Италија оди кон нов бран на епидемија, Болоња и Модена се во карантин


Во Италија за еден ден се регистрирани 347 смртни случаи од Ковид-19, и речиси 21.000 новозаразени, а процентот на заразени во однос на бројот на тестирани се зголемува и изнесува 5,8 проценти, јавија локалните медиуми. Гвидо Бертоласо, советник на претседателот на регионот Ломбардија, тврди дека Италија со големи чекори се приближува до нов карантин. Централната […]

Бројот на болни од Ковид-19 во Англија во февруари паднал за две третини


Вкупниот број на болни од Ковид-19 во Англија опаѓа од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, соопштија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон. Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари е 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога […]

Во Унгарија најголем број новозаразени во последните три месеци


Во Унгарија во последните 24 часа се потврдени 6.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на новозаразени во последните три месеци. Во истиот период од коронавирусот починаа уште 152 лица. Од почетокот на пандемијата во Унгарија се регистрирани вкупно 446.178 заразени со коронавирусот, и 15.476 смртни случа

Постои сомнеж дека Северна Кореја произведува плутониум по најавата на Ким


Некои сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја можеби се обидува да произведе повеќе плутониум за нуклеарно оружје во нејзината главна нуклеарна централа, откако лидерот Ким Јонг Ун во јануари вети дека ќе ги засили активностите. Светските агенции наведуваат дека американскиот сајт „38 Норт“, кој ги следи случувањата во Северна Кореја, објави дека снимките од нуклеарниот комплекс во […]

Земан побара вакцини против Ковид-19 од Кина


Претседателот на Чешка, Милош Земан вчера разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за испорака на вакцини против Ковид-19, објавија денеска чешките медиуми. Во соопштението на Амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да одговори“ на барањето. Земан слична молба упати и до Русија за достава на вакцината Спутник. Досега само Унгарија од земјите-членки на […]

Новите мутации го донесоа четвртиот бран во САД


Ширењето на новите и позаразни видови на коронавирусот на САД и се закануваат со почеток на четвртиот бран од пандемијата, предупредуваат водечките здравствени експерти. Шефот на Американскиот центар за контрола и превенција на заразните болести (ЦДЦ), др. Рошел Валенски изразува загриженост од новите дневни 70.000 случаи на новозаразени, како што беше забележано минатата недела. Истовремено, […]

По дојава за поставена бомба евакуиран Таџ Махал


Индија – По дојава за поставена бомба Таџ Махал евакуирани се туристите, а одред на индиската специјална полиција го проверува светскиот познатиот објект. Полицијата соопшти дека 99 проценти се сигурни оти станува збор за лажна дојава, но поради предострожност реагирале со цел капацитет. Сите туристи кои биле во Таџ Махал безбедно се евакуирани.  #Agra: Taj Mahal […]

Исланд се подготвува за можна ерупција во близина на Рејкјавик


Исланд– Постојат „силни знаци“ дека во наредните денови може да дојде до вулканска ерупција, поради постојана сеизмичка активност на планината Кеилир, 30 километри од Рејкјавик, јавија исландските медиуми. – Ерупцијата сè уште не е започната, но се работи за активност што и претходи на ерупција, рече Кристин Јонсдотир од исландската метеоролошка служба. Видир Рејниисон од исландската цивилна […]

Германија ги продолжува мерките, секој граѓанин ќе добие по еден бесплатен тест неделно


Германија – Претставниците на федералната и покраинските влади на Германија вчера се согласија да ги продолжат мерките за затворање до 28 март со многу опции за отворање во зависност од епидемиолошката состојба. – Мораме да преземеме чекори, но тоа мора да бидат чекори што нема да не вратат назад, рече германската канцеларка Ангела Меркел доцна синоќа по состанокот […]

САД се против истрагата на Судот во Хаг за злосторства над Палестинците


САД– САД се жестоко против истрагата на Меѓународниот кривичен суд за наводните злосторства извршени на палестинските територии, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Тој додаде дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сепак ги преиспитува санкциите воведени за време на мандатот на Доналд Трамп, против обвинителката Фату Бенсуде и други претставници на меѓународната јурисдикција. […]

Кина покажа воен брод кој открива невидливи авиони


Кина– За време на последните вежби во Жолтото Море, кинеската воена морнарица покажа воен брод од нова генерација, опремен, меѓу другото, со радар што може да открие стелт-авиони. Станува збор за напреден разурнувач од типот 052D, кој учествуваше во вежби во Жолтото Море заедно со уште седум нови воени бродови, јави кинеското национално радио. Досега се изградени […]

Во Јужна Африка запленети 400 фалсификувани вакцини против Ковид-19


Јужна Африка – Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици лажни вакцини против Ковид-19, по глобалното предупредување од Интерпол дека вакцините станаа примарна мета на криминалните организации. Во магацин во Гермистон, во близина на Јоханесбург пронајдени се 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата упаси тројца државјани на Кина и еден на Зимбабве. Претходно, кинеската полиција […]

Зајакнати безбедносни мерки околу Капитол Хил


Полицијата во Вашингтон го зајакнува обезбедувањето околу зградата на Конгресот поради разузнавачките податоци кои предупредуваат на евентуално собирање на милитантни групи во текот на утрешниот ден, а по повод шпекулациите дека Доналд Трамп на 4 март, на денот кога порано се одржувале инаугурациите на претседателите на САД, ќе се обиде да се врати на власт. […]

Куомо: Нема да поднесам оставка поради скандалот


Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради зголемениот притисок во врска со скандалот поради сексуално вознемирување, но ја искористи можноста да им се извини на жените кои поради него се чувствувале непријатно. Тој апелираше на јавноста да ги „почекаат фактите“ пред да го осудат за сексуално вознемирување. – Нема […]

Ранети осуммина во Шведска, можен терористички напад


Најмалку осум луѓе се ранети во напад со нож во Ветланда во Шведска, пренесоа медиумите. Според првичните информации од локалните медиуми, наводно се работи за терористички напад, пренесува „Спутник“. #BREAKING Eight people wounded in stabbing attack in #Vetlanda, #Sweden. Police say it was a terror attack pic.twitter.com/GnMoGPiSYX — Guy Elster (@guyelster) March 3, 2021 Азилант […]

Навални од затворска ќелија испрати порака дека е добро


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше осуден на две и пол години затвор во февруари, денеска од својата затворска ќелија преку Инстаграм објави дека е „добро“.   „Сè е во ред. Во дворот има дури и справа за вежбање”, наведе Навални и додаде дека се наоѓа во затворот Колчугино, источно од Москва.   Противникот […]

Мјанмар: Убиени 33 демонстранти, најмногу од воениот преврат досега


Најмалку 33 демонстранти се убиени денеска од страна на безбедносните сили на Мјанмар, што е најголем број жртви од почетокот на протестите поради воениот преврат извршен на 1 февруари. Податоците за жртвите се преземени од локалните медиуми и врз основа на информациите на социјалните мрежи, а за повеќето од загинатите се наведуваат лични податоци – […]

(Видео) Кентаки: Незапамтени поплави, има загинати – со чамци спасувале вакцини


Силните дождови и порастот на водостојот поради топењето на снегот предизвикаа големи поплави во Кентаки, САД. Вакцините против корона вирусот морало да бидат спасувани со чамец откако обилните дождови се заканиле да ја поплаватa здравствената установа во Кентаки, каде биле сместени, јави Си-ен-ен. Дозите се спасени од здравственото одделение во Бетвил и преселени во округот […]

Блинкен: Осум приоритети во новата американска надворешна политика


Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во денешното обраќање до јавноста ги изложи правците на надворешната политика на САД, за што истакна дека „како никогаш порано границите меѓу внатрешната и надворешната политика речиси и да не постојат“.  Справувањето со дезинформациите,  расколот во општеството „кога Американците се поделени како никогаш порано“, борбата со Ковид-19, и обновата на […]

Унгарија планира да ја прошири употребата на вакцината на „АстраЗенека“


Унгарија планира да ја прошири употребата на вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирусот и врз луѓе постари од 60 години, откако во Европа се појавија податоци кои ја покажаа нејзината ефикасност и врз оваа возрасна група, изјави денеска главниот унгарски хирург Сесилија Милер. Пред една недела, Унгарија стана првата земја членка на Европската унија која почна […]