Демонстрантите победија, лидерката на Хонгконг го повлече законот за екстрадиција


Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, официјално го повлече предлог-законот за екстрадиција во Кина

Лам во 16 часот по локално време се состана со пратеници од Пекинг, делегации од Хонгконг во Националниот народен конгрес и со членовите на Народната кинеска политичка консултативна конференција, јавуваат повеќе кинески медиуми.

Закон за екстрадиција од Хонгконг во континентална Кина предизвика неколкумесечни протести. Еден милион луѓе секојдневно излегуваа на улиците на демонстрации кои пред неколку дена станаа и насилни.

Демонстрантите прво побараа повлекување на предлог-законот, а потоа списокот беше проширен со уште неколку барања, главно во врска со демократските реформи.