор била освоена за време на Француската револуција, беше подготвена од поранешниот шампион во џет-ски Фреки Запата кој леташе на „Флајборд еру“ – летачка купола. […]

Силен земјотрес од 7,3 степени ја погоди Индонезија


Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди денес островот Молучка во источниот дел на Индонезија, соопшти американското Геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернате. Досега не се пријавени извештаи за можни жртви или материјална штета, објави Ројтерс.

Франција најави создавање команда на вселенски сили


Францускиот претседател Емануел Макрон во предвечерието на националниот празник на Франција – 14 Јули, обраќајќи ѝ се на армијата во Министерството за одбрана, најави создавање команда на национални воени вселенски сили, која ќе биде дел од воздухопловните сили на Франција, јави дописникот на МИА. – За да се гарантира развојот и зајакнувањето на нашиот капацитет […]

Египет отвора две најстари пирамиди за посетителите


Египет – Египет ќе ги отвори за посетителите двете најстари пирамиди кои се наоѓаат околу 40 километри јужно од Каиро, првпат од 1965 година. Министерот за антиквитети Калед ел Анани изјави дека египетските археолози во кралската некропола Дахшур пронашле колекција камени, глинени и дрвени саркофази, од кои некои содржат мумии. Тој додаде дека се пронајдени и […]

Менхетн во мрак: Не работеше метрото, продавниците под клуч


Повеќе од 70.000 лица остана неколку часа без струја на Менхетн поради дефект во електродистрибутивната мрежа. Поради дефектот, подземната железница не работеше, а продавниците беа затворени. Снемувањето струја се случи поради пожар што избувна на аголот на 64. Западна улица и Вест Енд. Извршниот директор на електродистрибутивната компанија „Кон Едисон“, Џон Мекавој, изјави дека причината […]

„Мејл од сандеј“: Трамп за инает на Обама се повлекол од договорот со Иран


Англија – Американскиот претседател Доналд Трамп се повлекол од иранскиот нуклеарен договор поради „дипломатски вандализам“, со цел да му пркоси на својот претходник Барак Обама. Ова го напишал поранешниот британски амбасадор во Вашингтон, Ким Дерок во новооткриениот шокантен допис до Даунинг стрит, пишува „Мејл он сандеј“. Дерок наведува дека американскиот претседател се повлекол од нуклеарниот договор […]

Силен земјотрес во Австралија


Австралија– Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди брегот во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 33 километри под површина на земјата.

Протестите против Вучиќ продолжија и на дожд


И покрај дождот и невремето во Белград, неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да протестираат против Александар Вучиќ и начинот на кој што ја практикува власта. На собирот говореа советничката на Демократската партија, Драгана Ракиќ и учителот Марко Радосавлјевиќ, кој бил приведен од полицијата по минатиот протест. „Се бориме за правда, независни медиуми и […]

И богатите земји имаат недостиг на лекови


Фармацевтите и здравствени групи предупредуваат на се поголем недостиг на лекови во Европа, што е поврзано со ограничениот број доставувачи на медикаменти кои главно се наоѓаат во неколку азиски земји. Само овој месец, пациенти заболени од рак не можеле да добијат соодветно лекување во Италија. Недостигот на невролошки лекови достигнал сериозно ниво во Полска, додека […]

Спасот на „Алиталија“ мора да се најде до понеделник 


Познатото семејство индустријалци Бенетон е последната шанса за спасување на националната авиокомпанија „Алиталија“, а италијанската влада се надева дека договорот ќе биде постигнат до понеделник. Како што јавуваат италијанскиот печат и агенциите, инфраструктурната компанија „Атлантија“ во сопственост на Бенетон го разгледува купувањето на 35 до 40 отсто од уделите во „Алиталија“. „Атлантија“ би вложила околу […]

Париз: Уапсени 37 мигранти за време на протестот на „црните елеци“


Париската полиција вчера уапси 37 лица за време на протестот на илегалните мигранти, откако демонстрантите го опколиле познатиот Пантеон со барање да им се одобрат дозволи за престој. Полицијата на Твитер објави дека ги евакуирала демонстрантите кои илегално живеат во Франција и бараат средба со премиерот Едуард Филип, а при акцијата се уапсени 37 лица. […]

Претставничкиот дом со гласање го спречи Трамп да почне војна со Иран


Претставничкиот дом на САД денеска гласаше со цел да го спречи претседателот Доналд Трамп да почне војна со Иран, освен во случај на самоодбрана. Според најновата одредба, на Трамп му е потребно одобрување од законодавците во случај да планира да нареди воена акција против Иран. Се уште не е познато дали конкретните санкции кон Иран […]

Министерот за труд на САД си поднесе оставка


Министерот за труд на САД, Александар Акоста, објави денеска дека си поднесува оставка. Тој неговата одлука ја соопшти на прес-конференција во Белата куќа, додека до него стоеше претседателот Доналд Трамп, кој потврди дека тоа е одлука на Акоста. Акоста ја напушта функцијата поради случајот со милијардерот Џефри Епстин, кој во 2007 година беше обвинет за […]

Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери


Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен. . – Бурата вечер или в сабота на утро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Луизијана, објави Националниот центар за урагани. Трамп апелираше до населението да ги следат […]

Нова еколошка такса за авионски карти


Француската Влада најави дека ќе воведе еко-такса на сите летови кои ја напуштаат земјата. Таксата ќе изнесува до 18 евра, пишува Индепендент. Министерката за транспорт Елизабет Борне изјави на прес-конференција дека се очекуваат 180 милиони евра годишен приход од 2020 година, кои понатаму ќе се вложуваат во финансирање на сообраќајни инфраструктури, а најмногу во железницата. […]

Пентагон седум месеци без шеф


Ни по седум месеци од оставката на министерот за одбрана на САД Џејмс Матис нема негов наследник и тоа во многу проблематичен момент со оглед на тензиите со Иран. Американската агенција АП наведува дека седум месеци по оставката на Матис, Пентагон и понатаму нема официјален шеф, во момент кога американската нација се соочува со потенцијален […]

Најмалку шестмина загинати, 13 повредени и осуммина исчезнати во свлечишта и поплави во Непал


Најмалку шест лица загинаа, 13 други се повредени, а осуммина се водат за исчезнати откако обилните монсунски дождови денеска предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал, јави ДПА. Метеоролозите издадоа предупредувања по поројните дождови што ги погодија источните и централните региони на земјата. -Регионите Хили се погодени од лизгање на земјиште, додека регионот на […]

Што се случува со Ангела Меркел?


Времето очигледно не беше во прашање овој пат. Кога Ангела Меркел повторно почна да трепери во средата за време на воените почести за новиот фински премиер Анти Рине на звуците на германската национална химна, беше премногу студено за Берлин ова лето. Во средината на јуни, на инаугуративната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Меркел имаше […]