Бајден забрани иселување за време на пандемијата, Врховниот суд ја поништи неговата одлука


САД – Врховниот суд на САД го укина мораториумот за иселување што Владата на претседателот Џо Бајден го воведе во областите погодени од пандемијата на Ковид-19, поради што Белата куќа изрази жалење и повика на „итна“ акција. Врховниот суд ја прифати жалбата на Здружението на издавачи на станови и агенти за недвижности кои бараа да се укине […]

Берлускони повторно примен во болница


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, објави неименуван извор од неговата партија Форца Италија. Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелно клиничко испитување“, без да даде детали. Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември […]

Германската издавачка куќа Аксел Спрингер го купува Политико


Германската издавачка куќа Аксел Спрингер соопшти дека ќе ја купи американската медиумска компанија Политико, со што ја проширува својата глобална мрежа на дигитални информативни медиуми. Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико. Договорот предвидува германската компанија да […]

Талибанците бараат помош од Турција


Официјална Анкара се уште нема донесено одлука за обезбедување техничка помош на талибанците во управувањето со аеродромот во Кабул, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ероган и прецизира дека во тек се разговори за тоа прашање. Турски официјален претставник потврди дека талибанците побарале од Турција техничка помош за управување со аеродромот во Кабул, но со […]

Метална честичка е пронајдена во сомнителните вакцини на „Модерна“ во Јапонија


 Непознатиот надворешен елемент, пронајден во серијата вакцини на компанијата „Модерна“ против Ковид -19, што биле испорачани во Јапонија, најверојатно е метална честичка, соопшти денеска јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на извори од јапонското Министерство за здравство. Извори од Министерството наведуваат дека честичката реагирала на магнетите и дека поради тоа постои сомневање дека станува збор за […]

Барние ќе се трка против Макрон на претседателските избори


Мишел Барние, поранешниот преговарач на ЕУ за Брегзит, најави дека сака да се кандидира на претседателските избори во Франција следната година. „Во овие тешки времиња, ја донесов одлуката и решен сум да застанам и да бидам претседател на Франција што е помирена, што ги почитува Французите и Франција што е почитувана“, рече тој во интервју […]

Коронавирус: Брисел влезе во темно-црвена зона


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) го обои Брисел како темно-црвена зона, пишува Le Soir. Регионите стануваат темноцрвени ако кумулативната стапка на известување за случајот „Ковид-19“ е 500 или повеќе. Брисел и регионот Валонија беа ставени како црвена зона пред неколку недели, додека Фландрија останува портокалова. Брисел е градот со најниско ниво […]

Тужба против Трамп поради поттикнување напад на Конгресот


Седум полицајци задолжени за заштита на американскиот Капитол Хил го тужеа поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Тие во тужбата наведоа дека Трамп, во договор со десничарски екстремистички групи, поттикнал смртоносен напад врз Конгресот на 6 јануари 2021 година. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Вашингтон, полицајците наведуваат дека нападот бил кулминација на повеќемесечната […]

Белата куќа за барањата за оставка на Бајден: Не е време за политиканство


САД- Белата куќа одговори на барањата на повеќемина републикански сенатори и конгресмени за оставка на американскиот претседател Џо Бајден поради вчерашниот напад во Кабул, во кој загинаа најмалку 13 американски војници. -Ова не е ден за политиканство. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели нашата решеност […]

Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е Ковид-19


Велика Британија веќе шест недели по ред бележи повисока стапка на смртност од просечната во овој период од годината. Тоа не се должи на коронавирусот, туку на други болести, пишува Дејли телеграф. Експертите велат дека една година поинаква работа во здравството поради пандемијата „пристигна на наплата“. Во текот на неделата која заврши на 13 август […]

Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција


Франција –  Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот […]

Републиканците бараат импичмент за Бајден по нападот во Кабул – сериозно расклатено неговото претседателство


САД– „Дали Бајден треба да поднесе оставка или да добие отказ поради неуспесите во Авганистан? Да. Но, тоа на ќело ќе ни ја остави потпретседателката Камала Харис, што е десет пати полошо“, напиша на Твитер, Ники Хејли, постојаната претставничка на САД во ОН во администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Доколку претседателот Трамп можеше […]

Мекензи: Ќе тргнеме на Исламската држава по нападот во Кабул


САД– Американскиот воен врв вети дека ќе ја нападне Исламската држава по самоубиствениот бомбашки напад од вчера на аеродромот во Кабул, откако оваа терористичка организација ја презеде одговорноста. -Нападот на влезот на аеродромот го извршија бројни вооружени припадници на Исламската држава, кои отворија оган врз цивили и воените сили, изјави од Пентагон генералот Френк Мекензи […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул


Терористичката милиција Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот весник Амак, јави ДПА. Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив. BREAKING: Large explosion just […]

Најмалку 12 американски војници загинаа во нападот во Кабул


Најмалку 12 припадници на американската војска загинаа, а најмалку 15 се повредени во нападот на аеродромот во Кабул, изјави на брифинг генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда. – Денеска е тежок ден, рече Мекензи. Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган. Денеска имаше најмалку […]

Објавена новата корона мапа на Европа, еве кои земји се во црвено


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) објави нова корона мапа на Европа, во која не се опфатени земјите од Западен Балкан. Така, од мапата е видливо дека Грција, која е еддна од најпосетените туристички дестинации од страна на македонските туристи е целосно „црвена“, а исто е и Бугарија. Хрватска е во портокаловата […]

Повеќе експлозии на аеродромот во Кабул, најмалку 11 мртви


Нешто по 15.30 часот по наше време, на влезот од аеродромот во Кабул одекна експлозија, а потврдена е и друга експлозија што се случаил кај хотелот „Барон“, оддалечен неколку стотини метри. Талибанците соопштија дека најмалку 11 луѓе загинале, меѓу кои и странски државјани и деца, а дека ранети се и талибански чувари. Портпаролто на талибанците […]

Првпат во историјата на Ватикан Папата именува жена на две високи позиции


Папата Франциск ја именуваше сестра Алесандра Смерили за привремена секретарка на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој и како делегат на Комисијата за Ковид-19 во Ватикан, соопшти денеска Светата столица. Ова е првпат жена да биде назначена за секретар на дикастерија, пишува порталот за вести Ватикан њуз. Таа доаѓа на местото на монсињор Бруно Мари Даф и отец Аугусто […]

Американски државјани се повредени во нападот во Кабул


Американски државјани се меѓу повредените во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.Тој ја нарече експлозијата што се случи на една од портите на аеродромот како „комплексен напад“. Кирби не даде никакви информации за бројот на загинати или повредени лица.Тој потврди дека се случила уште една експлозија во хотел во близина. Невладината организација „Итна помош“ претходно на […]

ЕК: Земјите од ЕУ на своја одговорност користат бустер вакцина


Белгија– Земјите од Европската унија кои ќе одлучат да користат дополнителна трета доза вакцина против Ковид-19 може да се соочат со правни проблеми, бидејќи Европската регулаторна агенција за лекови (ЕМА) се уште не препорача дополнителна доза на вакцината, соопшти денеска Европската комисија. ЕМА постојано сугерираше дека се потребни повеќе податоци пред да се одобри употребата на […]