Сајбер криминалот од политиката се пресели во бизнисот


Само една американска компанија годинава  плати 4,4 милиони долари откуп на сајбер криминалците за да си ги врати податоците во компјутерската мрежа. Инфицираат, снимаат податоци и уценуваат, извлекувајќи милијарди од сметките на бизнисмените   Неодамнешните сајбер напади од висок профил, т.н.  „ransomware“, врз најголемата светска компанија за пакување месо и најголемиот американски снабдувач со гас […]

Жителите на Њујорк од денеска добиваат 100 долари за прва доза вакцина


 Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие подарок од 100 американски долари. Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19. Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработени кои […]

(Видео) Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи


Очевидец снимил група жени како бегаат од аптека во Сан Франциско со полни торби со наводно украдени производи. Мажот кој го снимил настанот им изјави на новинарите дека четири жени извршиле кражба, а кога ги прашал вработените во аптеката дали ќе повикаат полиција, тие само кренале раменици. – Ваквите работи станаа нормални, истакна очевидецот. Кражбите […]

Во Германија се преврте српски автобус, 19 се повредени


На германскиот автопат A13 во сојузната држава Бранденбург, се преврте автобус од Србија со 34 патници, од кои 19 се повредени. Тешко повредените се пренесени во болница во Котбус и Берлин, пишува Билд. Според првичните информации, станува збор за автобус од Србија кој превезувал државјани на Германија, Шведска, Израел и Србија. Според медиумите, автобусот бил […]

Претседателот на Израел прими трета доза вакцина против Ковид-19


Израел-Претседателот на Израел, Јицак Херцог и неговата сопруга Михал денеска меѓу првите примија трета доза од вакцината против Ковид-19, откако синоќа беше најавено дека еврејската држава прва во светот ќе ги имунизира лицата над 60 години со трета доза. Одлуката за третата доза е донесена во екот на напорите да се запре најновиот бран на […]

Демонстрант од Хонгконг осуден според Законот за национална безбедност


 Продемократски демонстрант денеска е осуден на девет години затвор, што е прва пресуда според законот за национална безбедност во Хонгконг, со кој Пекинг ја зајакнува контролата над таа територија. Тонг Линг-кит беше осуден за тероризам и поттикнување сецесија, бидејќи со мотор налета на припадници на полициските сили за време на протестите на 1 јули 2020 […]

Чешка ќе ги награди со два дена одмор државните службеници што се вакцинираат


Чешката Влада денеска донесе одлука според која два дополнителни дена годишен одмор ќе им бидат понудени на државните службеници кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, соопшти премиерот Андреј Бабиш. Чешката Република, која има 10,7 милиони жители, соопшти дека до 29 јули биле дадени 10,19 милиони дози и дека 4,74 милиони луѓе се целосно вакцинирани. – […]

Студија: Климатските промени предизвикуваат поекстремни временски услови


Англија– Бројот на екстремни временски неприлики што се случуваат низ целиот свет се зголемува како резултат на климатските промени, покажа истражувањето објавено во списанието Сајенс Адвансис (Science Advances). Околу две третини од копното на Земјата ќе се соочуваат со „влажна и променлива“ хидроклима на дневна и повеќегодишна основа, што значи поголеми промени помеѓу влажните и […]

Ново жариште во Нанџинг, најголемо по Вухан


Жариште на Ковид-19 откриено е во кинескиот град Нанџинг а се прошири во пет кинески покраини и главниот град Пекинг, а кинеските државни медиуми ја нарекоа „најголема зараза по Вухан“, објави Би-би-си. Според државните податоци заразени се речиси 200 луше од кога вирусот е детектиран во градскиот аеродорм на 20 јули. Сите летови од аеродромот […]

(Видео) Падна снег во Бразил – постари граѓани прв пат гледаат


  Откако дојде до значителен пад на температурите во бразил, во оваа јужноамериканска држава прв пат падна снег. Автомобилите, улиците и автопатите се прекриени со снег имраз, а лушето ја искористија приликата оваа ретка појава да ја фотографираат и да играат на снегот. „Имам 62 години и никогаш не сум видел снег. Да се види […]

Лондон ќе инвестира стотици милиони фунти за стимулирање одење пеш или со велосипед


Англија – Британската влада ќе инвестира 338 милиони фунти за промовирање на одење пеш и изградба на нови велосипедски патеки. Целта е зголемената пандемиска употреба на велосипеди како превозно средство да остане трајна, како дел од напорите за намалени штетни гасови. Со инвестицијата, што претставува зголемување на буџетот за 30 проценти за активно патување, возењето велосипед […]

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници


САД– Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави воведување нови анти-ковид барања, насочени кон зајакнување на стапката на вакцинација за милиони федерални работници и изведувачи, откако изрази загриженост поради големиот број смртни случаи меѓу невакцинираните. Милиони федерални службеници во САД ќе треба да потврдат дека се вакцинирани против коронавирус или ќе треба да носат маски, да […]

Во Италија активни над 200 пожари


Италија – Италијанските области продолжуваат да се борат со голем број шумски пожари, јави ДПА. Од различни региони се примени 234 барања за помош со цистерни авиони во борбата против пожарите. Активни пожари има во Калабрија, на островот Сицилија и на островот Сардинија. Повеќето од нив започнале поради небрежност или биле предизвикани намерно. Сега има 240 […]

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци


Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен. Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се […]

Германците сѐ помалку работат од дома – се враќаат во канцеларија


Германците во сѐ поголем број се враќаат да работат од канцеларија и на другите работни места, а само четвртина продолжува барем делумно да работат од куќа, јави економскиот институт Ифо. По година и пол од пандемијата корона вирусот четвртина (25,5 отсто) Германците во јули се уште работат од дома, процени Ифо. Тое е нешто помалку […]

Американски дипломат во Мексико силувал 23 жени


Поранешен американски дипломат дрогирал, сексуално злоставувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14 години додека работел во американската амбасада во главниот град на Мексико, јави американското министерството за правосудство. Од таму соопштија дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд призна вина за наведените злосторства. Може да добие казна доживотен затвор. „Рејмонд го напушти Мексико по […]

Објавена нова карта за состојбата со корона вирус во Европа, Грција во црвено


Европскиот центар за контрола на болести објави нова карта на Европската Унија во врска со состојбата со пандемијата, а на неа се гледа дека речиси цела Грција е во црвено, додека брегот на Хрватска е во портокалово. Континенталниот дел остана зелен, додека северниот дел на Франција, поголемиот дел на Италија се портокалови. Јужниот дел на […]

Пелоси го нарече Мекарти „морон“ поради критиките за заштитните маски


САД – Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го нарече лидерот на републиканското малцинство во тој дом, Кевин Мекарти, „морон“ откако од неа беше побарано да ги коментира неговите критики околу прописите за носење заштитни маски. – Тој е таков морон!, изјави Пелоси додека влегуваше во нејзиниот автомобил пред Капитол Хил, како одговор […]

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени


Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број на луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во главниот град Сиднеј беше продолжен до 28 август. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, рече дека во последните 24 часа до средата вечерта, биле регистрирани 239 локални случаи на 111.000 тестови, пренесе Индекс.хр. […]

Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами. Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, […]