СЗО: Вчера имало најголем број новозаразени со Ковид-19


 

Светската здравствена организација извести дека во петокот во светот забележани се рекордни 237.743 случаи со коорна вирус.

Најголемо зголемување на нови случи има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, објави СЗО во дневниот извештај.

Претходно рекордот беше 230.370, а е забележан на 12 јули.

Бројот на смртни случаи остана постојан на просечните 5.000 во јули.

Вкупниот број случаи со Ковид-19 во светот во петокот се приближи до 14 милиони, според податоците на агенцијата Ројтерс, со што наскоро ќе се помине упте еден праг од почетокот на ширењето на заразата со корона вирус од која досега умреа 590.000 луѓе.