Владата во Нигерија дава по две крави за секое вратено парче оружје


 

Властите во нигериската сојузна држава Замфара, на северозападот од земјата, денеска ветија дека же му дадат по две крави на секој што ќе врати парче оружје.

Целта на оваа понуда е завршување на вооружените напади од криминалните групи во тој дел од земјата.

Гувернерот на Замфара, Бело Матавале, изјави дека за секоја пушка која ќе ја предаде бандит ќе добие две крави.

Во Нигерија со години делуваат вооружени групи кои напаѓаат и киднапираат, но и крадат стока.

Матавале рече дека таквата иницијатива е покрената за припадниците на разни групи, кои се викаат бандити, да се разоружаат. Додаде дека можна е и финансиска накнада во злучај на предавање голема количина оружје.

Досега предложените мерки не вродија со плод, па не се знае дали и оваа ќе биде успешна.

Реќиси 8.000 луѓе се убиени од 2011 година и околу 200.000 ги напуштија своите домови заради тие вооружени напади.