Макрон го повика Џонсон во Париз за да разговараат за Брегзит


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон го покани британскиот премиер Борис Џонсон во наредните недели да го посети Париз, соопшти Елисејската палата. Макрон и Џонсон ќе разговараат за Брегзит, изјави претставник на Елисејската палате, кој додаде дека разговорот на францускиот претседател со британскиот премиер ќе бидат во согласност со барањата на ЕУ во врска со Брегзит. […]

Блумберг: Помпео ја повика Турција да не го става во оперативна употреба системот С-400


САД – Американскиот државен секретар  Мајк Помпео ја повика Турција да не го стаа во оперативна употреба системот за противоракетна одбрана С-400, што го купи од Русија, откако американскиот претседател  одлучи да не наметнува санкции против Анкара. -Може да има санкции, но чесно кажано тоа што навистина би сакале е С-400 да не почне да функционира, […]

Шеснаесет американски маринци уапсени поради сомнежи за шверц на мигранти


САД – Вкупно 16 американски маринци биле уапсени вчера во нивната база во јужна Калифорнија, поради сомневање за казнени дела поврзани со дрога и шверц на илегални мигранти долж границата на САД и Мексико, соопштија американски воени претставници. Апсењата на Камп Пендлтон произлегоа од одделна истрага на двајца други маринци кои биле уапсени претходно овој месец […]

Маж скокна врз автомобилот на поранешниот украински претседател Порошенко


Непознат маж скокна врз автомобилот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко додека тој заминуваше од сослушувањето во својство на сведок поради продажбата на бродоградилишта на друг бизнисмен. На снимка емитувана на локалните телевизии се гледа како напаѓачот го прска со спреј во лице еден од телохранителите на Порошенко, кој интервенираше. Напаѓачот беше совладан од друг […]

Европол: Над еден тон кокаин и три милиони евра запленети во операција против шверц на Балканот


Над еден тон кокаин и три милиони евра се запленети во глобална операција против шверц на Балканот, соопшти Европол. Криминалната мрежа е осомничена дека внела дрога во Европа од Јужна Америка во текот на оваа година и лани со приватни авиони. Проценките се дека криминалците доставиле и хероин од Макао и Хонг Конг со бродови. […]

Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права


Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни узанси и правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. […]

Париз се препотува, измерени 40 степени Целзиусови


Точно во 13:36, во Париз беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени според Метео-Франс. Тие најавија дека живата на термометарот ќе се зголеми на 42 степена попладнево во Париз, јави дописникот на МИА од Франција. Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години, а 41 Целзиусов степен веќе беа […]

Ѕидовите на „Нотр дам“ би можеле да паднат поради рекордните горештини


Рекордните жештини кои ја зафатија Европа може да доведат до уривање на ѕидовите на катедралата „Нотр дам“, предупредија стручњаците. Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, вели дека камените ѕидови на катедралата и понатаму се заситени со вода, како последица на гасењето на пожарот во април. Со рекордните температури кои се очекуваат во […]

Џонсон: Брегзит ќе ја претвори Британија во најдоброто место на светот


Новиот британски премиер Борис Џонсон во својот прв говор во Парламентот рече дека Брегзит ќе ја претвори Велика Британија во најдоброто место во светот. – Нашата мисија е да го реализираме Брегзит на 31 октомври со цел да го обединиме нашето големо Обединето Кралство и да ја направиме земјата најдобро место во светот, истакна Џонсон. […]

ЕК ја тужи Унгарија поради мигрантите


Белгија– Европската комисија соопшти денеска дека одлучила да ја тужи Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законите кои ги криминализираат активностите за поддршка на барателите на азил и дополнително го ограничуваат правото на барање азил. ЕК нагласи дека испратила и официјално писмо за условите во транзитните зони, односно објектите кои се наоѓаат на границата […]

Борис Џонсон со ултиматум до Брисел за новите преговори за Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон му постави ултиматум на Брисел за повторно да преговара за Брегзит или да се соочи со можноста Британија да ја напушти Европската унија без договор. – Ние сме подготвени да преговараме, со добра волја, за алтернативен договор за Брегзит, рече Џонсон во првото обраќање во Парламентот. – Ќе се фрлиме во […]

Турција се повлекува од Договорот со ЕУ за мигрантите


Турција ќе се повлече од Договорот со ЕУ за реадмисија на мигрантите, склучен во 2016 година, како одговор на санкциите на Брисел против Анкара поради истражувањето гас во кипарските води. Тоа во интервју за турска телевизија го изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Благодарејќи на договорот ЕУ-Турција, бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките […]

Загинаа двајца планинари на Матерхорн


Во несреќа во горните делови на прочуената планина Матерхорн загинаа двајца планинари, соопшти швајцарската полиција. Двајца мажи, од кои еден водич, загинале кога карпа што се одделила паднала врз нив. Несреќата се случила вчера утрото на надморска височина од 4.250 метри, а телата им се најдени синоќа на 3.600 метри надморска височина. Властите сега работат […]

Почина претседателот на Тунис


Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, првиот демократски избран шеф на земјата, почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет. Тој претходно денеска беше примен во воената болница во главниот град, трет пат во последните неколку недели, јавија медиумите во оваа земја. Во медиумските извештаи се наведува дека Есебси е примен в болница заради здравствени […]

Две училишта во близина на Нотр-Дам затворени поради присуство на олово


Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово, јавува дописникот на МИА. Двете училишта, забавиште и основно, се наоѓаат на улицата Сант Беноа, во 6-тиот ароднисман. –Тие беа […]

Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега


Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега. За да се дојде до овие заклучоци истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори, вклучувајќи ги прстените на дрвјата и ледените моркови, јавува дописникот на МИА. Термометарот никогаш не се искачи толку брзо. Во текот на изминатите 2000 години, глобалните температури никогаш не […]

Гувернерот на Порторико најави оставка


Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, синоќа изјави дека ќе поднесе оставка следната недела. -Надлежностите на функцијата гувернер ги отстапувам од 2 август, ја пренесоа неговата изјава американски медиуми. Заминувањето на гувернерот доаѓа по скандал со објавени соопштенија на Телеграм во кои тој и негови советници навредуваат жени, избирачи, новинари но и го критикуваат пејачот Рики […]

Милијардерот Епстин пронајден во неговата ќелија во полусвесна состојба


Американскиот милијардер Џефри Епстин, кој во затвор на Мехнетн чека судење за обвиненија за злоставување малолетнички, пронајден е во неговата ќелија во полусвесна состојба со повреди на вратот. Епстин (66), кој бил пронајден како лежи на подот на ќелијата, е префрлен во болница. Се уште не е јасно како Епстин ги добил повредите, а иследниците […]

Трамп стави вето на одлуки на Конгресот за продажба на оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да ја блокираат неговата администрација на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да им продаде оружје вредно милијарди долари. Минатиот месец, државниот секретар Мајк Помпео ги наведе заканите на Иран како причина да се одобри продажба на оружје вредно 1,8 милијарди […]

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 5,3 степени


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска централниот дел на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во округот Чиба, на длабочина од околу 60 километри, пренесе Тасс. Засега нема податоци за повредени или предизвикана материјална штета, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.