Папата Франциско во историска посета на Ирак


Папата Франциско денеска од аеродромот во Рим замина во историска посета на Ирак. Тој ќе апелира до христијаните во Ирак, кои сè помалку ги има во таа земја, да останат и да помогнат во обновата по долгогодишна војна и прогонства. Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на папата за добредојде на поглаварот […]

Во Швајцарија референдум за забрана на бурките


Швајцарците во недела ќе гласаат на рефендум за забрана за покривање лица на јавни места, таканаречена „забрана за бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност“. Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и […]

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извоз на вакцини во Австралија


Официјална Канбера побара од Европска Комисија да ја преиспита одлуката со која е блокиран извозот на вакцини против Ковид-19 на АстраЗенека во Австралија. ЕК и Италија вчера ја блокираа испораката на околу 250.000 дози вакцина на АстраЗенека на Австралија откако производителот не ги исполни обврските од договорот со ЕУ. – Австралија го покрена прашањето со […]

Ишингер: За „Северен поток 2“ топката мора да биде на половината на Русија


Новиот претседател на САД, Џо Бајден и другите говорници минатиот петок на Минхенската безбедносна конференција, што се одржа во посебен формат оваа година, јасно ставија до знаење дека се подготвени да ги обноват трансатлантските односи. Сите тие најавија нови односи во трансатлантското партнерство, како и одлучност за заеднички одговор на глобалните предизвици како што се […]

Истражување: За повеќето Американци, Кина е непријател


САД – Истражување спроведено од американска агенција покажа дека Американците имаат негативно мислење за Кина, а повеќето испитаници ја сметаат Кина за непријател или конкурент. Резултатите од истражувањето кое ги објави Центарот за истражување Пју (Pew) покажуваат дека 9 од 10 американски граѓани ја гледаат Кина како закана од САД. Процентот на оние кои сметаат дека ограничувањето на […]

На Трамп ќе му биде дозволен каналот на ЈуТјуб кога ќе се намали ризикот од насилство


САД – ЈуТјуб каналот на Доналд Трамп, суспендиран на 12 јануари, ќе биде повторно дозволен кога ќе биде намален ризикот од насилство, изјави синоќа шефицата на видео сервисот на Гугл, Сузан Војчицки. Поранешниот американски претседател Трамп беше отстранет од интернет платформите по нападот врз Конгресот на 6 јануари од неговите приврзаници. Трамп има доживотна забрана од […]

ПЕЦ: Во светот од последици од Ковид-19 починаа 840 новинари


Швајцарија – Изминатата година во 68 земји во светот од пооследици од Ковид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign). Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле […]

Трет, уште посилен земјотрес го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во близина на брегот на Нов Зеланд, соопшти Американската служба за геолошки истражувања. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров. Веднаш по потресот е издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел […]

Италија заради коронакризата ги одложува локалните и регионални избори


Поради пандемијата на коронавирусот Италија ги одложи локалните и регионалните избори, што требаше да се оддржат до крајот на пролетта,  соопштија денеска владини извори, во време на зголемен број на нови инфекции со новиот вирус. Британските медиуми наведуваат дека изборите за градоначалници во поголемите италијански градови, како Рим, Милано, Торино и Неапол се одложени за […]

Најмалку 14 лица загинаа при лизгање на земјиште во Авганистан


Најмалку 14 лица загинаа, а најмалку четворица се повредени при лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Според надлежните органи, жртвите биле работници во рудник за злато, објави ДПА. – Одронот на снег и кал се урна во планинската провинција Бадакшан, во областа контролирана од милитантните исламистички талибанци, изјави портпарол […]

Италија: Владата на Драги ја однесе првата жртва – оставка на лидерот на социјалдемократите


Во Италија, шефот на социјалдемократската Демократска партија (ПД), Никола Зингарети, објави оставка од функцијата претседател. Како причина, 55-годишникот ги наведе во изјавата на Фејсбук внатрешните борби за моќ и кавги, кои сакал да ги заврши со неговиот потег. Прес-канцеларијата на ПД во Рим ја потврди објавата. Партијата на Зингарети е една од поголемите сили во […]

Нов Зеланд и Грција не престануваат да се тресат, земјотреси со јачина од 6 односно 7 степени


  Грција и Нов Зеланд не престануваат да ги тресат земјотреси. По силниот земјотрес денеска порано на Нов Зеланд, чија јачина се проценува на околу 7 степени, попладнево се случи уште еден со јачина од 7,4 степени според Ритер, јавуваат светските медиуми. Епицентарот овојпат, бил посеверно во океанот, кај островите Кермадек. #Gisborne #NewZealand According to […]

Отфрлено барањето на претседателката на Молдавија да именува министри


Уставниот суд на Молдавија го отфрли денеска барањето на претседателката на државата Маја Санду да и биде дозволено да именува нови министри, со што продолжува повеќемесечниот спор меѓу неа и нејзиниот претходник Игор Додон. Санду победи на претседателските избори во ноември минатата година, но влезе во судир со ќленовите на Парламентот, во кој доминираат пратениците […]

ЕУ блокира пратка вакцини од „АстраЗенека“


  Европската комисија и Италија блокираа испорака на вакцини од „АстраЗенека“ наменета за Австралија затоа што тој произведувач не ги исполнил обврските преземени со договорот со ЕУ. Според изворите, „АстраЗенека“ побарала дозвола од италијанските власти за извоз на 250.000 дози од фабриката во Анагини близу Рим. Италијанската влада одбила да ѝ издаде дозвола, а Европската […]

„КјурВак“ и „Новартис“ заеднички ќе произведуваат вакцина против коронавирус


 Германската фармацевтска компанија „КјурВак“ го објави партнерството со швајцарската компанија „Новартис“ во заедничкото производство на вакцината против корона вирус, што досега самата ја развиваше, се наведува во соопштението на германската компанија објавено на нејзината Интернет страница. „КјурВак“, која развива нова класа лекови врз база на рибонуклеинска киселина (mRNA) и „Новартис“ денеска објавија дека потпишале првичен […]

Претставичкиот дом го одобри нацрт законот за изборни реформи во САД


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го изгласа нацрт законот „Во интересите на народот“, штој предвидува радикални реформи за заштита на правата на избирачите и зголемена безбедност на изборите.  Нацрт законот беше одобрен со 220 гласови „за“ и 210 „против“. Сите републиканци (двајца не беа присутни) гласаа против нацрот, а така гласаше и уште еден […]

Шпан: Германија ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години


Германската Комисија за вакцини денеска ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд против коронавирус за употреба врз лица постари од 65 години, соопшти Министерството за здравство. -Комисијата за вакцини, исто така, ја препорача вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години. Ова е секако добра вест за постарите лица, кои чекаат […]

Силен земјотрес со 7,3 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Нов Зеланд, јавува американскиот Геолошки институт (USGS). Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 238 километри од градот Гисборн, на Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е регистриран во 13:27 часот по средноевропско време. Новозеландските власти издадоа предупредување за опасност […]

Маас: Се залагаме за ковид пасош прифатлив и за соседите на ЕУ


Шефот на германската дипломатија Хајко Маас денеска изјави дека Германија ќе работи на постигнување договор за пасош за вакцинација што ќе биде прифатлив и за соседите на ЕУ, вклучувајќи го и Западен Балкан. -Постојат различни мислења за пасошот за вакцинација, што може да им даде одреден легитимитет на вакцинираните. Ќе се обидеме да дадеме одредена […]

ЕК: „Спутник V“ не е дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање


Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација. Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба […]