Зошто се повеќе целосно вакцинирани се заразуваат со корона вирусот?


Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и музичките ѕвезди Џон Бон Џови и Брајан Адамс се последните во низата познати личности кои се заразени со коронавирус иако се вакцинирани. Но, експертите велат дека ваквите случаи на „пробив“ на вирусот САРС-КоВ2 не ги изненадуваат. Во последниве недели сè повеќе се слуша за пробив на вирусот – […]

Бразил планира да го запре нелегалното уништување на шумите до 2028 година


Бразилската делегација на климатскиот самит COP 26 во Глазгов претстави план за запирање на нелегалното уништување на шумите до 2028 година. Во презентацијата што следеше по говорот на бразилскиот министер за животна средина Хоаким Леита се наведува дека планот е да се намали нелегалната дефорестација за 15 отсто до 2022 година секоја година до 2024 […]

Пандемијата го зголеми бројот на самоубиства во Јапонија


Бројот на самоубиства во Јапонија во 2020 година е зголемен за првпат по 11 години и тоа е директна последица на проблемите предизвикани од пандемијата, се вели во владиниот извештај. Минатата година се самоубиле повеќе од 21.000 луѓе, 912 повеќе од претходната година. Ова зголемување целосно се должи на зголемениот број на самоубиства кај жени […]

Како да се деактивира климатската темпирана бомба: Пораки од првиот ден на самитот за климата COP26


Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го отвори глобалниот самит за климата во Глазгов и предупреди на климатските промени, метафорично велејќи дека светот во моментов е „поврзан за уред на судниот ден“. Џонсон ја спореди ситуацијата со планетата со онаа во која тајниот агент Џејмс Бонд е врзан за бомба која може да ја уништи планетата, […]

Моди вели дека Индија има намера да постигне нула нето емисии во 2070 година


Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го искористи самитот COP26 за климатските промени за да соопшти дека неговата земја има намера да постигне нула емисии на јаглерод во 2070 година, две децении по крајниот рок за кој научниците велат дека е конечен за да се избегнат катастрофалните климатски последици. Моди, сепак, ја бранеше Индија, посочувајќи дека таа „се придржува до […]

Засега три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, во која имало околу 40 работници


Најмалку три лица загинале во урнатата повеќекатница во изградба во комерцијалната престолнина на Нигерија, Лагос, а се стравува дека уште десетици други се наоѓаат затрупани под урнатините. Француските медиуми пренесуваат дека тешка механизација ги расчистува остатоците од 21-катната зграда во потрага по преживеани под урнатините во елитната населба Икоџи во Лагос. Спасувачите изјавија дека во […]

Бајден во Глазгов: Ова е деценија на одлуки за климата на Земјата


 Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска на климатската конференција во Глазгов рече дека оваа деценија ќе ја одреди иднината на климата на Земјата. – Ова е одлучувачка деценија во која имаме можност да се докажеме, им рече Бајден на светските лидери на самитот COP26 во Шкотска. – Глазгов мора да биде почеток на една деценија на акција […]

Сите вработени во Њујорк мора да се вакцинирани, инаку ќе останат без плата


За Њујорк денеска е прв ден откако по налог на градоначалникот Бил де Бласио сите градски вработени мора да се вакцинирани против Ковид-19, иако многу полицајци и пожарникари сѐ уште одбиваат вакцинација, а еден синдикален водач задолжителната вакцинација ја нарече рецепт за катастрофа. Де Бласио, демократ кој пред помалку од две недели најави задолжителна вакцинација, […]

Во светот од Ковид-19 починале над пет милиони луѓе


Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 ширум светот надмина пет милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, кој ги сумира податоците од државните и локалните власти, како и од медиумите и други сигурни извори. Бројот на починати од Ковид-19 во светот денеска се искачи на 5.000.425 луѓе, додека бројот на заразени е над 246,7 милиони. Најголем […]

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа


  Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, при што деветмина загинаа, а еден се здобил со тешки повреди. За време на вежбата која се одвивала во неделата наутро во пештерата Дуас Бокус паднал еден нејзин дел и десетимина останале заробени. Бразилското министерство за безбедност соопшти дека во тој момент на […]

„Дали мислите дека премиерот на Австралија ве излажа“; „Не мислам, знам“: Макрон за потегот на Морисон околу подморниците


Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот премиер Скот Морисон дека го лажел додека тајно преговарал за договор за подморници со САД и Велика Британија и дека треба многу да се направи за да се обезбеди взаемна доверба во иднина јави Си-Ен-Ен. На прашањето на австралиски новинар дали мисли дека Морисон го излажал, Макрон одговори […]

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари


Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на  Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден […]

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол


Федералното истражно биро (ФБИ) и други клучни американски агенции за спроведување на законот не одговорија на плејадата совети и други информации пред 6 јануари, што сигнализираа дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во Капитол, покажуваат документите објавени од Вашингтон Пост. Според весникот „документите на внатрешното биро“ вклучувале информации добиени од официјални […]

Потрага по La Dolce Vita? Лидерите на Г20 фрлаа паричка во фонтаната Треви во Рим


Италија– Светските лидери вчера фрлаа парички  во римската фонтана Треви – некои несомнено бараат среќа – според традицијата за посетителите на италијанскиот главен град која датира од пред стотици години. Легендата вели дека ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим. Повеќето од лидерите кои позираа на […]

(Видео) Силен земјотрес во Токио


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер го погоди Токио во Јапонија, но не е објавено предупредување за цунами. Епицентарот на потресот бил во префектурата Ибараки, на длабочина од 60 километри, пренесе Кјодо. Засега нема податоци за евентуална материјална штета, констатира Ројтерс.

Лидерите од светот пристигнуваат во Глазгов на самит за спас на Земјата


„Јаглен, автомобили, пари и дрвја“, британскиот премиер Борис Џонсон ги сумираше главните теми на Конференцијата на ОН за климатските промени чиј домаќин е Глазгов. COP26 почна вчера во најголемиот град во Шкотска, но најважниот дел од двонеделната конференција ќе биде денеска и утре, кога повеќе од 120 светски лидери ќе пристигнат во Глазгов за да […]

Малезија воведе задолжителна вакцинација за државните службеници


Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, во спротивно, тие се соочуваат со отказ, според новите правила, објавени денеска на веб-страницата на владата. „Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против коронавирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови за работа и да се […]

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега


Седум години – од 2015 до 2021 година веројатно ќе бидат најтоплите забележани досега, соопшти Светската метеоролошка организација. Во првите девет месеци од годинава просечната температура била за 1,09 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриската ера. Оваа година веројатно ќе биде меѓу петтото и седмото место на листата на најтопли години. Најтопла година досега беше […]

Бразилската полиција уби 25 осомничени за кои се тврди дека биле дел од банда за грабеж на банки


Властите во бразилската држава Минас Жераис соопштија дека се убиени најмалку 25 лица осомничени за грабеж на неколку банки во регионот. Во еден судир меѓу полицијата и банда убиени се 18 лица, а во друг седум, пренесува Гардијан. – Оваа операција … ќе влезе во историјата, изјави за локалното радио секретарот за државна безбедност на […]

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус


Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим. Тој денеска ќе пристигне во Глазгов на самитот на ОН за климата. Портпаролката го откажа своето патување откако дозна дека членовите на нејзиното домаќинство биле позитивни на коронавирус, […]