БофА предвидува центата на барел нафта да се искачи до 120 долари


Референтната меѓународна цена на нафтата Брент ќе достигне 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година, се наведува во анализата на Банка на Америка (Bank of America BofA). Катализатор за зголемената прогноза за цените на нафтата според БофА е актуелната светска енергетска криза, поради која цените на суровата нафта, јагленот, природниот гас и […]

Што досега донесе климатската конференција во Глазгов?


Со договорите за метан и против уништувањето на шумите, климатската конференција во Глазгов нуди надеж по песимистичкиот почеток, пишува Њујорк Тајмс. Светските лидери собрани во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени. Во исто време, до крајот на конференцијата […]

Поранешен полицаец е втор Афроамериканец кој ќе биде на чело на Њујорк


Демократот Ерик Адамс, кој е поранешен полицаец и борец против расната дискриминација, победи на изборите за градоначалник на Њујорк. Во кампањата 61-годишниот демократ го победи републиканскиот ривар Куртис Силв со голема разлика во гласовите со што стана вториот Афроамериканец кој ќе биде градоначалник на Њујорк. Адамс е 110-ти градоначалник на Њујорк, а втор Афроамериканец избран […]

САД почнува со вакцинирање против Ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, откако американската Агенција за лекови ја одобри вакцината за таа возрасна група кон крајот на минатата недела. На тој начин 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право […]

Силен земјотрес регистриран во Чиле


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Валпараисо во Чиле рано изутринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 112 километри, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 93 километри североисточно од главниот град Сантијаго, каде живеат околу 4,8 милиони луѓе. Засега нема други информации за […]

Бајден ги критикуваше Кина и Русија дека не направиле повеќе за решавање на климатската криза


Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Кина и Русија дека не направиле повеќе за решавање на климатската криза. -Се појавивме и влијаевме на тоа како остатокот од светот гледа на Америка и нејзините лидери. Тоа е огромен проблем и тие ја свртеа главата oд него. Како можат да го направат тоа и да се нарекуваат […]

Фејсбук го укинува системот за препознавање лица


САД – Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија. – Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на […]

Директорот на ЦИА се сретна со директорот на руската безбедносна служба во Москва


Русија – Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“. За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата. Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, […]

Во Хаг е отворен народен трибунал кој ќе истражува убиства на новинари ширум светот


Холандија – Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот. Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети. […]

Речиси 100 држави ќе го намалат метанот и ќе го забават затоплувањето за 0,3 степени


САД и ЕУ денеска во Глазгов го претставија глобалното ветување за намалување на метанот, потпишано од речиси сто држави, кое до 2030 година треба да го запре глобалното затоплување за 0,3 степени. Глобалното ветување со кое државите се обврзуваат на намалување од 30 проценти до 2030 година го потпишаа половина од 30-те најголеми емитери на […]

Зошто Орбан пумпа милиони во странство?


Стотици и стотици милиони евра владата на Орбан им дава на Унгарците што живеат во околните држави. Тие добија и унгарски пасоши за да можат да гласаат на изборите   Унгарската влада секоја година испраќа милиони евра во соседните земји со унгарско малцинство. Според аналитичарите, намерата на Орбан е да купи гласови на Унгарците кои […]

Најмалку 19 луѓе загинаа во експлозиите во Кабул


ајмалку 19 луѓе загинаа, а 50 се повредени во двете експлозии што се случија во близина на воената болница во главниот град на Авганистан, Кабул. Според очевидците по експлозиите се слушнале и истрели. Сѐ уште не се познати причините за експлозијата во близина на болницата „Сардар Мохамад Дауд Кан“.

Застрелан додека викал: „Франција е под контрола на ИСИС“


  Напаѓач вооружен со мож, убиен е денеска од страна на обезбедувањето на железничката станица „Сент Лазар“ во Париз. Обезбедувањето, претходно го сопрело напаѓачот поради непочитување на антиковид протоколите. Напаѓачот извлекол нож и почнал да вика: „Франција е под контрола на Исламска држава“. Тогаш чуварот го извлекол пиштолот и го застрелал, пренесуваат француските медиуми.

Првиот снег во Австрија направи проблеми на автопатат Германија-Италија


Првиот снег кој падна за време на ноќта, предизвикал утринава хаос и затворање на автопатот кој води низ преминот Бренер на западот од Австрија. Иако од 1 ноември е задолжителна обрвската за носење зимски гуми во случај на снег и лед, многу возачи и натаму користат летни гуми. Ова довело до лизгање и блокирање на […]

Руски феномен: Политичар примил шест ковид-вакцини


Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски објави дека досега примил вкупно шест дози вакцини против коронавирусот. – Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против корона вирус. Првата доза „Спутник В“ ја примив на почетокот на септември 2020 година, изјави Жириновски, нагласувајќи дека досега примил шест дози против Ковид-19. По неколку […]

Во Чешка најмногу заболени во еден ден


Чешка на 1 ноември забележа 7.591 нови случаи со ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата, јави шекото радио. На истиот ден лани, биле забележани 4.277 новозаразени, потсетува Ројтерс. Во оваа земја која има 10,7 милиони жители, во болница се лекуваат 1.813 луѓе од Ковид-19, а 284 се на интензивна нега. […]

Заразен со корона вирус почина за време на авионски лет


Посадата на еден патнички авион, кој летал од Истанбул, Турција до Хамбург, Германија, при слетувањето открила дека починал еден патник, за кој се покажало дека е заразен со корона вирус. откако сите патници на авионот го напуштиле леталото по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на своето место, според пишувањето на „Велт“, а […]

(Видео) Најмалку 6 лица загинаа, а околу 100 се заробени под урнатините на зграда во Лагос


Најмалку шест лица загинаа, а околу 100 се водат како исчезнати откако вчера се урна зграда во изградба во најголемиот град во Нигерија, Лагос, соопшти шефот на државната служба за вонредни состојби. Тој рече дека сите расположливи сили во моментов се на терен, дека досега се констатирани шест смртни случаи, четири лица се спасени, а […]

Израелска министерка не можеше да присуствува на ЦОП26 бидејќи немало соодветен пристап за инвалидска количка


Израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека нема да учествува на денешниот Самит во Глазгов, доколку не се обезбеди соодветен пристап за министерката во неговата Влада која е во инвалидска количка, јави Би-Би-Си. Израелската министерка за енергетика Карин Елхарар на својот налог на Твитер напиша дека не можела да присуствува на вчерашниот состанок бидејќи немало соодветен […]

Џеф Безос вети две милијарди долари за намалување на ерозијата на почвата


„Фондот за Земјата“, создаден од основачот на технолошкиот гигант Амазон, Џеф Безос, вети две милијарди долари за борба против климатските промени преку обнова и трансформирање на земјоделските системи. „Нашата посветеност поддржува троен императив – ние имаме должност да го зачуваме она што го имаме, да го вратиме изгубеното и да гледаме на она што ни […]