Велика Британија го одобри молнупиравир лекот против коронавирусот


Велика Британија е првата земја во светот која ја одобри употребата на антивирусни пилули кои би можеле да помогнат во борбата против пандемијата. Регулаторното тело  MHRA го одобри молнупиравир за орална употреба веднаш по позитивен тест или до пет дена по почетокот на симптомите. Ова е првиот некогаш одобрен орален антивирусен лек за Ковид 19, […]

Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата


Емисиите на јаглерод диоксид се приближија до нивоата од пред пандемијата на корона вирусот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено денеска, а во која се посочува дека емисиите од јаглен и природен гас се зголемуваат во енергетскиот и индустрискиот сектор, додека емисиите од транспортот останаа на ниско ниво. -Очекувавме одредено зголемување. Тоа што не изненади […]

(Видео) Тинејџер застрелан во главата додека чекал школски автобус


  Ученик на возраст од 16 години во вторникот утрото бил застрелан во главата додека чекал автобус за в училипте, соопшти локалната полиција. Поручникот Џ.О. Паркер во Џорџија, вели дека полицајците пристигнале во населбата во 6.30 утрото, по дојава за пукање и дете кое лежи на улица. Паркер појасни дека 17-годишен ученик му пришол на […]

УНХЦР бара од владите да го забрзаат напредокот и да ги решат проблемите на лицата без државјанство во светот


Повеќе дела се потребни за да се решат проблемите на милионите лица во светот кои сè уште се без државјанство, соопшти денеска УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, по повод одбележувањето на седумгодишнината од почетокот на кампањата #ЈасПрипаѓам, за ставање крај на бездржавјанството. Високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди вели дека значителен напредок е постигнат […]

Колкав е морталитетот од Ковид кај невакцинираните, а колкав кај вакцинираните?


Веројатноста невакцинираните да починат од последиците на Ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето кои се вакцинирани со две дози, покажаа резултатите од новата британска студија. „Стапката на морталитет од Ковид е значително пониска меѓу вакцинираните со две дози во споредба со оние кои се вакцинирани само со една доза или воопшшто не […]

На невакцинираните им делат откази и ги праќаат на неплатено отсуство


  Канадските работодавачи отпуштаат или ги праќаат на неплатено отсуство работниците кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19. Невакцинираните работници во Канада, во која повеќе од 83 отсто од граѓаните постари од 12 години примија вакцина, ги затврупаа адвокатите со барања, пренесе Ројтерс. Авио-компанијата „Ер Канада“ и „Вестџет“, во кои повеќе од 90 отсто од […]

На Вселенскиот патријарх Вартоломеј во болница во Њујорк му е вграден стент


На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми. Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека […]

Семејно насилство во САД: Дошол, убил жена, па се вратил и убил уште две


Најмалку три жени се убиени, а две ранети во пукање во средата во градот Норфолк, во американската сојузна држава Вирџинија. Претставник на полицијата соопшти дека веројатно се работи за семејно недоразбирање, пренесе Ју-ес-еј тудеј. Осомничениот прво застрелал една жена, а потоа избегал. Кога ќетирите жени останале сами се обиделе да ѝ помогнат на жртвата, но […]

Израелскиот Кнесет изгласа буџет за првпат од март 2018, избегнaти нови избори


Израелскиот Парламент (Кнесетот) доцна синоќа го одобри предложениот буџет на владата, избегнувајќи ја потребата од нови избори, јави ДПА. Израелскиот Кнесет го усвои државниот буџет за 2021 година со 61 глас „за“ од вкупно 120 пратеници. Со оваа тесна одлука Израел доби нов буџет за првпат од март 2018 година, јави весникот „Џерусалем пост“. Буџетот […]

Преговорите за иранскиот нуклеарен договор ќе продолжат на 29 ноември во Виена


Преговорите за спас на иранскиот нуклеарен договор со светските сили ќе продолжат на 29 ноември во Виена, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Состанокот на мешовитата комисија ќе се одржи во физички формат на 29 ноември во Виена, се наведува во соопштението. Со заедничката комисија во име на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ќе претседава заменик […]

Судењето на принцот Ендрју за сексуално злоставување малолетничка почнува следната година


САД– Американскиот окружен судија Луис Каплан денеска изјави дека британскиот принц Ендрју треба следната година да биде подготвен за судската постапка по обвинението дека сексуално ја злоставувал Вирџинија Џуфри, во период кога таа имала помалку од 18 години и кога, како што тврди, била злоставувана од сега починатиот бизнисмен Џефри Епштајн. Каплан очекува судењето по […]

Вселенскиот патријарх Вартоломеј по вторпат во болница во текот на престојот во САД


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска повторно ќе биде прегледан во болница во Њујорк, што е негово второ заминување во болница од почетокот на неговата 12-дневна посета на САД. Патријархот Вартоломеј денеска треба да биде примен во болницата Маунт Синај на Менхетен на анализа на крвните садови, соопшти Грчката православна архиепископија во САД. Треба да се […]

Морничава порака на добитникот на Нобелова награда за мир


  Премиерот на Етиопија Аби Ахмед вети: „Ќе ги погребаме непријателите со нашата крв“, по повод една година од почетокот на војната во Туграј. Ахмед зборуваше еден ден по прогласувањето вонредна состојба во земјата, а силите на Тиграј се заканија со поход на престолнината, потсетува Ројтерс. „Јамата што е ископана ќе биде многу длабока, таму […]

„Њујорк тајмс“ го надмина прагот од милион претплатници во странство


САД – Весникот Њујорк тајмс го надмина прагот од милион претплатници во странство на своето дигитално издание, соопшти денеска извршниот директор Мередит Копит Левиен, која сè уште гледа простор за раст на дневниот весник во САД. . Меѓу јули и септември годинава весникот добил дополнителни 455.000 дигитални претплатници и сега има 8,38 милиони претплатници, од кои […]

Европа е единствениот регион во светот каде расте бројот на заразени од коронавирус


Швајцарија – Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со коронавирус, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на Обединетите нации наведува дека бројот на нови случаи се зголемил за шест проценти во Европа, во споредба со „скокот“ од 18 проценти регистриран минатата недела. „Неделните […]

Германската ЦДУ за прв пат ќе им дозволи на членовите да го бираат новиот лидер


Германските демохристијани (ЦДУ) во вторникот објавија дека ќе ја прекршат традицијата и за првпат ќе им дозволат на сите членови на партијата да имаат збор во изборот на нов лидер по претрпениот пораз на националните избори во септември. „Сега се на ред членовите“, рече генералниот секретар на ЦДУ Пол Зиемјак на прес-конференцијата на која ја […]

СЗО ја одобри индиската вакцина


Светската здравствена организација даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против корона вирус „коваксин“. Лекот го разви индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со Националниот институт за вирусологија во Пуна. „Техничката советодавна група, која ја свика СЗО и е составена од трегулаторни стручњаци од целиот свет, утврди дека вакцината „коваксин“ ги исполнува стандардите на […]

Шведска: Паднал од седми кат и усмртил друг на концерт на АББА


Две лица загинаа, а едно е повредено денеска во концертната сала во шведскиот град Упсала, кога еден од нив паднал врз двајца гледачи на концерот, од седми кат, соопшти полицијата. Илјада гледачи се собрале во концертната сала во Упсала, која е модерна висококатница, каде требаше да се одржи концерт во чест на познатата шведска поп-група […]

Убиен талибански водач


Шефот на талибанските воени сили во Кабул, Хамдула Мохлис е една од жртвите на нападот на џихадистите од Исламска држава на воената болница во Кабул. Командантот Мохлис беше член на мрежата Хакани, која САД ја означија како терористичка и шеф на талибанските специјални сили наречени „Бадри 313“. Тој е највисок талибански функционер убиен во Авганистан […]

Исчезнатото 4-годишно девојче во Австралија, пронајдено по 18 дена – уапсен киднаперот


Клео Смит, четиригодишното девојче исчезна на 16 октомври од семејниот шатор во кампот „Куба боухолс“, во близина на Карнарвон на северот од Западна Австралија. Австралиската полиција објави дека го пронашла четиригодишното девојче живо и здраво по 18 дена потрага. Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж […]