Италијанскиот премиер веројатно ќе поднесе оставка


Италијанскиот премиер Џузепе Конте веројатно ќе поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела вечерва или утре изутрина, со надеж дека ќе добие мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор. Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека …

Италијанскиот премиер веројатно ќе поднесе оставка Read More »

Кучињата на Бајден, Мејџор и Чемп пристигнаа во Белата куќа


САД- Кучињата се вратија во Белата куќа по пауза од четири години. Чемп и Мејџор, германските овчари на претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, пристигнаа во Белата куќа вчера, неколку дена по нивните сопственици. Претседателот и првата дама се преселила минатата недела, но сигнализираа дека семејните ловџии ќе заостанат неколку дена, додека тие …

Кучињата на Бајден, Мејџор и Чемп пристигнаа во Белата куќа Read More »

Врховниот суд отфрли тужби против Трамп


Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп, кои го теретеа дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа. Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби – …

Врховниот суд отфрли тужби против Трамп Read More »

„Доминион“ бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат


САД – Компанијата „Доминион воутинг системс“ го даде на суд Руди Џулијани, личен адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп, поради нарушен углед по тврдењата дека компанијата ги манипулирала претседателските избори во 2020 година, јави Волстрит журнал. Во тужбата, поднесена денеска во Окружниот суд на САД за округ Колумбија, компанијата бара оштета во висина од повеќе од 1.3 …

„Доминион“ бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат Read More »

Модерна: Нашата вакцина штити и од новите мутации на вирусот


Модерна Инк денеска соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 произвела антитела кои ги неутрализираат новите мутации на корона вирусот пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка. Се очекува вакцинацијата со две дози на вакцината на Модерна против Ковид-19 да ги заштити луѓето од новите мутации кои се откриени до денеска, соопшти компанијата.

ЕУ: Фармацевтските компании однапред да го регистрираат извозот на дозите


ЕУ ќе побара од фармацевтските компании кои произведуваат вакцини против Ковид-19 во рамките на Унијата, однапред да го регистрираат извозот на дози во трети земји, соопшти денеска официјален претставник на ЕУ. Европската комисија ќе формира транспарентен регистар на извоз на вакцини надвор од Унијата, изјави официјален претставник и најави дека новото правило ќе стапи во …

ЕУ: Фармацевтските компании однапред да го регистрираат извозот на дозите Read More »

Чистењето на Белата куќа по Трамп чинеше најмалку 127.000 долари


Чистењето на Белата куќа по заминувањето на претседателот Доналд Трамп чинеше најмалку 127.000 долари, објави „Њузвик“. Веднаш по заминувањето на Трамп од Белата куќа, специјален тим почна со чистење на резиденцијата што има 132 соби и 35 бањи. Тие имале само пет часа да ја исчистат резиденцијата.

РСЕ: Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска


Велика Британија, соочена со планот на водечката шкотска партија да одржи нов референдум за независност на Шкотска, на кој владата во Лондон остро се спротивставува, како и анкетите што покажуваат дека мнозинството шкотски гласачи се за независност и враќање во Европската унија, е загрозена од нова политичка и уставна криза, јави Радио Слободна Европа (РСЕ) …

РСЕ: Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска Read More »

ЕУ платила за вакцините на „АстраЗенека“, но вакцините нигде ги нема


Во конфузијата околу испораките на вакцините за земјите-членки на ЕУ и со тоа на процесот на вакцинирање се надоврзува нејасниот случај со британско-шведската компанија „АстраЗенека“. Брисел е многу изнервиран затоа што уште есеноска потпиша договор со „АстраЗенека“ (чие седиште е во Кембриџ), за тоа плати неколку стотици милиони евра (сумата уште не се открива), а …

ЕУ платила за вакцините на „АстраЗенека“, но вакцините нигде ги нема Read More »

Борел: ЕУ ќе одговори на апсењата во Русија


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека неговите колеги од земјите членки на ЕУ во следните неколку часа ќе го разгледаат одговорот на апсењето на повеќе од 3.000 демонстранти во Русија во саботата. Пред состанокот на шефовите на дипломатиите од ЕУ тој кажа дека ЕУ ќе одговори на „загрижувачкиот развој на настаните во …

Борел: ЕУ ќе одговори на апсењата во Русија Read More »

Де Соуса го освои вториот мандат на претседателските избори во Португалија


Португалскиот претседател Марсело Робело де Соуса победи во првиот круг од претседателските избори, стекнувајќи ја довербата на гласачите за втор мандат, покажаа официјалните резултати. На вчерашните избори 72-годишниот претседател освои 61 процент од гласовите, девет проценти повеќе отколку при победата во 2016 година, пренесуваат британските медиуми. Меѓутоа, на овие избори излезноста беше само 40 отсто …

Де Соуса го освои вториот мандат на претседателските избори во Португалија Read More »

Во пукотница во Индијанаполис загинаа петмина, меѓу кои и 19-годишна бремена жена


Пет лица, меѓу кои и 19-годишна бремена жена, увиени се во пукање на северот на Индијанаполис во САД. Еден малолетник е тешко ранет и се наоѓа во критична состојба. Полицијата добила дојава дека се пука околу 4 часот по локално време. На улица го пронашле ранетиот малолетник, а набрзо ги пронашле и шетте тела на …

Во пукотница во Индијанаполис загинаа петмина, меѓу кои и 19-годишна бремена жена Read More »

Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД


Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД за лицата кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа. – Новиот претседател исто така ќе ги прошири овие забрани за луѓе кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава …

Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД Read More »

Конгресмените добиваат закани во пресрет на расправата за импичмент на Трамп


Американските безбедносни служби во моментов испитуваат голем број закани упатени кон конгресмените пред најавеното продолжение на расправата во Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Американските медиуми, повикувајќи се на анонимен извор од новата администрација, дознаваат дека на конгресмените им пристигнувале закани за убиства и физички напади надвор од Капитол Хил. Поради заканите …

Конгресмените добиваат закани во пресрет на расправата за импичмент на Трамп Read More »

Во Индија најавено тестирање на вакцината на „Модерна“


Индиската здравствена деловна групација „Тата“ соопшти дека започнале првични преговори со американската фармацевтска компанија „Модерна“ за употреба на нејзините вакцини во Индија. Во извештајот на индискиот дневен весник „Економик тајмс“ се наведува дека деловната групација треба да формира заеднички експертски тим со индискиот Совет за научни и индустриски истражувања, кој ќе биде одговорен за спроведување …

Во Индија најавено тестирање на вакцината на „Модерна“ Read More »

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас


Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс денеска ќе ги објави плановите за нејзината кандидатура за гувернерка на Арканзас, изјави официјален претставник запознат со ситуацијата. Таа ќе ги објави своите планови преку видео врска за да побара поддршка од републиканците да се кандидира на изборите во ноември 2022 година. Актуелниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон …

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас Read More »

Во САД со коронавирус заразени над 25 милиони луѓе


Во Соединетите Американски држави бројот на лица заразени со новиот коронавирус официјално надмина 25 милиони од почетокот на пандемијата, неколку дена откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата, ставајќи ја борбата против Ковид-19 на врвот на неговата листа на приоритети. Универзитетот „Џон Хопкинс“ во неделата наутро регистрира 25.003.695 заразени, а починале повеќе од 417.000 луѓе. …

Во САД со коронавирус заразени над 25 милиони луѓе Read More »

Повторно затворање на Франција, предлага претседателот на францускиот Научен совет


Претседателот на Научниот совет задолжен да ја советува француската Влада за епидемијата со Ковид-19, Жан-Франсоа Делфреси, поради ургентната состојба со доаѓањето на новите варијанти на Ковид-19, ја изнесе идејата за прегрупирање или повторно затворање – карантин на земјата, јави дописникот на МИА. -Колку побрзо ќе ја донесете одлука, толку таа ќе биде поефикасна и може …

Повторно затворање на Франција, предлага претседателот на францускиот Научен совет Read More »

Америка по инаугурацијата: Може ли Бајден да ги залечи раните


Во деновите по инаугурацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, попуштаат обемните безбедносни мерки, припадниците на Националната гарда се повлекуваат од градските улици, се отвораат метални огради со кои беа обезбеден Капитол Хил, како и станиците во метрото. На денот на кој беше објавено поништувањето на мерките за итни случаи најавени пред и за време на …

Америка по инаугурацијата: Може ли Бајден да ги залечи раните Read More »

И мексиканскиот претседател Обрадор позитивен на корона вирусот


Мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор е позитивен на коронавирус, пренесе Би-Би-Си. Тој на својот профил на Твитер напиша дека има лесни симптоми и дека е оптимист за текот на болеста. Веста доаѓа во време кога неговата земја веќе има над 150.000 смртни случаи од коронавирус. Обрадор изјави дека ќе продолжи да ги извршува своите должности …

И мексиканскиот претседател Обрадор позитивен на корона вирусот Read More »