Самит на ЕУ: Мишел сака префрлање на 50 милијарди евра од грантови кон фондот за обнова


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел излезе со нов компромис предлог на самитот на ЕУ – да се префрлат 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ, објави Политико. Се очекува вкупниот износ на фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите ќе се намали на […]

Уапсен германскиот Рамбо: Повеќе од 2.400 полицајци го барале пет дена во шума


Германската полиција го уапси осомничениот за разоружување на четворица полицајци, познат по прекарот Рамбо, по пет дена потрага на Шварцвалд. Ив Рауш во неделата побегнал во шума во близина на градот Опенау, на југозападот на Германија, откако разоружал четворица полицајци. Во потрагата по него учествувала елитна единица, хеликоптери и кучиња трагачи, а користени биле и […]

СЗО: Вчера имало најголем број новозаразени со Ковид-19


  Светската здравствена организација извести дека во петокот во светот забележани се рекордни 237.743 случаи со коорна вирус. Најголемо зголемување на нови случи има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, објави СЗО во дневниот извештај. Претходно рекордот беше 230.370, а е забележан на 12 јули. Бројот на смртни случаи остана постојан на просечните 5.000 […]

Британија: Тест за антитела на Ковид-19 за 20 минути, прецизен 98,6 отсто


Британските министри планираат да поделат милиони тестови за антитела на новиот коронавирус откако верзијата на тестот, поддржан од британската Влада, ги помина првите големи анализи. Тоа е тест што анализира крв од прст за 20 минути и открива со 98,6 проценти точност дали некое лице било изложено на вирусот САРС-КоВ-2. Ова го покажаа тестовите спроведени […]

Во Германија 529 нови случаи на корона вирус


  Во германија во последните 24 часа регистрирани се 529 нови случаи со корона вирус, со што вкупниот број се искачи на 201.372, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Почина едно лице, па вкупниот број починати сега изнесува 9.083, пренесе Ројтерс.

Не запираат протестите против Путин во Хабаровск


Десетици илјади луѓе во рускиот град Хабаровск на Далечниот исток маршираа на недозволениот протест во саботата на 18 јули против апсењето на локалниот гувернер. Видеата од настанот покажаа огромна толпа што оди низ главната улица во регионалниот главен град и се собира на нејзиниот главен плоштад за да побара ослободување на гувернерот на Хабаровск Краи, […]

(Видео) Пожарот во катедралата во Нант е под контрола


Пожарот што избувна во готската катедрала во францускиот град Нант денеска е под контрола, соопштија официјални лица. Според нив, штетата не е споредлива со минатогодишниот пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз. – Штета е направена на органата што се чини дека е целосно уништена. Платформата е многу нестабилна и може да пропадне, изјави регионалниот пожарникарски […]

Извршена трета смртна казна за една недела во САД


САД – Оваа недела беше извршена трета федерална смртна казна во САД. Дастин Ли Хонкон (52) беше егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана. Студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа, Хонкон во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 […]

Мафијата е закана за ЕУ-фондовите за борба против Ковид-19


Италија  – Италијанските иследници предупредуваат дека мафијата ќе се обиде да се здобие со стотици милијарди евра од фондот за обновување на ЕУ по пандемијата на коронавирусот. Во време кога лидерите на ЕУ се собраа во Брисел да разговараат за висината и условите за добивање помош, генерал Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската анти-мафијашка агенција (ДИА), […]

Почина Џон Луис, еден од најистакнатите активисти за граѓански права во САД


САД– Џон Луис, икона на ненасилното движење за граѓански права во САД и поранешен соработник на Мартин Лутер Кинг, почина на 80-годишна возраст, објави Претставничкиот дом. Од 1986 година демократски пратеник од државата Џорџија во Конгресот, Луис почина од рак на панкреасот. „Џон Луис беше титанот на движењето за граѓански права и неговата добрина, вера […]

Мајорка ги затвора улиците со кафулиња поради пијаните туристи, стравувајќи од ширење на коронавирусот


Регионалната влада на Балеарските Острови нареди затворање на три популарни улици во Мајорка, за да ги спречи пијаните туристи, поради кои им се заканува ново избувнување на коронавирусот. Мерката е воведена откако неколку видеозаписи покажаа како британски и германски туристи се забавуваат без заштитни маски во преполни кафулиња и ноќни клубови, а некои дури скокаа […]

Во Боливија седум министри заразени со новиот коронавирус


Боливија  – Уште еден министер во Боливија, седми по ред, е заразен со новиот коронавирус, и тоа е повеќе од една третина од членовите на преодната влада на претседателката Жанин Ањес, која исто така е заразена. Седмиот заразен министер е министерот за економски развој, Хозе Абел Мартинез, кој е сместен во карантин, но ќе продолжи […]

Закерберг со критики за Трамп поради справувањето со коронавирусот (видео)


САД  –   Шефот на американската компанија Фејсбук, Марк Закерберг смета дека мала е ефикасноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во борбата против коронавирусот, објави „Хил“. „Во моментов е очигледно дека ширењето на инфекцијата во САД е многу полошо отколку во многу други земји низ целиот свет, а нашата влада и администрација се справуваат со ова […]

Рекорден број заразени со Ковид-19 во САД трет ден по ред


САД–  Рекордно зголемување на нови случаи на коронавирус е регистрирано  трет ден по ред во САД, објави универзитетот Џонс Хопкинс. Според нив, за 24-часовен период има  77.638 потврдени заразени лица. Така, вкупниот број заразени во САД достигна речиси 3,64 милиони. Во САД од Ковид-19 во последните 24 часа починале 927 лица. Со тоа, вкупниот број […]

Трамп ги симнал портретите на Клинтон и Буш од Големото фоаје во Белата куќа


САД  –  Официјалните портрети на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот се отстранети минатата недела од големото фоаје на Белата куќа и заменети со портрети на двајца републикански претседатели, кои пред многу време ја водеа државата, јави Си-Ен-Ен. Според традицијата на Белата куќа, портретите на неодамнешните претседатели треба да бидат изложени на влезот […]

За помалку од 100 часа во светот заразени со Ковид-19 еден милион луѓе


Англија – За првпат, бројот на заразени со новиот коронавирус во светот се зголеми за еден милион за помалку од 100 часа, јавија западни медиуми врз основа на официјални податоци. Вкупниот број потврдени заразени во светот надмина 14 милиони (14.194.140). Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и беа потребни три месеци да […]

Апликацијата за следење на симптоми открива шест видови на Ковид-19


Важно откритие на британските научници: Групи симптоми кои укажуваат на сериозноста на инфекцијата со корона – од слични на грип па се до најтешки форми   Британските научници кои ги анализирале податоците од широко користената апликација за следење на симптомите на Ковид-19 откриле дека постојат шест различни типови на болеста од кои секој се одликува со […]

Владата во Нигерија дава по две крави за секое вратено парче оружје


  Властите во нигериската сојузна држава Замфара, на северозападот од земјата, денеска ветија дека же му дадат по две крави на секој што ќе врати парче оружје. Целта на оваа понуда е завршување на вооружените напади од криминалните групи во тој дел од земјата. Гувернерот на Замфара, Бело Матавале, изјави дека за секоја пушка која […]

(Видео) Хаос на улиците на Лондон: Општа тепачка меѓу Ерменци и Азербејџанци


  Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред амбасадата на Ерменија во Лондон, а малку подоцна се појавија и претставници на Ерменската дијаспора. Дојде до судир меѓу двете стани, соопшти амбасадата на Азербејџан. Азербејџанците кои живеат во Лондон носеа знамиња на својата земја, а се собраа за да ги осудат дејствата на војската на Ерменија на […]

Пентагон забрани истакнување на знамето на Конфедерацијата


Знамето на Конфедерацијата не може повеќе да се истакнува во простории на американската армија, откако Пентагон објави нови правила со кои се забрануваат „симболи на поделба“, јави Би-Би-Си. Министерот за одбрана Марк Еспер не го наведе експлицитно споменувањето на знамето во испратеното писмо, но нагласува дека забранува знамиња кои симболизираат поделби. Конфедерацијата беше составена од […]