Почна чистката на интернет-суспендирани 70.000 налози на движењето „QAnon“


Твитер „трајно суспендира“ 70.000 налози поврзани со про-трамповското движење „QAnon“ за да спречи социјалната мрежа во иднина да се користи за насилни цели, како што беа организирањето на немирите во Вашингтон од минатата недела. Твитер „чистаката“ ја спроведе уште во петокот, почнувајќи со блокадата на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп. “Овие налози во голема […]

Истражувачкиот тим на СЗО нема задача да го впери прстот во Кина


Истражувачкиот тим на Светската здравствена организација (СЗО) кој в четврток ќе пристигне во Кина нема да има задача да вперува прст и да обвинува, туку  научниците ќе имаат задача да го посетат Вухан, местото на првото големо ширење на коронавирусот, и да разговараат со кинеските научници кои работат на Ковид-19, наведе СЗО. Експертите на СЗО […]

Кина: Во екплозија во рудник, рударите заробени 48 часа


  Најмалку 22 рудари останаа заробени по експлозија на рудник на истокот во Кина, соопштија кинексите власти. Рударите се заробени 48 часа во руник за злато во изградба, во областа Шандонг. Несреќите во рудници во Кина се чести, најмногу заради непочитување на прописите.

Трамп ја одобри вонредната состојба во Вашингтон до 24 јануари


Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, одобри прогласување вонредна состојба во главниот град Вашингтон, соопшти Белата куќа, откако американски безбедносни претставници предупредија на можни немири во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Трамп со уредба го одобри продолжувањето на федералната поддршка на Вашингтон до 24 јануари, за да може да се одговори на […]

Пораст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шпанија


Шпанците премногу се опуштија за време на празниците, дружејќи се роднините и пријателите, па корона вирусот повторно се прошири низ земјата, соопшти синоќа шпанското Министерство за здравство. Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде […]

Бајден ќе мора да ја обнови тешко потресената американска демократија


Во политичките и владеачките кругови на Европската унија, по шокираноста од „речиси државниот удар“ во Вашингтон, владее голема загриженост за тоа дали Џо Бајден по десет дена мирно ќе го преземе кормилото на власта или Доналд Трамп, кој не го признава поразот на изборите, може со уште нешто да удри по разурнатата американска демократија. Светски […]

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуза, е позитивен на коронавирусот, но засега не покажува никакви симптоми, соопшти денеска неговиот кабинет. Британските медиуми пренесуваат дека тој од минатата недела се наоѓа во карантин, откако имал контакт со член на неговиот кабинет кој бил заразен со вирусот. Де Соуза (72) го бара вториот мандат на претседателските избори, […]

Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф


И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напуштаат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон. Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен. „Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата […]

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година


Компанијата „Модерна“ соопшти дека имунитетот на  коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година. „Модерна“ во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус. Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и […]

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 91 милион лица


Бројот на заразени во светот од коронавирус синоќа надмина 91 милион лица. Од Ковид-19 се излекувани 65 милиони луѓе (97 отсто), а починале 1,95 милиони (три отсто) пациенти. Во светот моментно има 24,1 милион активни случаи, од кои 99,5 проценти од пациентите се во полесна здравствена состојба, додека 0,5 отсто се наоѓаат во критична состојба. […]

Компаниите масовно го бојкотираат Трамп и неговите републикански поддржувачи


Не само социјалните мрежи Фејсбук, Твитер или Јутјуб, туку и се поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп, поради повикот на толпата демонстранти минатата недела насилно да навлезе во Конгресот на САД.  Повеќе компании, универзитети и спонзори на политички партии ги прекинуваат сите врски со него и со републиканци кои го […]

Олабавувањето за Божик донесе страшен бран на инфекции во Ирска


Ирска излезе од шестнеделна блокада на почетокот на декември со најниска стапка на инфекција со корона вирусot во Европската унија. Ги олесни ограничувањата во верувањето дека може да го запре порастот на вирусот за време на Божик, за разлика од Германија и Велика Британија, земји кои имаа повеќе од четири пати поголемо ниво на инфекција. […]

СЗО: Во февруари ќе почне вакцинација против Ковид-19 и во сиромашните држави


Светска здравствена организација (СЗО) се надева дека во февруари ќе почне вакцинација против Ковид-19 во сиромашните земји преку програмата КОВАКС, изјави советникот во СЗО, Брус Ејлвард. – Во повеќе од 40 држави почна вакцинацијата против Ковид-19. Меѓутоа, сите вакцини или речиси сите до сега се во земјите со високи или просечни приходи, посочи Ејлвард. Тој […]

Мајката на милијардерот Ричард Брансон почина од Ковид-19


Еве Брансон, мајката на британскиот милијардер и основач на групата „Вирџин“, Ричард Брансон, почина на возраст од 96 години, од последиците од Ковид-19. Веста ја објави Ричард Брансон на својот блог. Во постот пишува дека неговата мајка ја извојувала последната победа и му се спротивставила на вирусот, но дека во тој процес ја потрошила целата […]

Меркел и францускиот политички врв го поддржаа Трамп во врска со „Твитер“


Германската канцеларка Ангела Меркел има резерви во врска со суспендирањето на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, изјави нејзиниот портпарол во понеделникот, додавајќи дека законодавците, а не приватните компании, треба да одлучуваат за ограничување на слободата на изразување, а Трамп беше поддржан од францускиот политички врв. Настапот на Штефен Зајберт, нејзиниот главен портпарол, […]

Пелоси: Ќе се повикаме на 25-от Амандман и ќе го отстраниме Трамп од функција


 Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси вели дека ќе разгледа опции за да се повика на 25-от амандман за смена на претседателот Доналд Трамп пред истекот на неговиот мандат на 20 јануари, откако републиканците го блокираа првичниот обид за тоа. Пелоси рече дека демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, го повикуваат потпретседателот […]

ФБИ: Вооружени групи планираат „голем бунт“ ако се активира 25. амандман


 Вооружена група планира „голем бунт“ во Вашингтон, доколку Доналд Трамп биде отстранет со 25-от амандман, јавија американски медиуми. На истражителите им било кажано дека ако „Конгресот се обиде да го отстрани со 25-от амандман, ќе се случи голем бунт“, се наведува  во дневниот билтен на ФБИ, јави Еј-Би-Си Њуз. ФБИ исто така добиле информација дека […]

Републиканците од Претставничкиот дом блокираа барање на демократите за отповикување на Трамп од функцијата претседател на САД


Републиканците од Претставничкиот дом денска блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да се повикаат на 25-от амандман и да го симнат претседателот Трамп од функцијата. Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент […]

Лидерите на Азербејџан и Ерменија викнати во Кремљ на разговори


МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот беше домаќин на неговите колеги од Ерменија и Азербејџан да разговараат за повторно отворање на транспортните патишта во регионот кои се парализирани речиси три децении во услови на конфликт околу Нагорно Карабах. Разговорите се случија два месеца откако со примирје со посредство на Русија завршија неколкунеделни жестоки […]

Врховниот суд на САД ги одби молбите на Трамп поврзани со изборите


Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите во врска со исходот од изборите во пет држави, во кои победи новоизбраниот претседател Џо Бајден, а беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници. Во прашање се резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. И пред […]