Уште една министерка ја напушти Владата на Борис Џонсон


Британската министерка за труд и пензии Амбер Руд поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија. Амбер Руд оцени дека заминувањето од ЕУ без договор не може да биде главната цел на британската влада, јави Би Би Си. Според неа, исклучувањето на 21 пратеник на Конзервативната партија претставува „напад на пристојноста и демократијата“. Претставник на владиниот […]

Протести против Северна Македонија: Триесет приведени


Членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора, меѓу кои и поранешниот пратеник Илиас Касидиарис се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун во знак на протест против Договорот од Преспа и со слогани и плакати бараат негово поништување. Конкретниот протест, како и останатите […]

За пет дена во Грција пристигнале 1564 бегалци и мигранти


Од почетокот на месецов, заклучно со четвртокот, односно во првите пет дена од септември, според официјалните податоци од грчката влада за ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Mоре, пристигнале 1564 бегалци и мигранти. Доколку се направи анализа на податоците, во просек, дневно пристигнувале, 313 лица, најголем број пристигнувања се регистрирани во вторникот- 455, […]

Папа Франциск: Уништувањето на шумите и биодиверзитетот е закана за сите нас


Мадагаскар – Папата Франциск денеска изјави дека забрзаното уништување на шумите и биолошката разновидност во многу земји не треба да се гледа како на локално прашање бидејќи претставува закана за иднината на целата планета. Папата ја испрати пораката од Мадакаскар, четвртиот по големина остров во светот, кој според истражувачките институти, во последните 60 години изгубил околу […]

Украинските морнари и режисерот Сенцов се на слобода


Русија – Украинските морнари кои се обвинети дека илегално ја минале руската граница кај Креченскиот Теснец во ноември минатата година, пуштени се на слобода со лична гаранција на комесарот за човекови права на украинската Рада Људмила Денисова, јави ТАСС. Адвокатот на еден од морнарите, Денис Гриценко, изјави дека Денисова гарантирала дека сите 24 морнари ќе учествуваат […]

Пожари беснеат на источниот брег на Австралија


Австралија– Австралиските пожарникари се борат со силниот ветер кој придонесува за брзо ширење на огнената стихија, со цел да ги стават под контрола пожарите кои го зафатија источниот брег на Австралија. Повеќе од 100 пожари се активни во Квинсленд и Нов Јужен Велс, а метеоролозите велат пожарикарите да не сметаат на помош од природата, со […]

Индија изгуби контакт со леталото кое патува на Месечината


Индија– Индија изгуби контакт со вселенското летало Викрам, кое се обиде да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило за да бара знаци за постоење вода на земјиниот сателит, објави денеска индиската Организација за истражување на вселената. Сè уште не се знае дали леталото слетало или имало несреќа. Индиската организација соопшти дека […]

Би Би Си ги мобилизира меѓународните медиуми во борба против дезинформациите


Франција – Десетина големи меѓународни медиуми, како и неколку дигитални гиганти се приклучија на иницијативата на БИ Би Си за борба против дезинформациите. На иницијативата се приклучија АФП, агенцијата Ројтерс и Институтот Ројтерс, Европската унија на емитери (ЕБУ), весникот „Фајненшл тајмс“, медиунската мрежа „Фрст драфт“, весниците Хинду“ и „Волстрит џурнал“, ЦБЦ/Радио Канада, како и Фејсбук, Гугл […]

Во Франција продолжуваат протестите на „жолтите елеци“


Франција – Француското граѓанско движење „Жолти елеци“ денеска продолжува со протестите против државната политика по летната пауза, пренесуваат тамошните медиуми. Весникот „Фигаро“ оцени дека денешниот митинг ќе биде тест за аполитичното движење кое започна со протести минатиот ноември. Митинзите се најавени во Париз, Бордо и Монпелје. Како и со претходните протести, градските власти во Париз забранија […]

САД ја отфрлија понудата на Путин да купат најнови руски ракети


САД – САД не ја прифаќаат понудата на рускиот претседател Владимир Путин да купат најново руско оружје како суперсонични ракети затоа што се технолошко понапредни во оваа област, изјави синоќа неименуван претставник во Администрацијата на Вашингтон. -САД имаат голема релативна предност во однос на Русија во областа на развојот и безбедната разработката, тестирање и примена на […]

Авионски механичар од Мајами обвинет за саботажа на авион со 150 патници


Механичар на превозникот „Американ Ерлјанс“ е задржен денеска поради основано сомнение саботажа на патнички авион што требал да полета со 150 патници од меѓународниот аеродром во Мајами во јули годинава. Според обвинението, поднесено до федерален суд во Мајами, Абдул-Маџид Маруф Ахмед Алани, механичар со долг стаж во компанијата, е обвинет за „обид за намерно оштетување, […]

Шведската министерка за надворешни работи ја напушта функцијата


Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром, позната како борец за заштита на човековите и женските права, изјави денеска дека заминува од Владата со цел да му се посвети на семејството. – Дојде време повеќе да им се посветам на сопругот, децата и внуците. Го известив премиерот дека сакам да ја напуштам Владата и функцијата министер […]

Најмалку шест жртви во невреме во Виетнам


Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 15.000 куќи се поплавени откако тропска депресија го погоди централниот дел на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Тропската депресија Каиџики се формираше над Јужното Кинеско Море и во Виетнам донесе обилен дожд и ветрови од 50 километри на час кои предизвикаа поплави и свлечишта. Според Централниот управен комитет […]

Се судрија два руски воени авиона


Два руски воени борбени авиона Су-34 се судриле во воздух над Липетскиот регион, пренесе Тасс. Агенцијата наведува дека до несреќата дошло поради грешка на пилотите, но во првичните информации не се наведува дали во неа им настрадани. Не терен веќе излегле експерти од Комисијата за испитување на авионски несреќи.

Хиперинфлацијата во Венецуела „забави“ на 135.000 отсто


Хиперинфлацијата во Венецуела, најлоша во поновата историја на земјата, во август забавила на 135.000 отсто на годишно ниво, бидејќи меѓу јуни и јули годинава беше речиси двојно поголема, соопшти денеска парламентот во кој опозицијата го има мнозинаството. Но, месечниот раст на цените, што во јули изнесуваше 33 отсто, во август скокна на 65,2 отсто, покажуваат […]

Ураганот Доријан на Бахамите досега однесе 30 жртви


Бројката на погинати од страотниот налет на ураганот Доријан врз Бахамите нарасна на 30, соопштија официјални претставници на властите, пренесоа светските агенции. Министерот за здравство Дуане Сандс на Бахамите за американските медиуми изјави дека очекуваат во следните неколку дена оваа бројка „значително да се зголеми“, бидејќи продолжуваат потрагите и акциите за спасување на настраданите Сандс […]

Почина поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе


На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност, пренесе Би-Би-Си. Мугабе почина по повеќегодишна болест, потврди неговото семејство. Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство. Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по […]

Студија покажа дека луѓето што преживеале ебола се под зголемен ризик од смртност


Англија– Луѓето кои преживеале инфекција со вирусот на ебола во наредната година се по под драматично голем ризик од смрт, најверојатно од последици на проблеми со бубрези, покажаа резултати од истражување спроведено меѓу луѓе што го преживеале смртоносниот вирус во Гвинеја. Следејќи 1.100 луѓе што го преживеале вирусот на ебола, кој се прошири во западна […]

Бангкок е најпосетуван град, во Дубаи највеќе се троши


Според индексот Global Destination Cities Index на Mastercard  за 2019 година, Бангкок се најде на врвот на листата како град кој го посетиле најмногу интернационални туристи – 22,7 милиони. Ова не е нитшо ново за главниот град на Тајланд, кој изминатите четири години ја држи истата позиција. После Тајланд на листата на второ место е Париз со 19,10 милиони туристи, а Лондон (19,01 милиони), Дубаи (15,93 […]

Борис Џонсон нема да поднесе оставка


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка, изјави денеска британскиот министер задолжен за координација на планирањето на Брегзит без договор Мајкл Гоув. Изјавата доаѓа како одговор на шпекулациите дека Џонсон би можел да поднесе оставка со цел да дојде до предвремени парламентарни избори. – Мислам дека премиерот нема намера да поднесе оставка. […]