Ресторанот на насилникот од Албанија бил дивоградба и е срушен


Сопственикот на ресторан од Албанија, што минатата недела нападна шпански туристи, остана без својот угостителски објект откако изутринава, по наредба на градежен инепсктор механизација ја урна градбата. Како што пренесуваат локалните медиуми, инспекциската контрола утврдила дека објектот е бесправно изграден. Сопственикот на локалот, Михаил Кокдима, моментално е во затвор по нападот на туристите.

За случајот експресно реагираше и албанскиот премер Еди Рама откако низ интернет порталите и социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како угостителот ги напаѓа туристите и им ја крши шофершајбната.

„Насилникот што ги нападна нашите шпански пријатели го прекрши светиот код на албанската гостопримливост, посрамотувајќи нѐ сите нас. Им се извинивме на шпанските туристи и тие повторно ќе дојдат тука“, пишува Рама.

Aлбанските медиуми,повикувајќи се на шпанските медиуми, ставаат посебен акцент на тоа чие е семејството, кое „цел живот ќе го памети престојот во Албанија во негативен контекст“.

-Нападнатото семејство е на Еугенио Галдон (69), познат бизнисмен чиј имот се проценува на над 340 милони евра. Основач е на ОНО, поранешен шеф на кабинетот на екс претседателот Адолфго Суарез и поранешен сопственик на медумските групации Prisa или COPE. Тој заедно со четворица членови од неговото семејство со сопствена јахта пристигнале во Саранда а на 15 август, кога се случи инцидентот, ангажирал возило и двајца Албанци да ги прошетаат по јужниот дел од албанското крајбрежје, наведуваат медиумите.

Шпанците влегле во ресторанот „Панорама“ сопственост на Михаил Кокдима за да ручаат. Според нивниот исказ незадоволни од квалитетот на храната тие станале со намера да заминат, кога биле физички нападнати.

Според сопственикот, пак, тие немале трпение да почекаат малку додека се подготви нарачката.

-Сакаа да си заминат. Не можеле малку да почекаат а кој мене ќе ми го плати трошокот. Толку многу внимание му дадовте на овој настан како да станува збор за Бин Ладен, изјавил Кокдима пред судија.

Како што пренесоа медиумите, турстите и придружниците прво биле физички нападнати во ресторанот, кога му се пожалиле на лошиот квалитет на храната. Фрлал и тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната, па кога тие заминувале се фрлил врз хаубата на која, според видеото кое екслузивно го пренесе ТВ Рапорт, се гледа и крв. Јасно се гледа како се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидува да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.

Возилото било забележано од припадници на специјалната единица за брза интервенција, кои со возило се движеле во тој регион, по што им притекнале на помош. Двајца од туристите добиле и потребна здравствена заштита.