Во земјите што не сакаат правила, Ковид погоди посилно


Со повеќе од два милиони жртви и над 100 милиони заразени ширум светот, Ковид-19 сè уште предизвикува хаос, дури и откако почна вакцинацијата. Но, смртните случаи се далеку од рамномерно распоредени. Некои земји ефикасно ја поразуваат пандемијата, други сè уште трпат тешки удари. Нешто повеќе од 5.000 смртни случаи се пријавени во Јапонија, која има […]

Меркел ја брани владата од критики поради бавната вакцинација


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својата влада од критиките дека вакцинацијата во земјата е забавена, истакнувајќи дека постоела добра причина за умереното темпо на Европа во споредба со другите региони. Барајќи трпение од јавноста, Меркел го задржа ветувањето на својата Влада дека ќе им овозможи вакцинација против Ковид-19 на сите […]

Советот на ЕУ усвои препораки за ограничувања на патувања


Белгија – Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот. Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот. Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар […]

„Санофи“ отстапи своја фабрика за вакцини на Фајзер


Германија– Француската компанија „Санофи“ склучи договор без преседан со кој својата фабрика во Германија им ја отстапи на Фајзер и Бионтек за производство на нивната вакцина против Ковид-19. Така, за првпат, еден производител ќе прави вакцина за друга компанија. Санофи ќе обезбеди пристап на германскиот Бионтек до неговата најсовремена инфраструктура во Франкфурт за производство на повеќе од […]

Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија


Русија- Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија до 17 февруари поради ширењето на новиот вид на коронавирус откриен во таа земја, соопшти руската работна група за борба против Ковид-19. Русија, која веќе потврди случај на мутираниот коронавирус, ја воведе забраната на летови со Британија на 22 декември минатата година.

СЗО: Бројот на заразени во светот се намалува трета недела по ред


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена. Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе […]

Снежната бура на американскиот источен брег ја сопре дистрибуцијата на вакцините 


Снежна зимска бура за која се очекува да го затрупа американскиот исток пона да предизвикува и приземјување на летови и затворање центри за вакцинација против Ковид-19. До понеделник утрото снежни врнежи почнаа во државите Њу Џерси и Пенсилванија, каде во следните денови се очекува да падне 60 см снег. Ударите на ветрот се со 80 […]

„Фајзер“ и „БиоНТек“ се на пат да го исполнат рокот за испорака на вакцините за ЕУ


 Германски „БиоНТек“ и американската „Фајзер“ се на добар пат навреме да ги испорачаат своите вакцини против коронавирусот за Европската унија, соопшти денеска германската компанија. „БиоНТек“ и „Фајзер“ работат до 15 февруари да го зголемат снабдувањето со вакцината што заедно ја развија во Европа, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми. „Фајзер“ успешно ги модифицираше […]

Дури 128 држави уште не почнале со вакцинација


Во цела Африка досега се вакцинирани само 20.000 луѓе. Во време на вакциналниот национализам тоа претставува срам за човештвото   Процесот на вакцинација на планетава е претворен во немилосрдна битка за некаков опстанок. Богатите, влијателните и поумешните го стартуваа процесот, а другите се во фаза на нестрпливо очекување. До денеска дури 128 држави во светот […]

Вакцини од програмата КОВАКС почнаа да стигнуваат во повеќе земји


Вакцини од програмата Ковакс на Светската здравствена организација (СЗО) минатиот викенд беа испратени во значителен број од 190 земји низ светот, информира денеска Брус Ајлвард, висок советник во СЗО. Марианџела Симао, помошник на генералниот директор на СЗО, изјави дека очекува производителите на вакцини да ги достават своите проекции за бројот на вакцини што ќе бидат […]

Повеќе лица ранети во напад со нож во Брисел, напаѓачот совладан


Неколку лица попладнево се повредени во напад  со нож на метро станица во Брисел, наведува белгиски „Ле Соар“. Нападот се случил, околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен, пренесува британски „Експрес“. Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички акт, туку е од приватни причини. […]

Полицијата во Тулон пронашла отсечена глава на бездомник


 Полицијата во францускиот град Тулон денеска открила отсечена глава на бездомник во картонска кутија, која била исфрлена од прозорец на стан во една зграда. Уапсен е еден осомничен, во чиј стан бил идентификуван бездомникот при полициска контрола претходниот ден, објави Радио Франс Инфо. Полицијата трага по друг бездомник кој бил идентификуван при синоќешната контрола. Многу […]

Во светот до денеска од коронавирус умреле 2.227.605 лица


Франција– Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата. Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани. Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу […]

Со ова темпо Холандија и Бугарија до крајот на летото ќе вакцинираат само 4 и 5 отсто од возрасното население


Светот копнее по денот кога вакцините против корона вирус конечно ќе им дозволат на луѓето да се вратат во нормала. Но патот до таму е долг. Без оглед што некои земји се понапред во вакцинирањето (како Велика Британија и Израел), или десетици други земји каде нее дадена ниту една вакцина (како Македонија). Европската комисија сака […]

Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против Ковид-19


Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против корона вирус и тоа заедно со „CureVac“, чија вакцина во мометот се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, соопшти денесак компанијата. „Во нашиот погон во Вупертал треба да започнеме со производство навакцините на компанијата „CureVac“. Испораката на првите дози се очекува кон крајот на годината“, рече […]

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини


Кина  – Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми. Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини. Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага […]

Трамп ангажираше нови адвокати за процесот на отповикување во Сенатот


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот. Трамп најави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор јуниор. Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно. Одлуката за ангажирање […]

Медведев: Навални користи подмолни техники за да дојде на власт


Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев го опиша лидерот на руската опозиција Алексеј Навални како политички подлец, чии обиди да дојде на власт ги оцени како несоодветни и несовесни, пренесува ТАСС. – Претходно мислев за него на овој начин и сè уште мислам така. Верувам дека Навални е политички подлец, личност која […]

Руското обвинителство ја поддржа затворската казна за Навални


Руското обвинителство соопшти денеска дека го поддржува барањето на затворските власти условната казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални да се замени со затворска казна, објавија западните медиуми. По враќањето на Навални во Русија му е одреден притвор од 30 дена, а обвинет е за прекршување на условната казна, со која е осуден поради измама во […]

Франција: Германија да се откаже од Северен поток 2 поради Навални


 Франција ја повика Германија да се откаже од големиот проект за гасовод со Русија во знак на протест поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва. – Отсекогаш сме велеле дека имаме најголеми сомнежи во врска со овој проект, истакна францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, мислејќи на Северен поток 2. Илјадници […]