Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години


САД– Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување. Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и […]

Меркел ќе спие мирно ако Шолц стане канцелар


По 16 години како федерален канцелар, Ангела Меркел (ЦДУ) е опуштена и сигурна за промената на власта во владата. Во првото интервју по федералните избори, таа изјави за „Зидојче цајтунг“: „Знам што постигнавме во владите што ги водев“. Меркел е канцелар од 2005 година. Таа не ја дели загриженоста дека коалицијата на СПД, Зелените и […]

Војската во Судан изврши пуч, го уапси премиерот


КАИРО – Највисокиот судански генерал во понеделникот ја распушти владата и најави дека војската ќе управува со земјата откако неговите сили го уапсија вршителот на должноста премиер и други функционери. Илјадници Суданци протестираа на улиците против пучот. Военото преземање се заканува да го попречи долгиот, тежок обид на Судан за транзиција кон демократија две години […]

ЕМА го проценува лекот на „Мерк“ против Ковид-19


Холандија- Американскиот производител на лекови „Мерк“ денеска соопшти дека регулаторната агенција на ЕУ- ЕМА отворила постапка за оценување на експерименталниот лек на компанијата против Ковид-19. ЕМА ја почна првата континуирана евалуација на податоците за лековите, што значи дека ќе ги оценува податоците веднаш штом ќе станат достапни, наместо да чека формална апликација откако ќе се […]

Големо невреме на Сицилија, се бараат жртви


Во невреме што го зафати италијанскиот остров Сицилија, обилните дождови ги претворија улиците и патиштата во реки. Нуркачи и пожарникари трагаат по исчезната брачна двојка. Училиштата се затворени, летовите се откажани, а надојдената вода и одроните направија многу штети. Големо невреме ја погоди Сицилија, предизвика поплави коиносеа автомобили, нанесена е огромна материјална штета, а цивилната […]

Британскиот регулатор нареди блокирање на странски лажни повици и пораки


 Водечките британски телекомуникациски мрежи се согласија автоматски да ги блокираат речиси сите интернет повици кои доаѓаат од странство, а изгледа како да доаѓаат од Велика Британија, соопшти британскиот совет за електронски медиуми Офком.   Како што е наведено, криминалците користат интернет за да упатуваат повици или пораки кои изгледаат реално и доаѓаат од вистински телефонски […]

(Видео) Експлозија на кинески универзитет, најмалку двајца мртви


Две лица загинаа, а најмалку уште девет се повредени во експлозија на еден универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми. Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг, пренесе АП. Надлежните истражуваат што е причина за експлозијата во Школата за наука за материјалите и технологијата на Универзитетот, […]

Русите ќе мораат во Полска за иселенички визи за САД


Русите кои сакаат да поднесат барање за добивање иселеничка виза за САД ќе мора да одат во американската амбасада во Полска затоа што услугата не е достапна во Русија, соопшти Стејт департментот. „Нема повеќе да даваме нови термини за доселенички визи на руски државјани во Москва“, рече портпаролот на Стејт департментот за АФП, додавајќи дека […]

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз


Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град. Условот за носење маски беше на сила од март […]

Најмалку 25 загинати во пожар во илегална рафинерија во Нигерија


Најмалку 25 лица, меѓу кои и малолетници, загинале во петокот во експлозија и пожар во илегална рафинерија за нафта во нигериската држава Ривер. Експлозијата се случила во петокот рано наутро, изјави еден од локалните жители. -Има голем број жртви… Изброивме 25 тела, изјави лидерот на локалната заедница Ифиани Омано за британските медиуми и додаде дека […]

Лидерот на германската ЦДУ, Армин Лашет, денеска ќе се повлече од функцијата премиер на Северна Рајна Вестфалија


 Армин Лашет, лидерот на  германска демохристијанска партија (ЦДУ), денеска официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, јавува ДПА. Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел на функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега. Лашет […]

Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан


Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што пренесуваат странските медиуми, Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море во октомври, одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години […]

Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор


Еквадор– Четири лица загинаа, а едно е повредено во снежна лавина на вулкан во Еквадор, соопштија денеска властите. Група од 12 луѓе се искачиле на неактивниот вулкан Чимборазо, покриен со снег, кога лавина ги затрупала на височина од 6.100 метри. Врвот на вулканот Чимборазо е на надморска височина од 6.263 метри и е највисоката точка […]

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна


Германија– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во неделата оцени дека желбата за заштита на границите е „легитимна“, додека европските земји бараат помош од ЕУ за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното пристигнување на мигрантите. Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата за да изгради ограда […]

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни


Швајцарија– Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.   – Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа […]

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите


Италија- Матео Салвини, лидер на италијанската десничарска партија Лига, рече дека судењето каде што се соочува со обвинение за киднапирање затоа што одбил да дозволи брод со мигранти да се закотви во земјата во 2019 година, не е сериозно бидејќи актерот Ричард Гир беше повикан да сведочи. Салвини, кој во тоа време беше министер за […]

Вселенскиот патријарх хоспитализиран во Вашингтон


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен в болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо. Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД. Неговиот лекар го советувал да се одмори, а […]

Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија


Папата Франциск денеска ги повика државите да не ги враќаат мигрантите од небезбедните земји, како што е Либија, каде, според него, многу луѓе се злоупотребуваат и живеат во нехумани услови, слични на оние во концентрационите логори. Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија […]

Талибанците „насилно ги иселуваат“ Хазарите и противниците


Хјуман рајтс воч регистрираше незаконски заплени земјиште и домови кои потоа им беа дадени на талибанските поддржувачи   Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и земјиште притиснати од страна на талибанските претставници на северот и југот на Авганистан, што претставува колективна казна, незаконска според меѓународното право, предупреди Хјуман рајтс воч. Многу од […]

Талибанците воведуваат програма „храна за работа“ за невработените


Талибанската власт во Авганистан од денеска почнуваат програма за борба против гладта, нудејќи им на илјадници луѓе пченица во замена за работна сила. – Програмата ќе биде спроведена во поголемите авганистански градови и со неа ќе можат да се вработат 40.000 луѓе само во главниот град Кабул, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на прес-конференција. […]