Потврдена затворската казна на австралискиот кардинал Џорџ Пел

Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца.

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред зградата на судот, јавија американските медиуми.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.