Бангкок е најпосетуван град, во Дубаи највеќе се троши


Според индексот Global Destination Cities Index на Mastercard  за 2019 година, Бангкок се најде на врвот на листата како град кој го посетиле најмногу интернационални туристи – 22,7 милиони. Ова не е нитшо ново за главниот град на Тајланд, кој изминатите четири години ја држи истата позиција.

После Тајланд на листата на второ место е Париз со 19,10 милиони туристи, а Лондон (19,01 милиони), Дубаи (15,93 милиони) и Сингапур (14,67 милиони) ја заокружуваат првата петорка на најпосетувани градови во светот во 2018 година. Годишната листа која ја составува Mastercard се базира на бројот на туристи и на нивната потрошувачка во 200 најголеми градови во светот. Притоа, предвид се земаат и ркатките бизнис патувања и одморите.

Њујорк е единствениот американски град кој се најде меѓу топ 20 градови, поточно ја зазеде седмата позиција  на годинашната листа со вкупно 13,6 милиони посетители. Според MasterCard, градовите од Азиско-пацифичкиот регион од 2009 година досега забележале најголем пораст од 9,4% на бројот на интернационални посетители.

Дубаи, пак, е погласен за град каде што на глобално ниво туристите трошат најмногу пари. Изминатата година интернационалните посетители во Дубаи потрошиле 30,82 милијарди долари. Со оглед на тоа дека туристите во Дубаи поминуваат просечно три и пол ноќи, тоа значи дека трошат по 553 долари од ноќ. Мека е на второ место по потрошувачката на туристите за минатата година – 20,09 милиони долари, додека Бангкок е на трето место со 20,03 милиони долари.