Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот“


САД– Поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Џон Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот“, нагласувајќи дека тоа е „опасна историска аномалија на Републиканците“. Тој за американската телевизија МСНБЦ изјави дека Републиканската партија сè уште немала сериозен разговор за тоа како да ги „измијат рацете“ од она што го …

Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот“ Read More »

Пронајдена една од црните кутии на урнатиот индонезиски авион


Индонезискиот тим за потрага пронајде една од двете црни кутии, на авион на компанијата „Сривиџаја ер“, што се урна пред три дена во Јаванско Море, при што загинаа  62 патници и членови на екипажот. Се уште е непознато дали се пронајдени снимачот на глас во кокпитот или снимачот на податоци за летот. Авиононт во саботата …

Пронајдена една од црните кутии на урнатиот индонезиски авион Read More »

Пауел: По се што се случи во Капитол веќе не сум републиканец


Поранешниот американски државен секретар, Колин Пауел, денеска изјави дека тој веќе не е републиканец по упадот на толпата луѓе во Капитол поттикнати од претседателот Доналд Трамп и, притоа, ја критикуваше и Републиканската партијата за поддршка на неговото однесување, јави Си-Ен-Ен. -Тие го сторија тоа, така што не можам повеќе да се нарекувам републиканец. Јас во …

Пауел: По се што се случи во Капитол веќе не сум републиканец Read More »

Брегзит: Нема ЕУ, нема сендвичи за Британците


Новите правила по Брегзитот стапија на сила и на изненадените британски возачи овие денови на влегувањето во Европската унија холандската полиција им ги запленува сендвичите, објави во вторникот BBC. На снимките од холандските телевизии кои ги емитуваа британскиот јавен сервис и другите медиуми, се гледа како граничната полиција им ги објаснува на возачите правилата за …

Брегзит: Нема ЕУ, нема сендвичи за Британците Read More »

Задолжителен негативен тест на Ковид-19 за сите патници во Англија


Со цел да се спречи натамошното ширење на коронавирусот во Англија, сите патници кои пристигнуваат од странство од 15 јануари ќе мораат задолжително да приложат негативен тест на Ковид-19 не постар од три дена, се наведува во соопштението на британската Влада. Во објаснувањето за спроведување на оваа мерка, Владата им наложува на транспортните оператори да …

Задолжителен негативен тест на Ковид-19 за сите патници во Англија Read More »

Конте: На повидок е нов бран на пандемијата


Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека наскоро може да се очекува нов бран на пандемијата со Ковид-19 во земјата и истакна дека се неопоходни нови мерки за да се спречи ширењето на вирусот. Во изминатите 24 часа во Италија регистрирани се 12.000 новозаразени лица, а од последици од новиот коронавирус починале 448 пациенти. Нивото на …

Конте: На повидок е нов бран на пандемијата Read More »

И Дојче Банк ќе му затвори врата на Трамп


Дојче Банк нема да прави бизнис со актуелниот американски претседател Доналд Трамп по нападот што тој го поттикна на Капитол Хил.  Дојче банк е најважниот заемодавател на Трамп, со околу 340 милиони долари заеми на  Организацијата Трамп, пишува „Њујорк Тајмс„ повикувајќи се на извор запознат со плановите на компанијата. Дојче банка бара начини да ги …

И Дојче Банк ќе му затвори врата на Трамп Read More »

Ковид-19: Зошто производството на вакцината е толку комплицирано?


Одржлива вакцинација е клучна за ставање крај на пандемијата. На пазарот веќе има неколку различни вакцини, но патот до нивно масовно производство е долг и послан со трње Кога се обелодени дека германска компанија е една од првите во светот која развила вакцина против болеста Ковид-19 предизвикана од корона вирусот, имаше големо олеснување – и …

Ковид-19: Зошто производството на вакцината е толку комплицирано? Read More »

ФБИ: Се подготвуваат вооружени протести во сите држави пред инагурацијата на Бајден


Од оваа недела до  денот кога новоизбраниот претседател стапува на должност, се планираат вооружени протести во сите 50 американски држави и пред Капитол хил, се вели во внатрешниот билтен на ФБИ, објавен од ABC News. Во последните денови, ФБИ добила информација за група што повикува на „напад“ на судовите на локалната и федералната влада, како …

ФБИ: Се подготвуваат вооружени протести во сите држави пред инагурацијата на Бајден Read More »

Почна чистката на интернет-суспендирани 70.000 налози на движењето „QAnon“


Твитер „трајно суспендира“ 70.000 налози поврзани со про-трамповското движење „QAnon“ за да спречи социјалната мрежа во иднина да се користи за насилни цели, како што беа организирањето на немирите во Вашингтон од минатата недела. Твитер „чистаката“ ја спроведе уште во петокот, почнувајќи со блокадата на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп. “Овие налози во голема …

Почна чистката на интернет-суспендирани 70.000 налози на движењето „QAnon“ Read More »

Истражувачкиот тим на СЗО нема задача да го впери прстот во Кина


Истражувачкиот тим на Светската здравствена организација (СЗО) кој в четврток ќе пристигне во Кина нема да има задача да вперува прст и да обвинува, туку  научниците ќе имаат задача да го посетат Вухан, местото на првото големо ширење на коронавирусот, и да разговараат со кинеските научници кои работат на Ковид-19, наведе СЗО. Експертите на СЗО …

Истражувачкиот тим на СЗО нема задача да го впери прстот во Кина Read More »

Кина: Во екплозија во рудник, рударите заробени 48 часа


  Најмалку 22 рудари останаа заробени по експлозија на рудник на истокот во Кина, соопштија кинексите власти. Рударите се заробени 48 часа во руник за злато во изградба, во областа Шандонг. Несреќите во рудници во Кина се чести, најмногу заради непочитување на прописите.

Трамп ја одобри вонредната состојба во Вашингтон до 24 јануари


Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, одобри прогласување вонредна состојба во главниот град Вашингтон, соопшти Белата куќа, откако американски безбедносни претставници предупредија на можни немири во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Трамп со уредба го одобри продолжувањето на федералната поддршка на Вашингтон до 24 јануари, за да може да се одговори на …

Трамп ја одобри вонредната состојба во Вашингтон до 24 јануари Read More »

Пораст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шпанија


Шпанците премногу се опуштија за време на празниците, дружејќи се роднините и пријателите, па корона вирусот повторно се прошири низ земјата, соопшти синоќа шпанското Министерство за здравство. Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде …

Пораст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шпанија Read More »

Бајден ќе мора да ја обнови тешко потресената американска демократија


Во политичките и владеачките кругови на Европската унија, по шокираноста од „речиси државниот удар“ во Вашингтон, владее голема загриженост за тоа дали Џо Бајден по десет дена мирно ќе го преземе кормилото на власта или Доналд Трамп, кој не го признава поразот на изборите, може со уште нешто да удри по разурнатата американска демократија. Светски …

Бајден ќе мора да ја обнови тешко потресената американска демократија Read More »

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуза, е позитивен на коронавирусот, но засега не покажува никакви симптоми, соопшти денеска неговиот кабинет. Британските медиуми пренесуваат дека тој од минатата недела се наоѓа во карантин, откако имал контакт со член на неговиот кабинет кој бил заразен со вирусот. Де Соуза (72) го бара вториот мандат на претседателските избори, …

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот Read More »

Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф


И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напуштаат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон. Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен. „Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата …

Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф Read More »

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година


Компанијата „Модерна“ соопшти дека имунитетот на  коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година. „Модерна“ во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус. Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и …

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година Read More »

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 91 милион лица


Бројот на заразени во светот од коронавирус синоќа надмина 91 милион лица. Од Ковид-19 се излекувани 65 милиони луѓе (97 отсто), а починале 1,95 милиони (три отсто) пациенти. Во светот моментно има 24,1 милион активни случаи, од кои 99,5 проценти од пациентите се во полесна здравствена состојба, додека 0,5 отсто се наоѓаат во критична состојба. …

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 91 милион лица Read More »

Компаниите масовно го бојкотираат Трамп и неговите републикански поддржувачи


Не само социјалните мрежи Фејсбук, Твитер или Јутјуб, туку и се поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп, поради повикот на толпата демонстранти минатата недела насилно да навлезе во Конгресот на САД.  Повеќе компании, универзитети и спонзори на политички партии ги прекинуваат сите врски со него и со републиканци кои го …

Компаниите масовно го бојкотираат Трамп и неговите републикански поддржувачи Read More »