(Видео) Хаос на улиците на Лондон: Општа тепачка меѓу Ерменци и Азербејџанци


 

Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред амбасадата на Ерменија во Лондон, а малку подоцна се појавија и претставници на Ерменската дијаспора.

Дојде до судир меѓу двете стани, соопшти амбасадата на Азербејџан.

Азербејџанците кои живеат во Лондон носеа знамиња на својата земја, а се собраа за да ги осудат дејствата на војската на Ерменија на границата со Азербејџан.

Демонстрантите извикуваа пароли со кои истакнуваат дека Карабах припаѓа на Азербејџан.

Амбасадата на Азербејџан нагласеи дека Ерменците се обиделе да предизвикаат провокации, но дека не успеале, затоа што Азербејџанците покажале воздржаност. Но, снимките покажуваат дека судир не е избегнат.

Да потсетиме, порано претседателот на Русија Владимир Путин реши да се позанимава со ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан за да се избегне ескалација. Министерот за одбрана на Турција изјави дека Анкара може на Азербејџан да му пружи помош.