Епстајн го потпишал тестаментот два дена пред да се самоубие

САД– Нови судски документи покажуваат дека милионерот педофил Џефри Епстајн, кој беше осомничен во сексуалниот скандал со подведување малолетнички, го потпишал тестаментот само два дена пред да си го одземе животот во затворот на Менхетн.

Документите покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но се објавени детали за наследниците, јавува Асошиејтед прес.

Адвокатска фирма ја потврди автентичноста на тестаментот, кој прв го објави Њујорк пост.

Епстајн поседувал остров на Карибите, станови во Њујорк и во Париз, и голема ергела на автомобили.

Неколку наводни жртви на Епстајн најави дека ќе бараат да се заплени неговиот имот и да се подели како надомест на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура.

Епстајновиот адвокат Вилијам Блум кажа дека сите барања во врска со распределбата на имотот на милионерот педофил ќе бидат „праведно решени“.