Германија подготвена за испраќање дополнителни полицајци на границата со Полска поради имигрантите


 Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер најави дека е подготвен да нареди зголемување на бројот на федерални полицајци на границата со Полска за да помогне во борбата против зголемувањето на илегалната миграција од Белорусија, јави ДПА. Зехофер појасни дека 800 федерални полицајци се веќе стационирани на границата и можат да пристигнат дополнителен број доколку […]

Во Русија и понатаму многу починати од Ковид-19, Санкт Петерсбург се затвора


Русија во последните 24 часа повторно забележа висок број починати од последиците од инфекцијата со корона вирус – 1.072, соопшти денеска Кризниот штаб за борба против корона вирусот. Од почетокот на епидемијата, 230.600 пациенти починаа од корона вирусот, додаваат од штабот, пренсе Тас. Санкт Петерсбург о 30 октомври се затвора на седум дена Во Санкт […]

Во Источна Европа речиси 20 милиони заразени со Ковид-19


Регионот Источна Европа се бори со најлошото ширење на инфекцијата од почетокот на пандемијата, а спроведувањето на вакцинацијата се одвива тешко, јавија западни медиуми. Земјите во регионот имаат најниски стапки на вакцинација во Европа, при што помалку од половина од населението примило само една доза од вакцината.Наскоро ќе има повеќе од 20 милиони инфекции со […]

Во директен судар на автобус и камион во Русија, загинаа шестмина


На автопатот Астрахан-Елиста-Ставропол во Русија се случи директен судар на автобус и камион. Во таа несреќа, како што пренесува РИА новости, шест луѓе го изгубиле животот, а седуммина се повредени, соопштија утрово од руското министерство за вонредни состојби. „На автопатот директно се судриле камион „камаз“ и патнички автобус „Неоплан“ кој сообраќал на релација меѓу Макачкале […]

Силен земјотрес го погоди Тајван


Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер го погоди денеска Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот се наоѓа на 40 киломтери, наведе ЕМСЦ, пренесе Ројтерс. Засега не е познато дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени.  

Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето дипломати


Вашингтон очекува Анкара да ги разјасни акцентите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прогласување персона нон грата на амбасадори на 10 држави. Меѓу нив е и шефот на дипломатската мисија на САД, соопшти Стејт департментот. Претходно, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција. Ердоган прогласи за персона […]

Во САД аплицирани речиси 413 милиони вакцини против Ковид-19


Во САД  се аплицирани 412.856.169 дози вакцина против Ковид-19, а уште 503.521.625 дози се испратени во центрите за вакцинација. Ова го објавија американските центри за контрола и превенција на болести. Најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица биле целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на Фајзер/Бионтех […]

Како хакери станаа супер-војници


Светот многу се промени во последните 30 години – интернетот, апликациите и компјутерите денес се во центарот на речиси сите човечки активности. Како резултат на тоа, армиите ширум светот интензивно се обучуваат за нова ера на „хибридно војување“. Останува прашањето – дали вооружените сили на Западен Балкан се уште се однесуваат како за време на […]

Уапсен најголемиот наркобос во Колумбија


Колумбиските оружени сили го уапсија главниот наркобос во таа држава, Даира Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, објави претседателот Иван Дуке. Отониел (50) бил фатен за време на операција во рурална област во регионот Ураба. Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, а како што изјави Дуке, тој е обвинет и […]

Силен земјотрес го погоди Тајван


Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер го погоди денеска Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 40 километри. Засега не е познато дали земјотресот предизвикал материјална штета и дали има повредени. 

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови


Рестораните, кафулињата и продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени во Санкт Петербург од 30 октомври до 7 ноември, според указот потпишан од гувернерот Александар Беглов. Дополнително, ќе бидат затворени козметичките салони, спортските центри и целата неприоритетна трговија, но тоа не важи за аптеките, бензинските пумпи и продавниците за храна. Во тој период, базените, […]

Едно лице загина при оружен напад на студентска забава во Џорџија


САД – Едно лице загина, а седум други се повредени во оружен напад за време на студентска забава во близина на Универзитетот во Форт Вали, Џорџија, соопшти локалниот огранок на каналот Фокс њуз, повикувајќи се на податоци од полицијата. Според органите на редот, некои од повредените се хоспитализирани но засега нема информации за нивната состојба. Не […]

Едно лице застрелано во близина на Париз, им се заканувал на полицајците со нож и извикувал „Алах Акбар“


Франција– Лице вооружено со нож и се заканило на полицијата, извикувајќи „Алах Акбар“, пред да биде застрелано од полицијата во Коломб во близина на Париз, јави дописникот на МИА. Човекот кој беше застрелан од полицијата во Коломб, откако упати закани, не бил заведен во датотеката како С (радиказилизиран). Тој бил погоден во карлицата, а им […]

Вонредна состојба во Молдавија поради недостиг на гас, изгасна и „вечниот оган“


Во Молдавија е прогласена вонредна состојба поради недостиг на гас. Премиерката Наталија Гаврилица објасни пред Парламентот дека вонредните овластувања ќе и овозможат на земјата да увезува сино гориво од други европски држави. Таквата одлука била неопходна бидејќи земјата не можеше да се потпре на преговорите со рускиот „Газпром“. Актуелниот договор со руската компанија е со […]

САД: За 12 месеци приведени над 1,7 милиони мигранти на границата со Мексико


САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега. Повеќе од милион од нив биле протерани во Мексико или во земјите од кои побегнале, покажуваат податоците на американската Царинска и гранична заштита. Припадниците на безбедносните служби уапсија луѓе од повеќе од […]

Австрија најавува нови ограничувања за невакцинираните, ако има пораст на заболени од Ковид-19


Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања доколку бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте, изјави канцеларот Александар Шаленберг. – Доколку бројот на заболени од Ковид на интензивна нега достигне 500 или 25 отсто од вкупниот капацитет на земјата, влез во ресторани, хотели ќе биде дозволен само вакцинирани или […]

ФТ: Лондон може да користи специјална единица од финансиски експерти против свои противници


Велика Британија може да користи специјална единица на Министерството за одбрана, формирана од финансиски експерти и поранешни вработени во Лондонско сити, против Русија, Кина и Иран, пишува британскиот весник Фајненшел тајмс. Според изданието, доверливата експертска група и помага на британската војска да ги подобри своите вештини за „економска војна“ и да ја заштити земјата од […]

Пентагон соопшти колку американски војници починале од Ковид-19


Бројот на американски војници кои починале од компликации предизвикани од Ковид-19 достигна 70, пишува американскиот весник Милитари тајмс. Изданието нагласува дека во последните денови во вооружените сили на САД, како и во целата земја, постои тенденција да се намали смртноста од последиците од инфекцијата со коронавирус по нејзиниот нагло зголемување во крајот на јули, по […]

Кина донесе закон со кој сака да ја намали зависноста на младите од онлајн игри


Кина го усвои законот за образование сокој се демонстрира поодлучна позиција на државата во борбата против зависност на млaдите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, но и обид да се застане на патот на „слепо“ обожување познати личности на интернет. Кинескиот парламент минатата недела потврди дека ќе разгледа закон со […]

Цените на нафтата на повеќегодишен максимум


Нафтата е на пат да ја забележи својата деветта последователна недела на раст, што е најдолг период на неделен раст на цените од 2015 година, бидејќи испораките на производителите на ОПЕК + на пазарот се скромни, а залихите на сурова нафта во САД се намалуваат. Фјучерсите на американската нафта WTI за испорака во декември пораснаа […]